Суперлигата

33 настани во последните 30 дена, од 28 медиуми

Рикиќ е МВП на колото во Суперлигата — отвора на Курир

Екипата на Работнички ја продолжи победничката серија во Суперлигата, односно по славјето над Скопје од 89:79 има пет од пет во шампионатот и е на лидерската позиција на табелата. Роберт Рикиќ имаше 29 поени, собра 8 скока и дојде до индекс 31 со што воедно дојде до признанието МВП на рундата во најсилната македонска кошаркарска ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Денешен

Вардар 1961 надмоќен против Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби — отвора на Курир

Бранителот на титулата Вардар 1961 вечерва на домашен терен во Скопје убедливо го совлада Еурофарм Пелистер со 31:23 во првото дерби меѓу двата големи ривали оваа сезона во македонската ракометна Суперлига Натпреварот во исполнетиот СЦ „Јане Сандански“ се играше на почетокот гол за гол, кога голманот на Вардар, Валах, со две интервенции им овозможи на соиграчите преку контранапади да поведат со…

МТЕЛ Суперлига – петорка на колото – 5: Рикиќ прв меѓу најдобрите — отвора на SportSport

Роберт Рикиќ, центарот на Работнички, е најкорисниот кошаркар во изборот на најдобрата петорка на петтото коло од МТЕЛ Суперлигата. Со 31 индексен поен, остварен на гостувањето против Скопје, го имаше највисокиот индивидуален учинок во оваа рунда. РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ) На гостувањето против Скопје, високиот центар на Работнички беше прв стрелец во својата екипа, но и ...

Чупиќ: Се надевам навивачите ни простуваат со оваа победа за предходните средби од ЛШ — отвора на Курир

Ракометарите на Вардар 1961 го добија дербито против Е.Пелисѕер со натпреварот од деветтото коло на Суперлигата на Македонија. Шампионот го надигра вицепрвакот и го зададе првиот удар во првото сезонско „вечно“ дерби. По натпреварот свој коментар даде и тренерот Иван Чупиќ. „Ние секогаш сме фаворити дома, така сме поставени и во првенство и во Лигата ...

„Крвава“ пресметка помеѓу „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“ – има повредени! — отвора на SportSport

Иако вечерва не играат МЗТ Скопје и Работнички, сепак двете навивачки групи на клубовите се пресретнаа пред салата „Јане Сандански“. „Сити Парк Бојс“ дојдоа да ги бодрат „црвено-белите“ на дуелот против Скопје, но непосредно пред натпреварот биле пресретнати од навивачите на МЗТ Скопје – „Фемили“. Во отсуство на поголемо обезбедување, двете навивачки групи физички се ...

Струга го изненади Е. Пелистер 2 на гостувањето во Битола — отвора на SportSport

Ракометарите на Струга приредија пресврт во Битола и го совладаа Е. Пелистер 2 со 25:24, во натпревар од деветтото коло на Суперлигата. Домаќините имаа предност од 12:11 на полувремето, но стружани во продолжението успеаја да го свртат резултатот и да ги освојат бодовите. Мечот влезе во неизвесна завршница, а одлуката падна во последната минута. По ...

Работнички остана максимален, Тиквеш подобар од ТФТ — отвора на Курир

Работнички продолжува со одличните настапи во македонската кошаркарска Суперлига, откако го совлада Скопје 2023 со 89-79 и ја запиша петтата победа во исто толку натпревари. Најзаслужен за триумфот беше Рикиќ со 29 поени, додека Паркер постигна 23 за Скопје. На останатите два натпревари, Тиквеш го совлада ТФТ со 77-74, додека Штип славеше против Струмица со ...

Чупиќ: Не сме важни јас и Лино, за Вардар е најважно секогаш да победува — отвора на МКД.мк

На прес-конференцијата пред средбата своите очекувања ги сподели тренерот Иван Чупиќ. „Ова е најголемото македонско дерби, како и на Балканот. Играме дома, се надеваме на полна сала, добра атмосфера од навивачите и да продолжиме со победите. Ова е маратон, има уште многу до крајот на сезоната, ама секој бод многу ни значи. Ние ги знаеме ...

