Врело

12 настани во последните 30 дена, од 41 медиуми

Утре бесплатна тура до Матка и Врело со автобуски превоз и туристички водич — отвора на Скопје1

Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ги посетат Матка и пештерата Врело во рамките на организираната тура што ја најави Град Скопје. Разгледот ќе се одржи во сабота, со обезбеден автобуски превоз и професионален туристички водич.Од Град Скопје информираат дека целта на иницијативата е природните убавини на градот да им бидат подостапни на граѓаните и да се поттикне нивното запознавање и…

Осум часа декомпресија по историскиот подвиг на Матка – нуркачот откри детали од експедицијата — отвора на Скопје1

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. Историското нуркање било изведено на 16 октомври, во рамки на меѓународна експедиција во која учествувале нуркачи и експерти од Полска, Македонија и Италија.Питала, кој по...

Светски рекорди во пештерата Врело и врвни алпинистички филмови – ЕХО 17 ја носи планината во Скопје — отвора на Национално

Планината крие приказни што ги надминуваат границите на спортот, а дел од нив ќе бидат претставени на 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм, кој од 26 до 30 октомври ќе се одржи во Скопје. Една од најзначајните содржини на овогодишната програма е презентацијата на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ за меѓународната експедиција во подводната ...

Во МКЦ ќе се одржи ЕХО Фестивалот на планински филм — отвора на Мета.мк

Во текот на петте фестивалски дена, покрај филмската програма, публиката ќе има можност да присуствува и на презентации на гости, разговори, работилници и други придружни настани

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко — отвора на Сител

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој постави светски рекорд со нуркање на длабочина од 338 метри во подводната пештера Врело на Матка, објави неверојатни снимки од новооткриените подводни премини, кои покажуваат дека пештерата продолжува уште подлабоко. На видеото се гледаат делови од досега неистражениот подводен свет на Матка, а особено впечатлив е огромниот премин кој се појавува на крајот...

ЕХО 17: Од длабочините на Врело до највисоките планини – пет дена филмски приказни во Скопје — отвора на Макфакс

Меѓународна експедиција со светски рекорди, врвни алпинистички филмови, женски приказни од планината и теми за природата и климатските промени се дел од програмата на 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм, што ќе се одржи од 26 до 30 октомври во Скопје. Планината не завршува на својот врв. Понекогаш нејзините најневеројатни приказни се ...

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри — отвора на MakPress

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот, откако меѓународен тим спелеонуркачи достигна рекордна длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“. Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред локалитетите Фонт Естрамар во Франција и Елефанте Бјанко ... The post...

Длабочината на Македонија... — отвора на Нова Македонија

Уреднички коментар Македонија. Матка. Врело... Извор што не може да се исуши, корени што не можат да се откорнат Во пазувите на Матка, таму каде што карпите молчат, а водата ја чува тајната на земјата, македонското Врело испиша светска приказна. Истражената длабочина од 338 метри не е само рекорд на природата. Таа е потсетник дека ...

Три нови светски рекорди на Матка: експедицијата на „Врело“ заврши успешно — отвора на Скопје1

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ соопшти дека експедицијата завршила со три нови светски рекорди, поврзани со истражување на најдлабоката пештера досега, најдлабоко нуркање во пештера и длабинско нуркање на отворени води.Точните длабочини и деталите за постигнувањата ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи утре, во сабота, со почеток во 9 часот, во базниот камп на Спелеонуркачкиот...

55 извештаи (сите извештаи)30 препишани

Известуваат и: 4NEWSНетпрес+31

Ѓорѓиевски им честиташе на нуркачите за историскиот подвиг во пештерата Врело — отвора на Скопје1

Пештерата Врело во Матка достигна нов историски успех, откако полскиот нуркач Бартломиеј Питала, со поддршка на тим нуркачи, се спушти до длабочина од 338 метри. Со ова достигнување, Скопје добива дополнителна можност да се афирмира на светската мапа на пештерското нуркање.Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го поздрави подвигот, истакнувајќи дека станува збор за резултат што носи гордост...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Лидер

Сиљановска-Давкова: Врело не е само светскиот рекорд, туку и можност за меѓународна афирмација на македонското наследство — отвора на МКД.мк

Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, им честиташе на спелеонуркачите за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на ...

Што се крие под Матка? Тајните на Врело, пештерата длабока над 338 метри — отвора на Рацин

На само дваесетина километри од Скопје, под карпите и водите на кањонот Матка, се наоѓа еден од најнеобичните природни феномени во Македонија. Пештерата Врело крие подземни езера, огромни пештерски сали, карпести формации создадени низ илјадници години и сложен систем од подводни канали чија конечна длабочина сè уште не е утврдена. Со најновото истражување, во кое ...