Ненад Димитријевиќ

19 настани во последните 30 дена, од 10 медиуми

Македонија е комплетна: Се приклучија и Нено и Рајт — отвора на SportSport

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација е во комплетен состав пред утрешниот дуел со Кипар. На денешниот попладневен тренинг во спортската сала „Лазар Лечиќ“ им се приклучија и нашите интернационалци Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, со што селекторот Жозеп Марија Берокал ги доби на располагање сите повикани кошаркари. Приклучувањето на Димитријевиќ и Рајт претставува значајно засилување…

Македонија ќе биде комплетна во среда! — отвора на SportSport

Македонската кошаркарска репрезентација стартуваше со мини-подготовките за претквалификацискиот натпревар против Кипар за ЕП 2029 година. Селекторот, Хозе Мариа Бартомел нема да го има на располагање комплениот состав, но затоа пак и овој пат ќе може да смета на тандемот Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт. Нено во Скопје ќе биде утре, додека пак американецот со македонски ...

Робев доби дополнителен повик од Берокал, Ненад Димитријевиќ се приклучува утре — отвора на Спортманија

Здравствениот билтен и овојпат му создава одредени проблеми на стручниот штаб на нашиот најдобар национален тим

Кошаркарите почнаа за Кипар, се чекаат Димитријевиќ и Рајт — отвора на Спорт+

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ги почна подготовките за дуелот со Кипар во претквалификациите за Еуробаскет 2029. На прозивката на селекторот Берокал недостасуваа најголемите адути, Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт. Кошаркарот на грчкиот Арис, Димитријевиќ, според најавите, треба да се приклучи на репрезентацијата утре. Американскиот центар Рајт има клупски обврски со својот тим…

ПАОК ги сопре Димитријевиќ и Арис — отвора на SportSport

Ненад Димитријевиќ и неговиот Арис не успеаја да ја продолжат бајката во грчкиот шампионат и да стигнат до нова победа по одличните партии против Панатинаикос и Олимпијакос. Нивната серија заврши на гостувањето кај ПАОК. Во солунското дерби беа поразени со 99-77. Ова беше само вториот пораз за Арис во домашниот шампионат. Врвот во грчката лига ...

Без Андреј Јакимовски: Берокал го објави списокот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ — отвора на SportSport

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“, во кој продолжуваат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден…

„Дабл-дабл“ за Нено и нова победа за Арис во Еврокупот — отвора на SportSport

Арис ја совлада француската екипа Ле Ман со 96:86, во натпревар од осмото коло во Еврокупот, а значаен придонес во триумфот имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Македонскиот плејмејкер натпреварот го заврши со 11 поени, но особено се истакна во организацијата на играта, забележувајќи дури 13 асистенции за 27 минути и 15 секунди на паркетот. Тој ...

Димитријевиќ после фантастичната партија: Можеме да се надигруваме со секого! — отвора на SportSport

Ненад Димитријевиќ зад себе има уште една фантастична партија во дресот на Арис. Македонскиот репрезентативец имаше значаен придонес и во организацијата на играта, а натпреварот против Олимпијакос го заврши со 19 поени. „Среќни сме. Ова е уште една победа. Ноември е, сѐ уште се градиме како тим. Ова е добра победа против силен противник. Остануваме ...

Грчката кошарка седум години не памети вакво нешто! — отвора на SportSport

Арис за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ направи нешто што е вистинска реткост во грчката кошарка – во иста сезона ги победи двата најголеми ривали, Панатинаикос и Олимпијакос. Од Атина кон Солун полека, но сигурно, се прелева квалитетот, а зајакнувањето на Арис и ПАОК, пред сѐ во финансиска смисла, донесе и поголема резултатска рамнотежа ...

Нено и Арис му зедоа мерка и на Олимпијакос! — отвора на SportSport

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше еден од најзаслужните за големата победа на Арис над Олимпијакос (100:78), во дербито од седмото коло на грчката Баскет лига. Димитријевиќ одигра одличен натпревар, завршувајќи го со 19 поени, шест асистенции и два скока за 27 минути на паркетот. Македонскиот плејмејкер имаше реализација од 7/13 од поле, вклучувајќи 4/6 за ...

Признание за Македонецот: Маестро Нено го режираше потегот на колото во Еврокупот (Видео) — отвора на Дерби

Ненад Димитријевиќ беше еден од играчите со највисок индекс во последната победа која ја оствари Арис, а неговата креативност на теренот му донесе ново индивидуално признание од Еврокупот. Македонскиот репрезентативец одлично се адаптираше во новата средина и веќе ја нуди најдобрата верзија од себе, нешто во што полека се уверуваат и неговите соиграчи. Нено оваа ...

Нено го има најубавиот потег во 7. коло на Евролигата (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го освои првото место во изборот за најубав потег на седмото коло во Еврокупот. Плејмејкерот на Арис од Солун се најде на врвот на листата Топ 10 најатрактивни моменти од натпреварите во второто по ранг европско клупско натпреварување. За признанието беше доволно неговото фантастично додавање во стилот на цепелин, на самиот ...

Димитријевиќ: СДСМ поднесе пријава против Славески за Алта банка, институциите мора да постапат — отвора на Press24

Опозициската СДСМ денеска поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица во Народната банка, со барање надлежните институции итно да го истражат случајот со преземањето на Алта банка. Генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека станува збор за огромен финансиски скандал и дека одговорноста мора да се лоцира…

Арис со нова победа, Нено повторно меѓу најзаслужните — отвора на SportSport

Ненад Димитријевиќ одигра значајна улога во убедливата победа на Арис над Рига Зели со 105:81, во натпревар од седмото коло на Еврокупот. Македонскиот репрезентативец за 17 минути и осум секунди на паркетот постигна осум поени, а забележа и пет асистенции и три скока. Димитријевиќ беше меѓу најдобрите организатори на играта на грчкиот тим, со пет ...

Димитријевиќ фантастичен во победата над Лефкадас — отвора на SportSport

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и интернационалец Ненад Димитријевиќ со фантастичен настап за својот тим Арис во победата над Лефкадас со конечни 77:88. Димитријевиќ успеа да стигне до 25 поени на овој меч, и да биде најефикасен во гостинскиот триумф. На ова додаде и четири скока и пет асистенции. Со оваа победа Арис е лидер на табелата ...

Арис претрпе прв пораз, Нено заврши двоцифрен — отвора на SportSport

Арис на нашиот Ненад Димитријевиќ го претрпе првиот пораз оваа сезона во Еврокупот. Во дуелот на досега непоразените, Хапоел Ерусалим славеше против Арис со 84:73 и ја продолжи победничката низа која сега ги остави сами на врвот на табелата во групата. Димитријевиќ и денеска беше еден од најдобрите во дресот на грчкиот тим и средбата ...

Нено блеска, Мишко гордо го следи: Мали, спремај се за НБА! — отвора на SportSport

Ненад Димитријевиќ продолжува да блеска во дресот на Арис. Македонскиот репрезентативец зад себе има уште една одлична партија. Во големата победа против Панатинаикос од 99-90, тој беше еден од најдобрите кошаркари во составот на славниот Василис Спанулис. Нено запиша 14 поени и пет асистенции во четвртата победа на Арис во петте кола од грчкиот шампионат. ...

Македонецот одличен: Нено и Арис го урнаа Пао на Обрадовиќ! — отвора на SportSport

Во меч од 5.коло во шампионатот на Грција одличен настап на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ, зачинет со голема победа против веројатно најквалитетниот тим во Европа, Панатиниаикос на Жељко Обрадовиќ. Во големото дерби на Грција тимот од Солун славеше со 99:90. Секако дека за нас најиинтересно е тоа што Нено одигра одличен настап, посебно во ...

Нено со 12 поени за „пет од пет“ за Арис во Еврокупот — отвора на SportSport

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше солиден настап во дресот на Арис од Солун, кој ја совлада Цедевита Олимпија со 78:73 во натпревар од Еврокупот. Димитријевиќ беше дел од стартната петорка на грчкиот состав и на паркетот помина 26 минути. За тој период постигна 12 поени, со реализација од четири од седум обиди за два поени, ...