НАТО го откажа самитот во Тирана во 2027 година

Известуваат 8 медиумиПрв објави Независен весник · · последен

Преглед

Непријатен удар за албанскиот премиер Еди Рама како последица од повеќемесечните протести против неговата влада: НАТО се откажа од одржувањето на самитот во Тирана во 2027 година. Тоа денеска во Даблин, од самитот на Европската политичка заедница, го објави премиерот Рама, пренесе Ројтерс.

Прочитај на Независен весник

Клучни точки

  • Одлуката доаѓа во период на несогласувања во Алијансата околу зачестеноста на самитите, издвојувањата за одбрана и односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. [Рацин]
  • НАТО нема да го одржи планираниот самит во Албанија во 2027 година, потврди албанскиот премиер Еди Рама, посочувајќи дека членките на Алијансата сѐ уште немаат постигнато согласност за датумот на следната средба на највисоко ниво. [Булевар]
  • Албанија нема да биде домаќин на самитот на НАТО во 2027 година, иако претходно беше најавено дека состанокот на лидерите на Алијансата ќе се одржи во Тирана. фото [Скопје Инфо]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

Сите извештаи (8)

  1. Независен весникпрв

    НАТО го откажа самитот во Тирана во 2027 година

    Непријатен удар за албанскиот премиер Еди Рама како последица од повеќемесечните протести против неговата влада: НАТО се откажа од одржувањето на самитот во Тирана во 2027 година. Тоа денеска во Даблин, од самитот на Европската политичка заедница, го објави премиерот Рама, пренесе Ројтерс. „Проблемот е што сѐ уште не постои заеднички став за тоа ...

  2. Плусинфо

    НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА ВО 2027 ГОДИНА Рама сепак очекува следниот самит во 2028 да биде во Албанија

  3. Скопско Ехо

    Рама: НАТО нема да одржи самит во Албанија во 2027 година

    НАТО нема да го одржи планираниот самит во Албанија во 2027 година, соопшти албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи...

  4. Инфомакс

    НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама убеден дека ќе дојдат наредната година

    НАТО се откажа од одржувањето на самитот во Тирана во 2027 година, соопшти денеска во Даблин премиерот на Албанија, Еди Рама, кој учествува на самитот на Европската политичка заедница. – Проблемот е што сѐ уште не постои заеднички став за тоа кога ќе се одржи самитот, но сигурно нема да биде во 2027 година. А ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  5. Рацин

    Зошто НАТО нема да одржи самит во Тирана во 2027 година?

    Самитот на НАТО, кој требаше да се одржи во Тирана во 2027 година, нема да се одржи во претходно планираниот термин, потврди албанскиот премиер Еди Рама. Одлуката доаѓа во период на несогласувања во Алијансата околу зачестеноста на самитите, издвојувањата за одбрана и односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Говорејќи во Даблин, каде што ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.