Светиот

16 настани во последните 30 дена, од 12 медиуми

Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето — отвора на Press24

, според православниот календар што се користи во Македонската православна црква, се одбележува Светиот маченик Лонгин Стотник, кој бил при Крстот Господов. Според христијанското предание, Лонгин бил римски стотник кој бил присутен при распнувањето на Исус Христос. Откако ги видел настаните што се случиле при распнувањето, ја препознал божествената природа ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Вечер

Денеска е Св. Маченик Лонгин: Тој беше старешина на војниците што беа на распнувањето на Исус Христос на Голгота — отвора на Денешен

Денеска е 16 октомври, по стар стил, и се слави Св. маченик Лонгин. Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници…

Православните христијани наскоро го слават Светиот апостол, евангелист и основач на христијанскиот иконопис Лука — отвора на Скопје Инфо

Во сабота, на 31 октомври, православните христијани го слават Светиот апостол и евангелист Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучувал грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела.

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска се слави Св. апостол Филип — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври. Денеска е Св. апостол Филип. Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога...

Се слави Светиот апостол Јаков Алфеев – Ден посветен на верата, молитвата и добрите дела — отвора на Press24

Православните верници денеска, 22 октомври, го одбележуваат споменот на Светиот апостол Јаков Алфеев, еден од дванаесетте Христови апостоли, кој својот живот го посветил на ширењето на христијанската вера. Според црковното предание, по слегувањето на Светиот Дух, Јаков го проповедал христијанството и во други земји, ширејќи ја Христовата порака. Тој пострадал за својата вера, а Црквата ...

Утре се слави Светиот апостол Јаков Алфеев — отвора на Скопје Инфо

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение.

8 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: 4NEWSИнфомакс

Денеска е Св. Пелагија: Смилувај се на мене, грешната, крсти ме и научи ме на покајание, јас сум амбис на пропаста и орудие ѓаволско — отвора на Денешен

Денеска е 8 октомври според стар стил и се слави Преподобна Пелагија. Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна...

Светите Сергиј и Вакх се празнуваат денеска: Порака за вера, храброст и истрајност, ова се обичаите — отвора на Press24

Православните верници денеска, 20 октомври, ги одбележуваат Светите маченици Сергиј и Вакх, познати по својата вера, храброст и верност кон христијанството. Во црковниот календар се споменува и Светиот маченик Полихрониј. Светите Сергиј и Вакх живееле во времето на Римското Царство, за време на царот Максимијан, на преминот од третиот во четвртиот век. Според христијанското предание, ...

Утре се празнува Свети апостол Тома – заштитник на занаетчиите, со празникот се поврзуваат и бројни народни верувања — отвора на Скопје Инфо

Православните верници утре, 19 октомври, го празнуваат Свети апостол Тома, еден од Дванаесетте Христови апостоли, кој во христијанското предание останал запаметен и по своето сомневање во Христовото воскресение. Настанот поврзан со „неверувањето“ на Тома се одбележува во неделата по Велигден, додека 19 октомври е ден посветен на самиот апостол и неговиот живот.

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Република

Утре е Св. Тома и се седи дома, го прославувале дрводелците, столарите, ѕидарите... — отвора на Охрид Прес

Православните верници утре го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрво во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен. Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја ...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Република

Денеска е Св. Апостол Тома: Пред смртта и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на погребот на Пресвета Богородица — отвора на Денешен

Денеска е 6 октомври според стар стил и се слави Св. апостол Тома. Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „...Дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди...

Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Еротеј — отвора на Охрид Прес

Православните верници го прославуваат денешниот ден во чест на Светиот свештеномаченик Еротеј. Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Јерусалим и ...

5 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Инфомакс

До крајот на октомври, православните христијани ќе ги празнуваат овие три големи апостоли! — отвора на Скопје Инфо

До крајот на месец октомври, православните христијани ќе ги слават деновите посветени на апостолите, Тома, Јаков и Лука. Светиот апостол Лука се слави на 19. октомври, Светиот апостол Јаков на 22. октомври, а Светиот апостол и евангелист Лука се слави на 31 октомври.

Се слави ученикот на апостол Павле и проповедник на христијанството – Денеска помолете се здравје и мир — отвора на Press24

Православните верници денеска, 16 октомври, го одбележуваат споменот на Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит, епископ атински, заедно со свештеномачениците Рустик и Елефтериј, како и на преподобниот Јован Хозевит. Свети Дионисиј живеел во првиот век и бил еден од угледните жители на Атина. Според христијанското предание, тој бил меѓу оние што го прифатиле христијанството по проповедта на ...

Св. Дионисиј Ареопагит: Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј се крсти со целиот свој дом — отвора на Денешен

Денеска е 3 октомври по стар стил и се слави Св. свештеномаченик Дионисиј Ареопагит. Се вбројува во Седумдесетте апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Египет за да учи уште. Во тоа време, еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Египет беше темно три часа. Тогаш Дионисиј...

5 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Нетпрес

Наскоро се празнува Светиот апостол Тома — отвора на Скопје Инфо

Тома е еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан.