Кичево-Охрид

7 настани во последните 30 дена, од 26 медиуми

ЈП Македонија пат: Од утре привремен сообраќаен режим на дел од автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот — отвора на Денешен

Привремен режим на сообраќај ќе биде воведен од утре (28 октомври) на автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучката Арбиново. ЈП Македонијапат информира дека привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи за санација на левиот коловоз и ќе трае до завршување на санацијата.

Само 17 отсто од граѓаните очекуваат готови автопатишта до 2028 — отвора на Рацин

Само 348 од вкупно 1.997 гласа во анкетата на Рацин.мк се за очекувањето дека до 2028 година ќе бидат целосно завршени и Кичево-Охрид и автопатските делници што ги гради „Бехтел и Енка“. Најмногу гласови, 813 или 41 отсто, доби одговорот дека по завршените автопатишта нема да возиме пред 2030 година. Резултатите покажуваат скромни очекувања за ...

Кичево–Охрид речиси двојно поскап, колку нè чини доцнењето? — отвора на Рацин

Автопатот Кичево–Охрид, првично проценет на 411 милиони евра, со последните објавени финансиски пресметки достигна околу 803 милиони евра. Но поскапувањето на изградбата е само дел од сметката. Долгогодишното доцнење значи и продолжена изложеност на сообраќајни ризици, изгубено време, дополнителни транспортни трошоци и неискористени можности за туристички развој на Охрид и Струга. Речиси двојно...

Николоски на терен: „Се гледа крајот“ – одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево — отвора на Булевар

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на работниците ангажирани на изградбата на автопатот Охрид – Кичево оцени дека работите напредуваат одлично. „На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид – Кичево. Одличен напредок! Што би рекол нашиот народ – ‘Се гледа крајот’“, порача Николоски. Тој истакна дека на ...

27 извештаи (сите извештаи)15 препишани

Известуваат и: УтроМКДенес+14

Дваесет години автопатски ветувања: од „готово до 2018“ до новите рокови во 2027 и 2029 година — отвора на Рацин

Автопатиштата во Македонија со години се најавуваат како историски проекти, но роковите се поместуваат од влада до влада. Кичево–Охрид сè уште се довршува, Скопје–Блаце чека продолжување, а новите автопатски коридори веќе имаат рокови што се протегаат до 2029 година. Прашањето што Рацин.мк им го поставува на читателите во анкетата – кога очекуваат комплетно завршување и ...

Кога ќе возиме по завршени автопатишта? — отвора на Рацин

Кога ќе бидат целосно завршени и пуштени во употреба автопатот Кичево–Охрид и делниците што ги гради „Бехтел–Енка“? Во новата анкета, Рацин.мк ги прашува читателите какви се нивните очекувања за завршувањето на овие инфраструктурни проекти. Дали очекувате сите делници да бидат во употреба до 2028 година, ќе се чека до 2030 година или подолго, или сметате ...

Крај на колоните на патарините? Се анализира нов модел — отвора на Утро

Македонија ги анализира можностите за нов систем на наплата на патарините, со електронски тагови и евидентирање на влезот и излезот од автопатот. Целта е да се намалат колоните и запирањето на возилата, но засега нема утврден датум за прим