Алта Груп

7 настани во последните 30 дена, од 12 медиуми

СДСМ бара истрага за Алта банка и посочува казна од 154.560 евра во Австрија — отвора на Рацин

СДСМ побара Јавното обвинителство да испита како Алта банка Белград добила согласност да ја преземе Стопанска банка Битола. Портпаролката Богданка Кузеска се повика на правосилната казна што австрискиот финансиски регулатор ФМА ѝ ја изрекол на матичната компанија на преземачот во 2024 година. ФМА на 25 септември 2024 година објавила дека ја казнила Алта Пеј Груп ...

СДСМ: Австриската ФМА ја санкционираше Алта Груп, а Мицкоски и Славески ѝ дадоа и банка и осигурителна компанија — отвора на Независен весник

Во 2024 година Алта Груп била правосилно санкционирана од австриската финансиска регулаторна агенција ФМА, а Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка, нагласи портпаролката и членка на Изрвшниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска ...

И менувачницата „Алта“ остана без дозвола, НБС ја казни со два милиони евра — отвора на Рацин

„Народната банка на Србија решително реагираше на утврдените сериозни и повеќекратни незаконитости во работењето на „Алта Груп“ доо Белград, овластена берза, со одземање на нејзината лиценца за вршење менувачки работи и изрекување казни во вкупен износ од 250.000.000 динари (околу два милиони евра) за правното лице и одговорното лице во правното лице“, соопшти НБС. Тимот ...

Централната банка на Црна Гора ѝ го одзеде правото на Алта пеј груп да пружа финансиски услуги во земјата — отвора на Независен весник

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) донесе одлука за одземање на овластувањето за обезбедување платни услуги на платната институција Алта Пеј Груп ДОО Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Ова го објави ЦБЦГ доцна вечерва ...

Народната банка на Србија ја одзеде и лиценцата на АЛТА ГРУП за издавање електронски пари — отвора на Независен весник

На денешната седница, Извршниот одбор на Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата за издавање електронски пари од електронската парична институција АЛТА ГРУП ДОО БЕЛГРАД, која вклучуваше обезбедување платни услуги, јавија медиумите во Србија. Одлуката е донесена како автоматска последица од одземањето на лиценцата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, откако беше оценето во ...

Спаиќ предупредува на опасност за Црна Гора: Под лупа врските на медиумите со М-тел и Алта групацијата — отвора на Либертас

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спаиќ, денеска изјави дека актуелните случувања во земјата и регионот ја потврдуваат сериозноста на информациите со кои располагаат домашните и партнерските безбедносни служби за можно хибридно дејствување. Неговото обраќање следува откако неговото движење „Европа сега“ (ПЕС) побара парламентот да ги испита врските на телевизиите со национална покриеност со М-тел…

Граѓани чекаат за повлекување пари пред Алта банка во Битола — отвора на 4NEWS