Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

Фото: Независен весник
Известуваат 28 медиумиПрв објави Независен весник · · последен

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија.

Клучни точки

  • Бугарските власти запреле увоз на речиси 20 тони јаболка од Македонија, откако контролите покажале присуство на остатоци од пестициди над дозволените вредности. [Press24]
  • Поради утврдените отстапувања од безбедносните стандарди, пратката нема да биде пуштена на бугарскиот пазар, туку ќе биде вратена во Македонија. [Телма]
  • Пратката била откриена во рамки на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува за увезеното свежо овошје и зеленчук во Бугарија. [еМагазин]
Прочитај на Независен весник

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 19 — Независен весник, Press24, А1он, Фокус, Нова Македонија, 360 степени, Локално, МКД.мк, 4NEWS, Телма, Булевар, Скопје1, ТРН
  • 19350 — еМагазин

Сите извештаи (28)

  1. Независен весникпрв

    Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

    Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија. Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски…

  2. Плусинфо

    МАКЕДОНСКИ ЈАБОЛКА ЗАПРЕНИ НА БУГАРСКАТА ГРАНИЦА Анализите покажале недозволени остатоци од пестициди

    Бугарската агенција за безбедност на храната утврдила дека пратката од 19.350 килограми не ги исполнува законските безбедносни стандарди, поради што ќе биде вратена во Македонија.

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  3. Press24

    Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка – Откриени пестициди над дозволеното

    Бугарските власти запреле увоз на речиси 20 тони јаболка од Македонија, откако контролите покажале присуство на остатоци од пестициди над дозволените вредности. Станува збор за пратка тешка 19.350 килограми, за која Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) донела одлука да не ѝ дозволи влез на бугарскиот пазар. Јаболката ќе бидат вратени во земјава. Од ...

  4. А1он

    Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

    Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забрани влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажаa ниво на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија. Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци...

    Речиси идентичен текст
  5. Фокус

    Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

    Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи...

    Речиси идентичен текст

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.