Извори

24часа

24chasa.mk (се отвора нов таб)порталмакедонскијавен RSS канал161 извештаи / 7 дена

Посети го сајтот

Настани со извештаи од 24часа

Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат — отвора на Press24

Повеќе од половината домаќинства во Македонија немаат деца, а нивниот удел во вкупниот број во 2025 година достигнал 66,1 процент. Од друга страна, 33,9 проценти од домаќинствата имале издржувани деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата. Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без ...

„Честитки, драг мој Тимчо“: Грчкиот министер со пофалби за напредокот на Македонија кон ЕУ — отвора на Press24

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на Северна Македонија во повеќе области, посебно издвојувајќи ја дигиталната трансформација, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија и реформите во јавната администрација. „Северна Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области, особено во дигиталната…

Андоновски ќе го презентира напредокот на Македонија во индексот на ОН за е-влада — отвора на Бизнис вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес, 23 ноември, ќе одржи прес-конференција на која ќе го презентира напредокот на Македонија во Индексот на Обединетите нации за развој на е-влада за 2026 година. Индексот на ОН за развој на е-влада (EGDI) ја оценува подготвеноста и капацитетите на државите за обезбедување дигитални јавни услуги, како и развојот ...

Муцунски се сретна со новата шефица на унгарската дипломатија: Поддршка од Будимпешта за европскиот пат на Македонија — отвора на 24часа

Тимчо Муцунски се сретна со Анита Орбан во Атина. Разговарале за билатералните односи, проширувањето на ЕУ и регионалната безбедност.

ЗНМ ги осудува заканите по живот упатени до новинарот Кристијан Ландов и бара итна истрага — отвора на Скопје1

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува заканите по живот упатени до новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи. Според информациите што ЗНМ ги доби од новинарот, заканите започнаа по објавувањето на епизодата од неговиот подкаст „Претрес“ посветена на неодамнешниот инцидент во Охрид“, велат од ЗНМ. Тие додаваат:Во коментар на Фејсбук, профилот „Ivica Misajle“ му…

Променливо и ветровито време, дожд и снег на повисоките места — отвора на Скопје1

Промена на времето се очекува во текот на ноќта, кога врнежите од дожд од западните делови ќе се прошират низ целата земја. Со продорот на постудена воздушна маса, на повисоките места дождот ќе преминува во снег, додека на планините ќе врне снег.Ќе дува засилен, повремено и силен ветер, кој на моменти ќе надминува 70 километри на час. Претпладне ќе биде од западен, а попладне од северен…

Брисел во понеделник останува без повеќето летови — отвора на Рацин

Повеќето полетувања и слетувања на бриселскиот аеродром „Завентем“ ќе бидат откажани утре, 23 ноември, поради националната синдикална акција во Белгија. Во протестот ќе учествува и дел од персоналот на контролата на летање „Скајс“, а нарушувања се најавени и во јавниот превоз. Аеродромските власти ги повикаа патниците да ги следат известувањата од авиокомпаниите, кои директно ќе ...

Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, уапсен 46-годишник — отвора на Скопје1

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, дознава „Скопје1“.Според информациите до кои дојде „Скопје1“, писмото било пронајдено од вработените во канцеларијата на 18 ноември, по што случајот бил пријавен во полиција во 9:50 часот.Содржината на писмото засега не…

Почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски – Бошко Ремис — отвора на Скопје1

По кратко боледување, денеска, на 63-годишна возраст, почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски, во јавноста познат како Бошко Ремис.Илоски е роден на 23 јануари 1963 година, а зад себе остава долгогодишна успешна деловна кариера, особено во градежништвото и туризмот.Тој беше добро познат во Охрид и пошироко по својата градежна компанија „Ремис“, а значаен белег остави и во…

Камерите на „Сејф сити“ се користат во истрагата за убиството кај Смилковското Езеро — отвора на Скопје1

Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај Смилковци е насочена и кон снимките од камерите на системот „Сејф сити“ поставени на повеќе клучки долж скопската обиколница. Се проверува дали на снимките може да се забележат сомнителни возила поврзани со убиството, потврдија од истрагата за Телма.Според првичните информации, автомобилот „мерцедес“ на жртвата се упатил кон клучката каде што се…

(ВО ЖИВО) 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“ — отвора на 24часа

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја одржи 35-та годишна конференција под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на конференцијата ќе се обратат претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески.

МПЦ на средба со промоторот на руската „света војна“ во Украина — отвора на Независен весник

Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот Хераклејски Климент, пренесува „Религија“. Средбата се одржала на 21 ноември во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир во Москва, за време на посетата на македонските архиереи по повод 80-тиот роденден на рускиот…

„One Stop Shop“ на ГП Ќафасан — отвора на Проверено

На граничниот премин Ќафасан од денес ќе се применува интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ (едношалтерска гранична контрола). Со „One Stop Shop“ патниците, возилата и стоката поминат низ заедничка гранична контрола на едно место, наместо да застануваат двапати — на излезната и на влезната страна од границата. Системот е наменет за намалување на гужвите на ...

Од редовна обука во вистинска спасувачка акција: Евакуиран тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија — отвора на 24 Инфо

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука — отвора на 24 Инфо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на албанската заедница по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука. „Почитувани сограѓани Албанци, 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука. Конгресот во Битола од ...

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема — отвора на Нова Македонија

Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема од пред една година, резултатот е добар имајќи ја предвид економската состојбата во регионот и во светот, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Делчево. – Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика објави податоци за септември за просечната нето-плата. Реалната нето-плата ...

Бојан Матановиќ, осомничен член на кланот „Шкаљари“, уапсен во Хрватска — отвора на Проверено

Албанскиот државјанин Бојан Матановиќ (34), кого полицијата го поврзува со црногорскиот клан „Шкаљари“, е уапсен на загрепскиот аеродром „Фрањо Туѓман“ врз основа на потерница од Интерпол издадена од Црна Гора. Тој се сомничи дека му помогнал на извршителот во убиството на Саша Кликовац – наводен член на ривалскиот клан „Кавачи“ – кое се случило во ...

Словенија се повлекува од Евровизија 2027: Финансиски проблеми ја спречуваат земјата да учествува — отвора на 24часа

Словенија се повлекува од Евровизија 2027 поради ограничен буџет на јавниот сервис. Македонија се враќа, а Канада ќе дебитира на натпреварот.

Почина легендарен голгетер, двократен освојувач на „Златната копачка“ — отвора на Спортманија

Трагична вест го потресе романскиот фудбал, во стан во Торонто пронајден е мртов 76-годишниот Дуду Георгеску, еден од најголемите голгетери кои ги имала Романија. Според неофицијални информации, има сомнежи дека бил убиен. Во извештај од полицијата во Канада, се спомнува дека возрасен маж бил избоден до смрт во стан во Торонто, а осомничена е жена ...

Адвокат сподели снимки од тепачка пред клуб во Битола, обвинува: Претепаниот е во притвор, а напаѓачите на слобода? — отвора на Скопје1

Адвокатот и советник во Советот на Општина Прилеп од редовите на Левица, Жаре Стеваноски, преку објава на социјалните мрежи реагираше на судски случај поврзан со физички напад врз младо лице пред ноќниот клуб „Расчекор“ во Битола.Според тврдењата на Стеваноски, инцидентот се случил на 26 септември 2026 година, околу 01:00 часот по полноќ, кога група млади лица физички го нападнале младиот ДЈ…