Тафталиџе

10 настани во последните 30 дена, од 17 медиуми

Без вода делови на Тафталиџе 2 утре — отвора на Нетпрес

Водовод и канализација – Скопје соопшти дека утре, заради изведување водоводен приклучок ф125 мм на ул. Ванчо Мицков бр.27, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков и дел од ул. Демир Трајко. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршувањето на работните активности.

Градинката „Орце Николов“ во Карпош 3 доби фотоволтаични системи - се поставуваат и на други две во Козле и Тафталиџе 2 — отвора на Скопје Инфо

Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, ги промовираше новопоставените фотоволтаични системи во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 3.

7 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: АлфаДенешен+1

Жителите на Кисела Вода бараат поместување на автобуската постојка на линијата 24 — отвора на Скопје Инфо

Жителите на урбаната заедница „Кисела Вода“ бараат поместување на автобуската постојка на линијата број 24, која сообраќа на релација Тафталиџе – Кисела Вода, и нејзино поставување спроти маркетот „Жито“.

АБА2: ТФТ настапи со само 6 кошаркари и доживеа катастрофа во Тузла — отвора на SportSport

Кошаркарите на ТФТ Скопје доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај Слобода во Тузла на отворањето на сезоната во АБА 2 лигата, откако домаќините славеа со 106:61. Скопскиот тим допатува на овој дуел со само шест кошаркари, што сериозно го отежна обидот да му парира на расположениот противник. Слобода ја искористи кадровската ограниченост на гостите и ...

ТФТ го засили тимот за натпреварите од АБА 2 лигата — отвора на МКД.мк

ТФТ денеска со почеток од 18 часот (пренос на Арена М3 Премиум) гостува кај Слобода од Тузла во првиот меч од новата сезона од АБА 2 лигата. Во пресрет на мечот клубот од Тафталиџе се пофали со ново засилување, 30-годишен центар кој доаѓа од Канада, Отас Ијекекполор. Тој во минатата сезона настапувал за босанскиот прволигаш ...

Во Веро собрани 689 килограми храна за поддршка на околу 58 семејства — отвора на Булевар

Вкупно 689 килограми храна и 15 килограми хигиенски производи беа собрани во хуманитарната акција „Тегла+ – Херои на солидарноста“, одржана на 14 и 15 октомври во Веро Центар – Џамбо и Веро 2 – Тафталиџе. Според податоците што ги објави здружението „Љубезност“, собраната храна ќе овозможи подготовка на пакети за приближно 58 семејства во социјален ...

4 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: МКДенесУтро+1

МЗТ Скопје му покажа на ТФТ кој е шампион (ФОТО) — отвора на SportSport

Шампионот и натаму е перфектен во нашата елитна кошаркарска лига. Вечерва во салата “Јане Сандански“ во дербито на 3.коло, МЗТ Скопје како домаќин успеа да го победи ТФТ со 70:66. Па така сега шампионот има “три од три“, додека ова за тимот од Тафталиџе е вториот пораз. Пулените на стратегот Василев тргнаа силовито уште на ...

Свети Спас со хуманитарни пунктови кај Веро на 17 и 18 октомври — отвора на Булевар

Хуманитарната организација „Свети Спас“ организира собирање храна и хигиенски средства за сограѓани кои се соочуваат со сиромаштија. На 17 и 18 октомври 2026 година, граѓаните ќе можат да донираат на пунктовите кај Веро Џамбо и Веро Тафталиџе во Скопје. Акцијата се организира по повод Светскиот ден на храната, со учество на волонтерите на „Свети Спас“. ...

4 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: МКДенесУтро+1

За нејзините слики често мислат дека се фотографии. Прва самостојна изложба на уметницата Сања Јовановска — отвора на Плусинфо

Слика со маслени бои на платно, но и на дрво, по ѕидови, маици, па дури и по еспадрили и патики. Дел од делата на Сања Јовановска ќе може да се видат на нејзината прва самостојна изложба утре (17.октомври) со почеток во 20 часот во Бифе Тафталиџе.

Дел од Центар и од една населба во Скопје утре без вода — отвора на Нетпрес

ЈП Водовод и канализација (ВиК) – Скопје соопшти за привремени прекини на водоснабдувањето утре, четврток, во дел од центарот на главниот град и во дел од населбата Тафталиџе. Така, заради поврзување од стара на нова водоводна мрежа, од ф400 мм на ф200 мм на улица Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците ...