Полицијата открила втора локација поврзана со убиството на Цетиње, се трага по најмалку двајца извршители

Фото: Булевар
Известуваат 3 медиумиПрв објави Скопје1 · · последен

Преглед

Црногорската полиција, во рамките на истрагата за убиството на Милош Ѓуричковиќ (56) на Цетиње, открила и второ место поврзано со злосторството.

Прочитај на Скопје1

Клучни точки

  • На локацијата било пронајдено запалено возило со две пушки оштетени од пожарот, за кои истражителите се сомневаат дека биле користени при убиството. [Булевар]
  • Милош Ѓуричковиќ (56) е убиен во автомобил во Бајице, населба на периферијата на Цетиње, а полицијата се сомнева дека во нападот непосредно учествувале најмалку две лица. [Рацин]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Цетиње

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (3)

  1. Скопје1прв

    Полицијата открила втора локација поврзана со убиството на Цетиње, се трага по најмалку двајца извршители

    Црногорската полиција, во рамките на истрагата за убиството на Милош Ѓуричковиќ (56) на Цетиње, открила и второ место поврзано со злосторството. Таму било пронајдено запалено возило во кое имало две пушки оштетени од пожарот.Според досегашните сознанија на истражителите, постои сомнеж дека возилото и оружјето биле користени при извршувањето на убиството.Од Управата на полицијата соопштија дека…

  2. Булевар

    ВИДЕО | УБИЕН ПРИПАДНИК НА ШКАЉАРСКИОТ КЛАН: Откриена втора локација, пронајдени запалено возило и две пушки

    Црногорската полиција откри втора локација поврзана со убиството на 56-годишниот Милош Ѓуричковиќ, кој беше убиен во местото Бајице, во близина на Цетиње. На локацијата било пронајдено запалено возило со две пушки оштетени од пожарот, за кои истражителите се сомневаат дека биле користени при убиството. Според првичните полициски сознанија, во злосторството учествувале најмалку две лица како ...

  3. Рацин

    Убиен Ѓуричковиќ кај Цетиње, пронајден запален автомобил со пушки

    Милош Ѓуричковиќ (56) е убиен во автомобил во Бајице, населба на периферијата на Цетиње, а полицијата се сомнева дека во нападот непосредно учествувале најмалку две лица. Во потрагата е пронајден запален автомобил со две пушки, за кои се проверува дали биле употребени во убиството. Пронаоѓањето на телото било пријавено во саботата, 21 ноември, околу 10.30 ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.