Уапсен поранешниот српски министер за економија

Фото: Независен весник
Известуваат 13 медиумиПрв објави Независен весник · · последен

Преглед

Поранешниот српски министер за економија Раде Баста е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение дека, додека бил директор на јавното комунално претпријатие „Белградски електрани“, ја оштетил компанијата за десетици милиони динари, потврди РТС.

Прочитај на Независен весник

Клучни точки

  • Баста е уапсен од припадници на Службата за сузбивање корупција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград. [Инфомакс]
  • Поранешниот министер за економија на Србија, Раде Баста, е уапсен утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и оштетување на јавното претпријатие „Београдске електране“ за десетици милиони динари, јавуваат српските медиуми. [Рацин]
  • Поранешниот министер за стопанство на Србија, Раде Баста е уапсен денеска во Белград, јави порталот Нова.рс. [Проверено]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Раде Баста

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ЈОПоранешниот српски министер Баста уапсен за неосновано делење донации во вредност од речиси 120.000 евра[Проверено]

Сите извештаи (14)

  1. Независен весникпрв

    Уапсен поранешниот српски министер за економија

    Поранешниот српски министер за економија Раде Баста е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение дека, додека бил директор на јавното комунално претпријатие „Белградски електрани“, ја оштетил компанијата за десетици милиони динари, потврди РТС. Баста е осомничен дека одобрувал донации без оправдана основа за разни спортски клубови, вклучувајќи помали фудбалски и ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Инфомакс

    Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во Белград – осомничен за злоупотреби од десетици милиони динари

    Поранешниот министер за економија и поранешен директор на „Белградски електрани“, Раде Баста, утрово е уапсен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдија за РТС од српското обвинителство. Баста е уапсен од припадници на Службата за сузбивање корупција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој е осомничен дека во периодот додека раководел со јавното претпријатие ...

  3. Рацин

    Зошто е уапсен Раде Баста, поранешниот српски министер за економија?

    Поранешниот министер за економија на Србија, Раде Баста, е уапсен утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и оштетување на јавното претпријатие „Београдске електране“ за десетици милиони динари, јавуваат српските медиуми. Според информациите на српските медиуми, апсењето е извршено по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, во…

  4. Проверено

    Уапсен поранешниот српски министер за стопанство Раде Баста

    Поранешниот министер за стопанство на Србија, Раде Баста е уапсен денеска во Белград, јави порталот Нова.рс. Поранешниот министер Баста и неколку други лица се уапсени во голема полициска акција по наредба на белградското Вишо јавно обвинителство. Идентитетот на другите приведени лица и нивниот број засега не се познати. Тие се осомничени дека „пумпале“ пари од ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  5. Фактор

    Уапсен поранешниот српски министер Раде Баста, според медиумите приведен на аеродром во Белград

    Поранешниот српски министер за економија Раде Баста е уапсен утрово, 11 ноември, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, под сомнение дека го оштетил јавното претпријатие „Београдске електране“ за десетици милиони динари. Апсењето е потврдено за Радио-телевизија Србија (РТС), додека „Блиц“ и „Информер“, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека бил приведен на…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.