Палестинците

7 настани во последните 30 дена, од 8 медиуми

„Примирјето во Газа е фикција“: Известувачка на ОН обвинува дека нападите врз Палестинците не престанале — отвора на ТРН

Специјалната известувачка на Обединетите нации за човековите права на окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, оцени дека во Газа не може да се зборува за вистинско примирје, бидејќи израелските напади, разорувањето и страдањето на Палестинците продолжуваат и по договорот за прекин на огнот. „Никогаш немало прекин на огнот во Газа. Тоа е фикција создадена за да ...

Зимата носи нова опасност за Газа: на 350.000 семејства итно им е потребно засолниште — отвора на Скопје1

Доаѓањето на зимата дополнително ја загрозува состојбата на раселените Палестинци во Појасот Газа, каде што на околу 350.000 семејства итно им е потребно соодветно засолниште, предупреди Министерството за јавни работи и домување во енклавата.Според податоците на Министерството, околу 270.000 семејства, односно повеќе од еден милион раселени лица, веќе подолго од три години живеат во шатори во кои…

ДПМНЕ кон талогот на цивилизацијата – Македонија единствена европска земја против хуманитарна помош за Палестинците — отвора на Антропол

Најостро го осудуваме гласањето на претставникот на Република Македонија во ОН на Четвртиот комитет на Генералното собрание на Обединетите нации против нацрт-резолуцијата за дејствување на Агенцијата на ОН за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток. Резолуцијата беше сепак усвоена со 143 гласа „за“, 9 гласа „против“ и 20 „воздржани“, а покрај Македонија, ...

Италија усвои ригорозен закон против антисемитизмот — отвора на Рацин

Италијанскиот парламент на 17 ноември го усвои законот против антисемитизмот со 147 гласа „за“, 93 „против“ и пет воздржани. Опозицијата предупреди дека начинот на кој законот го дефинира антисемитизмот може да го ограничи просторот за критика на израелската политика и за застапување на правата на Палестинците. Законот ја усвојува работната дефиниција на Меѓународната алијанса за ...

Израел користи технологија на „Амазон“ за масовен надзор врз Палестинците во Газа — отвора на Скопје1

Израелската војска префрлила околу 3,5 милиони фотографии од Палестинци на облачната платформа на „Амазон“, со цел нивна анализа преку технологија за препознавање лица. Ова го откриваат доверливи документи од почетокот на 2024 година, во период кога Израел спроведувал интензивна воена операција во Појасот Газа, објави британскиот весник „Гардијан“.Фотографиите биле поставени од воениот оддел…

Првата зимска бура ја погоди Газа: Поплавени десетици илјади шатори, има повредени — отвора на Скопје1

Околу 70.000 шатори во кои се сместени раселени Палестинци биле поплавени во Појасот Газа за само 12 часа по почетокот на првата зимска бура. Првичната штета се проценува на околу три милиони долари, соопшти владината канцеларија за медиуми во Газа.Од таму информираат дека се урнале десетици ѕидови, има повредени, а оштетените згради претставуваат сѐ поголема опасност од уривање. Цивилната…

Три лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа — отвора на Независен весник

Најмалку тројца Палестинци загинаа, а неколку лица се повредени во денешните израелските напади во Појасот Газа. Локалните здравствени власти информираа дека две лица загинале, а шестмина се ранети во два одделни воздушни напади во Кан Јунис, на југот од енклавата, додека третото лице загинало во израелски воздушен напад во градот Ал Мусадар. Израелската армија соопшти ...