Атлантикот

25 настани во последните 30 дена, од 17 медиуми

Француската морнарица заплени полуподморница со кокаин во Атлантскиот Океан — отвора на Пулс24

Француската морнарица пресретна полуподморница без државјанство која превезуваше најмалку 146 килограми кокаин во Атлантскиот Океан во четврток, 12 ноември 2026 година. Ова беше прв пат француската...

Србија го раскинува договорот со зетот на Трамп — отвора на Инфомакс

Српската влада донела одлука за раскинување на договорот со компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за проектот на локацијата на Генералштабот во Белград. Во исто време, комплексот треба да го задржи статусот на културно наследство, наместо да биде урнат за изградба на луксузен хотелски и станбено-деловен комплекс. Договорот со компанијата „Атлантик ...

Србија го раскина договорот со компанијата на Џаред Кушнер за Генерал штабот во Белград — отвора на Рацин

Србија официјално го раскина договорот со компанијата „Atlantic Incubation Partners LLC“ на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за реконструкција на комплексот на Генерал штабот во Белград. Двете страни се откажаа од какви било идни финансиски побарувања, што треба да ја ослободи српската држава од ризикот од плаќање отштета до 50 милиони евра. ...

Танкер удри во закотвен речен крузер во Њу Орлеанс со 130 луѓе — отвора на Рацин

Танкерот „Атлантик Асфалт“ удри во закотвениот речен крузер „Американ Херитиџ“ во близина на пристаништето во Њу Орлеанс. На туристичкиот брод имало повеќе од 130 патници и членови на екипажот, а по ударот бродот примил вода и се превртел на страна, соопштија пристанишните власти и градските служби. Спасувачките екипи веднаш започанле акција за извлекување на луѓето ...

Моќен циклон од Атлантикот носи невреме на Балканот: Во Македонија ветер над 80 километри на час, температури до 24 степени и сахарска прашина — отвора на Фактор

Моќен циклон од Атлантскиот Океан ќе предизвика значителна промена на временските услови на Балканот во четврток и петок (12 и 13 ноември). Додека во делови од регионот се очекуваат обилни дождови, оркански ветрови, нагло заладување и снег, во Македонија ќе преовладува невообичаено топло време за овој период од годината, со температури до 24 степени, но и со силен ветер кој локално може да…

Руте: Русија месечно губи над 40.000 војници, колку САД за целата војна во Виетнам — отвора на Рацин

Русија секој месец губи повеќе од 40.000 загинати или тешко ранети војници во војната против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте на форумот „Атлантик фјучр“ во Осло. Првичните проценки на Алијансата покажуваат дека руските загуби во октомври би можеле да надминат 50.000 луѓе. Руте ги спореди месечните загуби на руската армија со вкупниот ...

Приказна за кралот на Мали кој отишол во Америка пред Колумбо — отвора на Кајгана

Приказна за кралот на Мали кој отишол во Америка пред Колумбо Филип Здравески 11.11.2026 / 19:52 Чек дис аут Дека еден крал на Малиското Царство отпловил преку Атлантикот - е вистина. За тао иам историски запис. Но, дали стигнал во Јужна Америка останува мистерија бидејќи никогаш не се вратил за да раскаже. Приказната потекнува од времето на Манса Муса, славниот крал на Мали, и неговиот аџилак во…

Од вторник пролетни температури во Македонија: Ќе се затопли до 20 степени, можна е и сахарска прашина — отвора на Фактор

Значително затоплување и температури повисоки од просечните за ноември се очекуваат во Македонија од вторник, 10 ноември. Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, во најтоплите делови од земјава температурите ќе достигнат до 20 степени, а потопло време се очекува и во целиот балкански регион. Причината за ваквата промена на времето е приливот на значително потопол воздух од Атлантикот…

Утре ноември ќе личи на пролет: Македонија се загрева до 20 степени! — отвора на Журнал

Под влијание на топол воздух од Атлантикот, денот среда (11 ноември) во Македонија ни носи променливо време со понатамошно зголемување на температурите на воздухот, како на утринските така и на дневните температури. Особено во западните предели ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет а ќе дува и слаб до умерен, а во западните предели ...

