Голема полициска акција во БиХ, на мета воениот командмант Насер Ориќ и поранешна пратеничка

Фото: Рацин
Известуваат 6 медиумиПрв објави Рацин · · последен

Преглед

Поранешниот воен командант на Сребреница, Насер Ориќ, и поранешната пратеничка во Народното собрание на Република Српска, Николина Шљивиќ, се опфатени со голема полициска акција што утрово се спроведува во Босна и Херцеговина. Во акцијата учествуваат припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска и други полициски служби.

Прочитај на Рацин

Клучни точки

  • Министерството за внатрешни работи на Република Српска во соработка со Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина денеска уапси пет лица под сомнеж дека му помагале во криењето на бегалецот Ѓорѓе Ждрале, водач на една од криминалните групи во регионот Сараево. [Проверено]
  • Насер Ориќ, поранешен командант на силите на Армијата на Босна и Херцеговина во областа на Сребреница, беше уапсен денес во областа Олово, како дел од голема полициска операција што се спроведува низ цела Босна и Херцеговина. [Независен весник]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Насер ОриќБиХСребреница

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. Рацинпрв

    Голема полициска акција во БиХ, на мета воениот командмант Насер Ориќ и поранешна пратеничка

    Поранешниот воен командант на Сребреница, Насер Ориќ, и поранешната пратеничка во Народното собрание на Република Српска, Николина Шљивиќ, се опфатени со голема полициска акција што утрово се спроведува во Босна и Херцеговина. Во акцијата учествуваат припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска и други полициски служби. ...

  2. Скопје1

    Голема полициска акција во БиХ: На удар е поранешен командант од Сребреница, осомничен дека криел бегалец по обид за убиство

    Припадници на СИПА и на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, со поддршка на други полициски агенции, од утрово спроведуваат координирана акција на повеќе локации низ Босна и Херцеговина. Акцијата е насочена кон лица осомничени дека му помагале на избеганиот Ѓорѓе Ждрала да се крие од органите на прогонот, објави порталот „Истрага.ба“.Меѓу лицата опфатени со истрагата е и Насер…

  3. Проверено

    Насер Ориќ уапсен за помагање во бегство на криминален бос

    Министерството за внатрешни работи на Република Српска во соработка со Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина денеска уапси пет лица под сомнеж дека му помагале во криењето на бегалецот Ѓорѓе Ждрале, водач на една од криминалните групи во регионот Сараево. Меѓу уапсените е и некогашниот воен командант на Армијата на БиХ, ...

  4. Независен весник

    Уапсен Насер Ориќ, поранешен командант на силите во Сребреница

    Насер Ориќ, поранешен командант на силите на Армијата на Босна и Херцеговина во областа на Сребреница, беше уапсен денес во областа Олово, како дел од голема полициска операција што се спроведува низ цела Босна и Херцеговина. Во истата акција, во Источно Сараево, беше уапсена и поранешната пратеничка Николина Шљивиќ. Припадници на Агенцијата за истраги ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  5. ТРН

    Уапсени Насер Ориќ и поранешната пратеничка Николина Шљивиќ

    Насер Ориќ и поранешната пратеничка Николина Шљивиќ се меѓу тројцата уапсени во полициска акција на повеќе локации во Босна и Херцеговина. СИПА потврди дека Ориќ е уапсен во областа Олово, а Шљивиќ во Источно Сараево. Што се истражува во случајот со Ѓорѓе Ждрале? Акцијата е насочена кон лица осомничени дека му помагале на Ждрале да ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.