Ким Џонг Ун го менува знамето на Северна Кореја за прв пат по 78 години

Фото: Независен весник
Известуваат 6 медиумиПрв објави Независен весник · · последен

Преглед

Северна Кореја го промени изгледот на своето национално знаме за прв пат по 78 години. Лидерот Ким Џонг Ун одлучи да ги промени неговите пропорции, напуштајќи го обликот на знамето што земјата го користеше од нејзиното основање во 1948 година, кога беше создадено со силно советско влијание.

Прочитај на Независен весник

Клучни точки

  • Ким Џонг Ун го смени знамето на Северна Кореја по 78 години Александра Спасеска 14.11.2026 / 13:25 Свет Северна Кореја го измени Уставот и ги промени пропорциите на своето државно знаме, првпат од воспоставувањето на режимот во 1948 година. [Кајгана]
  • Односот на висината и ширината од 1:2 е заменет со 1:1,65, а аналитичарите тоа го читаат како уште еден обид на Ким Џонг Ун да остави свој печат врз државните симболи. [Рацин]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:КорејаКим Џонг

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. Независен весникпрв

    Ким Џонг Ун го менува знамето на Северна Кореја за прв пат по 78 години

    Северна Кореја го промени изгледот на своето национално знаме за прв пат по 78 години. Лидерот Ким Џонг Ун одлучи да ги промени неговите пропорции, напуштајќи го обликот на знамето што земјата го користеше од нејзиното основање во 1948 година, кога беше создадено со силно советско влијание. Промената е потврдена со изменетиот Севернокорејски Устав, објавен ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Скопје1

    Северна Кореја првпат по 78 години го менува изгледот на државното знаме

    Северна Кореја за првпат по 78 години ги менува пропорциите на своето државно знаме, со одлука на лидерот Ким Џонг Ун. Со ова се напушта обликот што се користел од основањето на државата во 1948 година, во периодот кога Советскиот Сојуз имал силно влијание врз нејзиното создавање.Промената е потврдена во изменетиот Устав на Северна Кореја, објавен на официјалната државна интернет-страница…

  3. Кајгана

    Ким Џонг Ун го смени знамето на Северна Кореја по 78 години

    Ким Џонг Ун го смени знамето на Северна Кореја по 78 години Александра Спасеска 14.11.2026 / 13:25 Свет Северна Кореја го измени Уставот и ги промени пропорциите на своето државно знаме, првпат од воспоставувањето на режимот во 1948 година. Промената е наведена во ревидираниот основен закон објавен на интернет-порталот Naenara. Според членот 166 од изменетиот Устав, односот меѓу висината и…

  4. Журнал

    (Фото) Ким Џонг Ун го промени знамето на Северна Кореја по 78 години

    Северна Кореја го измени Уставот и ги промени пропорциите на своето државно знаме, првпат од воспоставувањето на режимот во 1948 година. Промената е наведена во ревидираниот основен закон објавен на интернет-порталот „Наенара“. Според членот 166 од изменетиот Устав, односот меѓу висината и ширината на знамето сега изнесува еден спрема 1,65, наместо досегашниот еден спрема два, ...

    Исто како текстот на
  5. Рацин

    Ким Џонг Ун го промени знамето на Северна Кореја по 78 години, останува руското советско наследство

    Северна Кореја ги промени пропорциите на националното знаме за првпат од основањето на државата во 1948 година. Односот на висината и ширината од 1:2 е заменет со 1:1,65, а аналитичарите тоа го читаат како уште еден обид на Ким Џонг Ун да остави свој печат врз државните симболи. Промената е запишана во членот 166 од ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.