6 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: MakPressКурир+1

Работнички казнет со 82.400 денари, МКК Куманово со 66.400 денари — отвора на SportSport

Дисциплинската комисија при МКФ ги изрече казните за последното коло во нашата кошаркарска Суперлига. А таму Работнички и МКК Куманово заедно треба да платат 144.800 денари. И двата клуба добија казни врз повеќе основи и тоа пресметка на трибините на нивниот меѓусебен меч, како и поради техничките грешки. Работнички е санкциониран со 82.400 денари а ...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Денешен

Алкалоид рутински до убедлива победа — отвора на SportSport

Ракометарите на Алкалоид вечерва како домаќини во меч од 9.коло во ракометната Суперлига, успеаја да слават со 37:27 против составот на Прилеп. Јасно беше и пред натпреварот дека избраниците на Кирил Лазаров се апсолутни фаворити, па прашање беше само со колкава разлика ќе слават против гостите од Прилеп. Ова е нивна осма победа сезонава. Прилеп ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Курир

Изненадување во Струмица: Шампионот го претрпе првиот пораз — отвора на SportSport

Кошаркарите на Струмица приредија големо изненадување совладувајќи го МЗТ Скопје Аеродром со 87:79, во натпревар од 4. коло во Суперлигата. Дуелот беше изедначен во првото полувреме. Струмица ја доби првата четвртина со 26:26, а на паузата имаше предност од 47:44. МЗТ возврати во третиот период, добивајќи го со 20:17, но во последните десет минути домашниот состав ...

Познати судиите на првото сезонско дерби меѓу Вардар и Е. Пелистер — отвора на Курир

Ракометната федерација на Македонија ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на вечното дерби помеѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер. Одговорноста им припадна на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а делегати на натпреварот ќе бидат Душко Камишевски и Лери Мирчески. Вардарци го пречекуваат ривалот од Битола како лидери на табелата, со надеж за продолжување на победничката серија во Суперлигата.…

“Комити” им порачаа на „вардарци“: Победа против Пелистер е единствено сценарио (ФОТО) — отвора на SportSport

По денешното реми со германски Мелсунген (26:26) во Лигата на шампионите, навивачката група „Комити“ испрати јасна порака до ракометарите на Вардар пред големото дерби со Пелистер, кое викендов ќе се игра во домашната Суперлига. „Победа против Пелистер е единствено сценарио“, порачаа „Комитите“ во своето прво обраќање, ставајќи до знаење дека од вардарци очекуваат максимален ангажман ...

Пелистер победи на гостувањето во Новаци — отвора на Битола њуз

Новаци – Пелистер 0:2 (0:2) Екипата на Пелистер од Битола во рамките на 9. коло од Втората фудбалска лига на Македонија гостуваше во Новаци каде... The post Пелистер победи на гостувањето во Новаци first appeared on Bitola News.

Триумфи на Пелистер и Кожув — отвора на Курир

Екипата на Пелистер стигна до втората победа во македонската Суперлига откако славеше во ефикасната пресметка со актуелниот вицешампион Скопје со 101-94. Кочовиќ, кој пред десетина дена пристигна во Битола, повторно беше најдобар стрелец на Пелистер со 31 поен. Во таборот на Скопје, извонредниот центар Паркер забележа 25 поени и 11 скокови, но неговиот настап не ...

Неизвесна завршница во македонската Суперлига: Работнички славеше против Куманово со 70:63 — отвора на Лидер

Кошаркарскиот клуб Работнички забележа нова победа во рамките на четвртото коло од домашната Суперлига. Во неизвесен и борбен дуел одигран на теренот, домашниот тим успеа да го совлада составот на МКК Куманово со конечен резултат 70:63. Натпреварот понуди тактичко надмудрување и неизвесност до самите завршни минути. Клучниот чекор кон триумфот Работнички го направи во самиот финиш од средбата....

