Евровизија

13 настани во последните 30 дена, од 23 медиуми

По Австралија и Канада дебитира на сцената на Евровизија — отвора на ТРН

Канада влегува во евровизиското семејство со својот прв официјален претставник на изборот за песна на Евровизија што следната пролет ќе се одржи во Бугарија. Националниот јавен сервис Си-би-си / Радио-Канада (CBC/Radio-Canada) објави листа од пет финалисти избрани од стручно жири, предавајќи ја конечната одлука во рацете на публиката. Канаѓаните гласаат од 27 октомври до 5 ...

Холандија следната година нема да учествува на Евровизија — отвора на Макфакс

Холандија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија во 2027 година. Холандскиот јавен сервис, NPO, одлучи да го повлече своето учество откако одредени радиодифузери и вработени изразија противење. Од NPO наведоа дека во моментов нема доволно поддршка за враќање на натпреварот. Џет де Раниц, претседателка на Управниот одбор на NPO, објасни дека биле ...

Соучениците горди на Ана: Еве како беше пречекана нашата евровизиска претставничка (ФОТО+ВИДЕО) — отвора на Курир

Со гордост и љубов ја пречекавме нашата Ана Стојаноска, информираат од нејзиното училиште „Јоспи Броз Тито“ во Струга. -Нашата ученичка Ана нè исполни со радост и гордост! Нејзиниот настап на Детската Евровизија ни покажа дека со талент, труд и храброст се освојуваат срцата. Денес со насмевки, аплаузи и многу љубов ѝ посакавме добредојде на нашата евровизиска ѕвезда! Ана, горди сме на тебе!…

Ана Стојаноска дочекана со изненадување и аплаузи во училиштето по Детската Евровизија — отвора на Скопје Инфо

Младата пејачка Ана Стојаноска беше пречекана со аплаузи и насмевки во своето училиште по настапот на Детската Евровизија. Учениците и наставниците од основното училиште Јосип Броз Тито ѝ приредија топол пречек, оддавајќи ѝ признание за учеството на меѓународниот музички настан. Нејзината реакција покажа колку ѝ значи овој гест.

Македонија на последното место на Детскиот Евросонг, но Ана Стојаноска блесна на сцената — отвора на Скопје Инфо

Македонската претставничка Ана Стојаноска го заврши учеството на Детскиот Евросонг 2026 на 16. место, со освоени 57 поени за песната „Идната јас“. Победата ѝ припадна на Наре од Ерменија, која со песната „Boo!“ освои 202 поени.

Македонија навива за Ана Стојаноска: Утре почнува гласањето за Детската Евровизија — отвора на Рацин

Македонија в сабота, на 24 октомври, ќе има свој претставник на сцената на Детската Евровизија во Малта. Младата стружанка Ана Стојаноска ќе настапи со песната „Идната јас“, а македонските граѓани ќе имаат можност директно да влијаат врз резултатот, бидејќи на овој натпревар е дозволено гласање и за сопствената земја. View this post on Instagram A ...

Ана е подготвена за Јуниорскиот Евросонг, а вие можете да помогнете! — отвора на Курир

По една недела интензивни проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена да ги брани боите на македонското знаме на 24-тото издание на Јуниорскиот евросонг. Тимот на Македонската Телевизија вечерва се соочува со еден од клучните моменти во јуниорското патување – генералната проба за стручното европско жири. Шеснаесет петчлени жирија ширум Европа ќе ги оценуваат изведбите на најмалите големи таленти...

КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! — отвора на Курир

Од сончевата Малта, каде што деновиве се чувствува вистинскиот евровизиски дух, ви носиме приказна за талентот, соништата и гордоста да се претставува својата земја. Македонската претставничка на Детската Евровизија, Ана Стојаноска, веќе неколку дена е дел од ова незаборавно музичко доживување, каде што подготовките се во полн ек, возбудата расте, а големиот настап е се поблиску. Слаткото девојче...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Вистина.мк

В сабота на Малта почнува Јуниорскиот евросонг 2026 — отвора на Независен весник

Детскиот натпревар за песна на Евровизија 2026 ќе биде 24-тото издание на Детскиот натпревар за песна на Евровизија. Натпреварот ќе се одржи в сабота, на 24 октомври 2026 година во Центарот за саеми и конвенции на Малта во Та’Кали, Малта. Домаќини на натпреварот ќе бидат Гаја Каучи, Дестини Чукуњере и Кин Кутахар. Натпреварот го организираат ...

Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации (ВИДЕО) — отвора на Курир

Во рамките на официјалната програма за сите учесници, малтешкиот јавен сервис – ПБС – организираше посета на повеќе училишта за децата кои годинава ќе настапат на фестивалот. Македонската делегација реализираше посета на училиштето Св. Јосиф, државно католичко училиште за девојчиња. Ана Стојаноска беше пречекана со еуфорија и аплауз од ученичките во Св. Јосиф, кои дополнително ја изненадија и со...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Press24

„Јуниорска недела“ во Малта: Македонската претставничка Ана го почна настапот пред Детскиот Евросонг — отвора на 4NEWS

Во пресрет на 24. издание на Детскиот Евросонг, македонската делегација веќе е во Малта, каде што започнаа активностите во рамки на т.н....

Дара со „Бангаранга“ сè поблиску до номинација за „Греми“ — отвора на Независен весник

Бугарската пејачка DARA продолжува со својот меѓународен подем по победата на Евровизија 2026. Нејзината песна „Bangaranga“ е пријавена за разгледување во четири категории за наградите „Греми“ во 2027 година, според „The Grammy Guru“, кој се повикува на ексклузивни информации. „Bangaranga“ е пријавена во категориите „Снимка на годината“, „Песна на годината“ и „Најдобра поп соло изведба“, ...

Бугарската влада издвои 25 милиони евра за Евросонг 2027 во Бургас — отвора на Независен весник

Софија – Бугарската влада штотуку одобри дополнителни 4,8 милиони евра за поддршка на тековните подготовки и организацијата на Изборот за песна на Евровизија 2027 во Бургас. Овие дополнителни средства ќе помогнат сè да се одвива непречено и според предвидениот распоред, покривајќи го претстојниот пробен настан, како и неопходните технички надградби во „Арена Бургас“. Ова финансирање ...