ЛАЈКА

8 настани во последните 30 дена, од 11 медиуми

ЈП ЛАЈКА Вдомени 10 кучиња за една недела, апел до сопствениците да не ги оставаат милениците без надзор — отвора на Национално

Ја информираме јавноста дека во изминатата недела (16 – 22 ноември 2026) граѓаните вдомија 10 кучиња од ЈП Лајка, што нѐ прави исклучително задоволни бидејќи на овој начин се остваруваме две цели за кои се залагаме – намалување на бездомната популација кучиња на територијата на Град Скопје и развивање на свесноста за придобивките од вдомувањето ...

Кремка две години чекала некој да ја вдоми, а сега секој ден оди на работа. Приказна што ќе ви го стопли срцето — отвора на Национално

Една убава приказна за хуманост и љубов кон животните доаѓа од Скопје. Компанијата „Авенга Македонија“ вдоми куче со хендикеп од ЈП „Лајка“, покажувајќи дека предрасудите не треба да бидат пречка кога станува збор за спасување и грижа за животните. Кремка повеќе од две години го чекала својот дом во боксот на прифатилиштето. Полуслепа е и ...

Карло од „Лајка“ бара дом, зад неговите исплашени очи се крие куче кое чека да биде сакано — отвора на Скопје Инфо

Животот во прифатилиште не е лесен за кучињата. Постојаната бучава, лаежот на другите животни и недостигот од индивидуално внимание се дел од секојдневието на кучињата кои чекаат да бидат вдомени. Од ЈП „Лајка“ споделуваат приказна за Карло, куче кое чека можност да добие свој дом и семејство.

Кучето со хендикеп што со месеци чекаше дом стана дел од тим на Авенга — отвора на ТРН

Скопскиот стационар на Јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни „Лајка“ денеска реализираше едно од своите најзначајни вдомувања. Тмот на технолошката компанија „Авенга Македонија“ ја вдоми Кремка, куче со хендикеп кое поради својата состојба и физички изглед со месеци имаше минимални шанси да го напушти кафезот. Наместо изолација во бокс, кучето отсега живее во канцелариски ...

„Лајка“ лани заловила и третирала 75 отсто повеќе кучиња од претходната година — отвора на Независен весник

Бележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2026 година, претпријатието има реализирано вкупно 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 ...

За Алијансата на Албанците Максим Димитриевски е „патриот на батерии“ — отвора на Независен весник

Алијансата на Албанците реагира на заканите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека ќе ја напушти владината коалиција ако се прифати барањето за полагање правосуден јазик на албански јазик, покрај македонскиот. Според нив Димитриевски е „патриот на батерии“ и одамна е прочитан. -Максим Димитриевски може да ја напушти Владата, бидејќи знае дека ќе има ...

Што навистина се случи со Лајка: Скриената вистина за летот на Спутник 2 — отвора на ТРН

На 3 ноември 1957 година, советскиот сателит Спутник 2 полета кон орбитата со кучето Лајка, првото живо суштество испратено во вселената. Официјална Москва тогаш објави триумф на советската наука и лажеше дека животното живеело цела седмица пред да биде безболно успиено. Документите отпечатени дури во 2002 година ја открија суровата вистина: Лајка угинала уште во ...

173 заловени, 42 вдомени Еве колку бездомни кучиња третирала „Лајка“ во Скопје во октомври — отвора на Национално

Јавното претпријатие „Лајка“ во текот на октомври заловило 173 бездомни кучиња низ Скопје, од кои 144 биле стерилизирани или кастрирани. Во истиот период, 42 кучиња биле вдомени, додека 90 биле вратени на локациите од кои претходно биле заловени. Овие податоци се дел од месечниот билтен на претпријатието, во кој се сумирани активностите на теренските тимови ...