Левица Амар

9 настани во последните 30 дена, од 11 медиуми

Апасиев и Мециновиќ на средба со градоначалникот на Крива Паланка, Митовски: Вмровскиот терор врз градот мора да заврши – институциите мора да ги заштитат граѓаните — отвора на Антропол

Левица бара институционална заштита за жителите на Крива Паланка кои, според Амар Мециновиќ, веќе 15 години се соочуваат со инциденти, судски спорови и загрозување на нивните имоти и животи. Тој обвинува за политичка поддршка на насилство, самоволие и тероризирање на населението. На повик на граѓаните од Крива Паланка, Амар Мециновиќ, заедно со претседателот на Левица, ...

„Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата“, вели Мециновиќ — отвора на Скопје1

„Влада крвник на сопствениот народ“ – со овие зборови пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, го критикуваше односот на власта кон работниците, посочувајќи дека минималната плата не е зголемена три години, додека интересите на крупниот капитал остануваат заштитени.Одговарајќи на новинарско прашање за новоусвоената Резолуција за миграциска политика за периодот 2026–2030 година, Мециновиќ рече дека…

Мециновиќ: Мицкоски го присвои државниот буџет – Левица со 80 амандмани за враќање на јавните пари во служба на граѓаните — отвора на Антропол

„Тоа што треба да биде буџет на Република Македонија, веќе две години е ексклузивно буџет на Христијан Мицкоски, кој се однесува како суверен над сите нас“, истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по повод Предлог-буџетот за 2027 година, најавувајќи 80 амандмани со кои Левица предлага, како што велат тие, поинаква распределба на ...

Мециновиќ: „ВМРО пред државата“ ја загрозува безбедноста на граѓаните и ја остава без заштита секоја жртва на насилство — отвора на Антропол

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати критики за институционалната заштита на жените жртви на насилство, посочувајќи дека политичката корупција, партиските влијанија и економската зависност ги прават жените дополнително ранливи. Во објава на социјалните мрежи, Мециновиќ оцени дека полицијата и институциите мора да бидат ослободени од политички влијанија и да обезбедуваат еднаква заштита за…

Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот — отвора на Скопје1

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, ја критикуваше власта поради одбивањето на сите 124 амандмани поднесени од опозицијата за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Според него, со ваквиот однос ВМРО-ДПМНЕ ги исклучува граѓаните од одлучувањето за трошењето на јавните средства.Мециновиќ посочи дека ребалансот се носи само два месеци по претходниот, а неколку дена пред расправата за Буџетот…

Мециновиќ: Долгот на домаќинствата за станбени кредити достигна две милијарди евра, за две години е зголемен за 35% — отвора на Антропол

Долгот на македонските домаќинства по основа на станбени кредити достигна две милијарди евра, што претставува зголемување од 16,6 проценти за една година и 35 проценти во последните две години, предупредува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој посочува дека станбените кредити учествуваат со 40 проценти во вкупната задолженост на домаќинствата, оценувајќи дека ваквиот тренд дополнително го ...

Денес на Комисија Предлог-законот на Левица за државата да преземе дел од станбениот долг на семејствата — отвора на 24 Инфо

Соопштение за јавност на Левица: Додека ДПМНЕ со години ја експлоатира демографската катастрофа за политички маркетинг, Левица нуди прецизно законско решение кое директно ќе го олесни животот на младите семејства. Денес, на собраниска комисија, во прво читање ќе се разгледува нашиот Предлог-закон за семејна и станбена поддршка, со кој предлагаме државата да отпишува по 20% ...

Левица: ДПМНЕ го одби амандманот на за поддршка на малите бизниси и претприемништво — отвора на 24 Инфо

Сооопштение за јавност на Левица: Левица поднесе амандман на ребалансот на Буџетот со кој побара зголемување на средствата за финансиска поддршка на претприемништвото, отворање нови бизниси и развој на микро, малите и средните претпријатија. Амандманот беше одбиен од ДПМНЕ. Во своето образложение, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ посочи дека постојат сериозни индиции дека во изминатата ...

„ЕСМ е бунар без дно за богатење на нивните соработници“ – Левица бара интерпелација за Божиновска — отвора на Скопје1

Пратениците на Левица бараат Собранието да изгласа интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска, обвинувајќи ја дека не презела соодветни мерки за подобрување на состојбите во електроенергетскиот сектор и заштита на интересите на граѓаните.Пратеникот Амар Мециновиќ упати критики за досегашното работење на министерката, оценувајќи дека и покрај искуствата од претходните енергетски...