Редок документ од осигурувањето на „Титаник“ оди на аукција, проценет е до 50.000 фунти — отвора на ТРН

Оригинален документ за осигурување на „Титаник“, потпишан само неколку недели пред потонувањето на бродот, ќе биде понуден на аукција на 21 ноември во англискиот град Девизес. Аукциската куќа „Хенри Олдриџ и син“ ја проценува неговата вредност на меѓу 30.000 и 50.000 фунти. Станува збор за документ од архивата на осигурителната компанија „Атлантик мјучуал“, кој го ...

Температури над 20 степени, силен ветер и „валкан дожд“: Попоски најавува голема промена на времето во Македонија — отвора на Фактор

Значително затоплување, температури над 20 степени, силен јужен ветер и нови врнежи од дожд се очекуваат во Македонија во текот на втората недела од ноември, најавува метеорологот Славчо Попоски. Според неговата прогноза, во периодот од 9 до 16 ноември, под влијание на засилено јужно воздушно струење, на Балканот ќе пристигнува потопол и повлажен воздух од Атлантикот, што ќе донесе температури…

Во морињата ќе има повеќе видови риби, но помалку храна за нив — отвора на ТРН

Ново четиригодишно истражување предупредува дека до 2050 година во делови од североисточниот Атлантик би можело да има поголема разновидност на риби, но истовремено да се намали разновидноста на ситните организми од кои зависи нивната исхрана. На прв поглед, поголемиот број видови изгледа како позитивна вест. Но научниците укажуваат дека морските екосистеми не функционираат само според ...

Гренланд го одобри безбедносниот договор со САД. Останува дел од Данска — отвора на Независен весник

Пратениците на гренландскиот парламент денес одобрија договор со Соединетите Американски Држави и Данска за зајакнување на безбедноста во Арктикот и Северниот Атлантик. Одлуката е донесена по неколкумесечен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано бараше Гренланд да стане дел од САД, пишува АП. Договорот дозволува отворање нови американски воени бази во Гренланд, но…

САД придвижуваат редок разузнавачки авион кон исток, можна е мисија на Блискиот Исток — отвора на Инфомакс

Американскиот разузнавачки авион RC-135U „Комбат сент“ е забележан како го преминува Атлантикот кон Европа, во услови на извештаи за можно распоредување на Блискиот Исток. Неговата конечна дестинација засега е непотврдена, објави израелскиот медиум Н12, повикувајќи се на јавно достапни податоци за следење летови. www.mako.co.il Станува збор за еден од најретките авиони во американското воено…

Со МАГА се врши удар на европските сојузници и се прави обид да паднат влади — отвора на Нова Македонија

АМЕРИКАНСКА НОВИНАРКА СО НАПАД ВРЗ ТРАМП Ова обвинување е искажано од угледната новинарка Ен Еплбаум, и тоа токму во угледното списание „Атлантик“. Таа секако е добро информирана, впрочем сопруга е на полскиот министер за надворешни работи Сикорски, но за нас е битно да го видиме и другото лице на овој „пресврт“ во надворешната политика на ...

Аналитичари за „Политико“: Нема причина ЕУ да ја слави очекуваната победа на демократите во САД — отвора на Либертас

Доколку демократите поминат добро како што се очекува на денешните избори за Конгресот, веројатно нема да им донесат автоматско олеснување на Европејците и постои ризик од нови спорови и построги барања од другата страна на Атлантикот, сметаат аналитичарите. Во анализа на „Политико“, се проценува дека по изборите, претседателот Доналд Трамп, кој би бил ограничен дома, ...