Саша Илиќ повторно си поднесе оставка, Партизан ќе бара нов тренер! — отвора на SportSport

Саша Илиќ одлучи да се повлече од функцијата главен тренер на Партизан по поразот од Чукарички со 0-2 во 13-то коло од српската Суперлига. Како што објави „Спортски журнал“, легендарниот фудбалер на „црно-белите“ ја донесе конечната одлука по новиот неуспех и е подготвен да се повлече од тренерската позиција. Партизан претрпе уште еден болен пораз ...

ТФТ го совлада Штип — отвора на Курир

Kошаркарите на ТФТ ja запишаа втората победа во македонската Супер лига откако во воведниот натпревар од 4.коло, на домашен терен го совлада дебитантот во оваа конкуренција Штип. Избраниците на Боро Смилковски славеа победа со 84-70, нанесувајќи им го на штипјани четвртиот последователен пораз. Четворица кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на поени, а најмногу ...

Сигурни победи на фаворитите пред меѓусебната пресметка: Вардар и Еурофарм Пелистер со убедливи триумфи во Суперлигата — отвора на Лидер

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер забележаа сигурни победи во натпреварите од домашното првенство, правејќи успешна увертира пред меѓусебната дерби пресметка во следното коло. Двата тима рутински ги освоија бодовите против своите ривали во натпреварите одиграни во саботата. Актуелниот шампион Вардар оствари гостинска победа во Прилеп совладувајќи го истоимениот домаќин со резултат 29:38....

Мулти Есенс со добар настап на гостувањето кај Струга, ама во финишот доживеа минимален пораз — отвора на SportSport

Струга – Мулти Есенс 32:31 е исходот од вечерашниот меч од 8.коло во нашара ракометана Суперлига. Треба веднаш да се напомене дека младиот состав на гостите и тоа како одигра добар меч, имаше на почетокот и водство а потоа мечот или имаше резултатски егал или домашните водеа со гол или двба разлика. На пауза се ...

Малус броеше до 11: РК Вардар го “прескокна“ и Прилеп и остана перфектен — отвора на SportSport

По Нант во ЛШ, шампионот славеше и во Прилеп. Нема дилеми, РК Вардар си “гази“ во домашниот шампионат. Доцна попладнево во меч од 8.коло во ракометната Суперлига, шампионот како гостин славеше против домашниот Прилеп со 29:38. Па така сега четата на Иван Чупиќ има супер – серија од осум победи во тие осум одиграни натпревари ...

ТФТ до втора победа сезонава — отвора на SportSport

Со конечно 84:70 тимот на ТФТ денеска на свој терен го совлада тимот на Штип, со што ја ја забележа втората победа во новиот Суперлига шампионат. Иако домаќинот не го отвори мечот најдобро, тоа сепак, на избраниците на тренерот Боро Даскаловски не им пречеше во продолжението на средбата да ја консолидираат својата игра и да ...

Прва радост за Мојсов во Србија, Земун победи против Мачва — отвора на SportSport

Македонскиот тренер Ѓорѓи Мојсов конечно ја дочека првата победа на клупата на Земун, откако неговиот тим славеше со минимални 1:0 против Мачва во 13. коло од српската Суперлига. Земун до триумфот стигна на стадионот „Драган Џајиќ“ во Уб, а човек на одлука беше Табаковиќ, кој во 80. минута го постигна единствениот гол на натпреварот. За ...

Петорка на колото: МВП партија на Џонс за прва победа на Скопје! — отвора на SportSport

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе неколку извонредни индивидуални настапи, а во центарот на вниманието се најде новото засилување на Скопје, Камерон Џонс. Со 32 поени и вкупно 39 индексни поени, Џонс беше најкорисниот кошаркар во оваа рунда, а својот одличен настап го круниса со првата сезонска победа на својот тим. Место во најдобрата петорка ...

