Новак Ѓоковиќ

13 настани во последните 30 дена, од 13 медиуми

Ѓоковиќ воодушевен од победата на студентите во Србија: „Притисокот беше ненормален“ — отвора на Пулс24

Новак Ѓоковиќ за првпат се огласи по изборната победа на Студентската листа во Србија. Тој им честиташе на студентите и рече дека притисокот е ненормален, но и дека го вознемирува ...

Новак Ѓоковиќ за изборите во Србија: Им се восхитувам на студентите! — отвора на Рацин

Новак Ѓоковиќ изрази задоволство од резултатите на парламентарните избори во Србија и им оддаде признание на студентите за истрајноста и достоинството. Во разговор со новинарите во Базел, каде што се подготвува за настап на турнирот од серијата АТП 500, тенисерот порача дека младите создале чувство на гордост и во Србија и надвор од неа. „Да, ...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Фокус

Ѓоковиќ по падот на Вучиќ: Студентите го урнаа култот на личноста — отвора на ТРН

Новак Ѓоковиќ првпат јавно проговори по изборната победа на Студентската листа во Србија. Прославениот тенисер им честиташе на студентите за истрајноста и оцени дека нивната борба успеала да го разбуди чувството на надеж кај граѓаните. Тој откри и дека му пречи постојаното очекување токму тој да реагира на секое политичко случување во земјата. Најпознатиот српски ...

Ѓоковиќ се враќа, збогување на Вавринка, Зверев во трка за број 1 — отвора на Нова Македонија

ТЕНИС – НОВИ ТУРНИРИ НЕДЕЛАВА Турнирите во сала на тврда подлога продолжуваат со АТП-турнирите од серијата 500 во Базел и во Виена. Новак Ѓоковиќ ќе го има својот прв настап во Базел од 2011 година, кога го освои трофејот, а тоа ќе биде емотивна недела во Базел, каде што домашната ѕвезда Стен Вавринка ќе се ...

На Алкараз му фалат мечеви со Ѓоковиќ, Синер и Зверев — отвора на MakPress

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз најави враќање на тениските турнири и настап на турнирот во Виена. Воедно тој напомена дека му фалат мечевите со Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Александер Зверев. – Би рекол дека секој ден е важен за да бидам подобар и се обидувам да напредувам и да научам нешто ново на секој тренинг ... The post На Алкараз му фалат мечеви со Ѓоковиќ, Синер и Зверев first appeared on...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Република

вест) И Ѓоковиќ гласаше, покажа три прста — отвора на Независен весник

Славниот тенисер Новак Ѓоковиќ објави фотографија како оди на гласање во Србија. На неа тој покажува три прста, што е бројот под кој настапува „Студентската листа“ на изборите.

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел — отвора на А1он

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Базел ќе игра против Французинот Иго Ембер, 35. тенисер на светската ранг-листа, беше одлучено со денешната ждрепка. Ѓоковиќ, кој е на 12 – тото место на светската ранг-листа, досега само еднаш се сретнал со Ембер, во осминафиналето на Вимблдон во...

Вучиќ и Ѓоковиќ добија американска конкуренција: Трамп жестоко го нападна Леброн! — отвора на SportSport

Додека во регионот вниманието го привлекува односот меѓу Новак Ѓоковиќ и власта на Александар Вучиќ, во САД повторно во ист контекст се најдоа Доналд Трамп и Леброн Џејмс. Американскиот претседател жестоко ја нападна кошаркарската ѕвезда поради снимка направена пред натпреварот меѓу Филаделфија и Њујорк. Повод беа движењата на Џејмс за време на интонирањето на американската ...

Лоши вести за Новак Ѓоковиќ — отвора на Press24

Францускиот тенисер Артур Фис се пласираше во четвртфиналето на АТП 250 турнирот во Брисел без борба, откако неговиот противник, Шпанецот Хауме Мунар, го предаде мечот поради повреда. Ваквиот расплет на настаните не им оди во прилог на ривалите кои се борат за место на Завршниот Мастерс, меѓу кои е и Новак Ѓоковиќ, кој претходно потврди ...

Жестока порака до Ѓоковиќ пред изборите во Србија: Кога сите очекувавме завршен винер, ти исчезна! — отвора на SportSport

Во Србија владее големо разочарување поради Новак Ѓоковиќ. Иако претходно јавно им даде поддршка на студентите, Ноле со месеци не се огласува, а тоа најмногу ги боли оние кои сакаат промени во државата. Многумина веруваа дека гласот на еден од најголемите спортисти на сите времиња би имал посебна тежина во момент кога се одлучува за ...

Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата — отвора на Скопје1

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ бележи пад од четири позиции на најновата АТП-листа и сега се наоѓа на 12. место со 3.090 бодови. Тој падна од осмата позиција по поразот од Полјакот Хуберт Хуркач во второто коло на мастерс-турнирот во Шангај.До крајот на сезоната, Ѓоковиќ ќе има можност да го подобри пласманот, а меѓу неговите цели е и настап на Завршниот мастерс во Торино. Пред него се турнирите...

Драма: Ѓоковиќ е „на работ“ — отвора на Пулс24

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ бара шанса да биде на завршниот Мастерс турнир во Торино во 2026 година. Оваа година, финалниот Мастерс или АТП Финале се одржува во Торино од 15 ...

Ѓоковиќ сепак нема да патува во Саудиска Арабија, турнирот е одложен поради безбедносната состојба — отвора на Скопје1

Тенискиот турнир „Шест кралеви“, на кој требаше да настапат некои од најголемите имиња во светскиот тенис, нема да се одржи во првично планираниот октомвриски термин. Поради влошената безбедносна состојба во Саудиска Арабија, организаторите го одложија натпреварувањето, па Новак Ѓоковиќ нема да патува во Ријад овој месец.Турнирот требаше да се одржи од 21 до 24 октомври, но плановите се сменети...