Хаос во Пентагон: Американската војска се соочува со сериозен недостиг на муниција по војната со Иран – Хегсет отпуштил генерал по три полиграфски тестирања! — отвора на Инфомакс

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил еден од највисоките воени планери на Пентагон, генерал-потполковник Брет Силвија, да биде подложен на најмалку три полиграфски тестирања во рамки на истрага за протекување доверливи информации, пред ненадејно да го разреши од функцијата минатата недела. Според информации објавени од американскиот магазин „Атлантик“, истрагата била поврзана со…

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Прашања

Украина стравува од ново исклучување на „Старлинк“: „Америка има огромна моќ за уцена“ — отвора на Скопје1

Украинската војска се соочила со сериозен проблем на бојното поле откако во средината на октомври сателитската мрежа „Старлинк“ почнала да го губи сигналот долж фронтот. Според истражувањето на американското списание „Атлантик“, зад прекинот стоел Илон Маск, кој сакал да спречи користење на цивилната технологија за напади со борбени беспилотни летала врз руските сили.На 11 октомври, командантите…

Ќе наврнат 100 литри дожд на метар квадратен! Од први ноември заладување на времето — отвора на Фактор

Почнувајќи од овој петок (30 октомври) па се до следниот петок (6 ноември) силен Антициклон (поле со висок воздушен притисок) ќе се стационира над Атлантикот и над Велика Британија. Токму ова ќе услови од северот и од североистокот на Европскиот Континент кон Балканот и кон Македонија да продре значително поладен воздух. Овој ладен воздух ќе продре се до Медитеранот, објави метеорологот Славчо…

Американските бизнисмени бегаат од санкционираниот руски дизел на Трамп — отвора на Независен весник

Претставници на администрацијата на Доналд Трамп приватно ги охрабруваат американските компании да прифатат руски дизел што во моментов го преминува Атлантикот – велат бизнисменизапознаени со разговорите – и покрај предупредувањата дека таквиот потег може да ги изложи на сериозни правни ризици и да им го наруши угледот. Најмалку три брода што превезуваат руско гориво тргнаа ...

Ќе се намали ли притисокот врз цените? Руски дизел плови кон САД — отвора на Булевар

Седум танкери со приближно 288.000 тони руски дизел пловат кон Соединетите Американски Држави, соопшти „Гринпис Украина“. Според организацијата, станува збор за првите пратки по привременото олеснување на американските ограничувања за руското гориво. Организацијата објавила интерактивна мапа за следење на пловилата преку Атлантикот. Еден од танкерите веќе се приближувал до источниот брег на САД…

„Атлантик“: Отстранет од позицијата Главниот воен стратег во американската војска, Брет Силвија — отвора на Либертас

Главниот воен стратег на американската војска, Брет Солвија, е отстранет од функцијата, пишува Атлантик, цитиран од француските медиуми. Изненадувачкиот потег доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека се подготвува за обновување на големите напади врз Иран. Генералот Силвија, кој ја држеше функцијата Главен воен стратег, неделава е отстранет од својата позиција, ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

„Атлантик група“ со раст на добивката од 42 проценти: Приходите се приближуваат до милијарда евра — отвора на Фактор

Хрватската компанија „Атлантик група“ (Atlantic Grupa) во првите девет месеци од 2026 година остварила нето-добивка од 46 милиони евра, што претставува раст од 42,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Компанијата бележи значително зголемување и на приходите, а особено силни резултати се забележани на пазарите во Германија и Австрија. Според објавените финансиски резултати…

Силен раст на продажбата и профитабилноста, придружен со континуирани инвестиции — отвора на Фактор

Силниот раст на продажбата и одговорното управување со трошоците резултираа со ново зголемување на очекуваната профитабилност за 2026 година, при што продолжуваат вложувањата во вработените, маркетингот и клучните проекти. Во првите девет месеци од 2026 година, Atlantic Grupa оствари приход од продажба во износ од 962,6 милиони евра, што претставува зголемување од 9,5% во споредба со истиот...

Жената што леташе сама над Атлантикот: животот на пилотката и писателка Берил Маркам — отвора на ТРН

На 26 октомври 1902 година, во Англија, е родена Берил Маркам, пилотка, тренерка на тркачки коњи и писателка. Во септември 1936 година таа станала првата личност што самостојно, без застанување, прелетала од Англија до Северна Америка, од исток кон запад правец што, поради ветровите, се сметал за многу потежок од оној што четири години претходно ...