Реал Мадрид бара Англичаните да платат 80 милиони евра за пропаднатата Суперлига! — отвора на Курир

Европската Суперлига можеби живееше само 48 часа во таа турбулентна 2021 година, но сметките за тој фијаско-проект штотуку почнаа да пристигнуваат на адресите во Англија. Според ексклузивните информации на реномираниот „The Athletic“, Реал Мадрид официјално бара од шестте премиерлигашки гиганти кои први побегнаа од бродот да го платат својот дел од трошоците за формирање на натпреварувањето. Иако...

E. Пелистер 2 го доби Тиквеш — отвора на Курир

Ракометарите на Е.Пелистее 2 ја запишаа третата победа во новата сезона во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа директниот конкурент за место во плеј-офот, Тиквеш. Битолчани славеа со убедливи 34-27 и освоија исклучително важни бодови во борбата за место меѓу најдобрите шест екипи. Фантастични во таборот на домашниот тим беа Давид Димевски со девет ...

Пелистер 2 со убедлив триумф против Тиквеш — отвора на SportSport

Можеби по малку неочекувано, но сепак Пелистер 2 забележа убедлива победа против Тиквеш со 34:27 Не дека победата е сензација, туку изненадување е тоа што младите пелистерци на така убедлив начин стигнаа до неа. Ова беше последниот меч од 7.коло во ракометната Суперлига на Македонија, кој се одигра вечерва во Битола. Уште на стартот Пелистер ...

Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија) — отвора на Битола њуз

Пелистер – Работнички 87:91 Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола се поразени од Работнички во вистински првенствен натпревар во рамките на 3. коло на Суперлигата,... The post Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија) first appeared on Bitola News.

Триумф за Куманово кај Тиквеш, драмата во Битола за Работнички — отвора на Курир

Тиквеш загуби од МКК Кумановосо конечен резултат 75-76 во третото коло на македонската кошаркарската Супер Лига. Најдобар поединец кај Куаманово беше токму Гуден со 21 поен, додека Давион Сајкс имапе 27 поени во редовите на Тиквеш. Во третото коло на Суперлигата се одигра мечот помеѓу Пелистер и Работнички, а победата на крајот замина кај скопскиот состав, кој славеше со конечен резултат 87-91....

Битолчани постигнаа 39 гола на гостувањето кај Прилеп — отвора на SportSport

Е. Пелистер славеше убедлива победа од 39:23 (20:14) на гостувањето кај Прилеп во седмото коло од ракометната Суперлига и привремено се искачи на врвот на табелата. Филип Кузмановски беше предводник на битолчани со девет гола, додека Садоу Нтанзи постигна пет погодоци. Кај домашниот состав, Димитар Димитриоски беше најефикасен со пет гола. Со новите два бода, ...

Штипјани и третпат поразени на стартот на сезоната — отвора на SportSport

Кошаркарите на Штип продолжуваат да ја бараат првата победа во дебитантската сезона во македонската Суперлига, откако по поразите од Тиквеш и Куманово, не успеаја да го прекинат негативниот почеток ниту на дуелот со Кожув од Гевгелија. Штипјани на домашен терен вечерва беа поразени од Кожув со 77:85 и го прокнижија третиот пораз во низа од ...

Нено со 14 поени за втора победа на Арис во грчкиот шампионат — отвора на SportSport

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и Арис ја забележаа втората последователна победа во грчката Суперлига, откако на домашен терен го совладаа Маруси со 74:57, во натпревар од третото коло. Димитријевиќ беше дел од почетната петорка на тимот од Солун и имаше важна улога во клучните моменти од натпреварот. Тој средбата ја заврши со 14 поени, на ...

МЗТ Скопје му покажа на ТФТ кој е шампион (ФОТО) — отвора на SportSport

Шампионот и натаму е перфектен во нашата елитна кошаркарска лига. Вечерва во салата “Јане Сандански“ во дербито на 3.коло, МЗТ Скопје како домаќин успеа да го победи ТФТ со 70:66. Па така сега шампионот има “три од три“, додека ова за тимот од Тафталиџе е вториот пораз. Пулените на стратегот Василев тргнаа силовито уште на ...