Likud

12 настани во последните 30 дена, од 22 медиуми

Нема јасен победник на изборите во Израел и покрај рекордната излезност — отвора на Вечер

9 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: ФокусСкопје1+2

Голема излезност на изборите во Израел. Дали ќе заврши ерата на Нетанјаху? — отвора на Плусинфо

Според анкетите објавени во петокот, актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот началник на Генералштабот Гади Ајзенкот водат многу тесна трка. Сепак, предвидувањата се дека ниту еден од нивните политички блокови нема да освои 61 пратеничко место потребни за парламентарно мнозинство, што би можело да доведе до недели или месеци политички преговори.

Никој не обезбеди апсолутно мнозинство- Избори во Израел — отвора на Канал 77

Десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху се издигна како најголема партија на денешните парламентарни избори во Израел, според излезните анкети, но ниту неговиот табор ниту неговите политички ривали не обезбедија апсолутно мнозинство. Водечките израелски телевизиски емитери предвидоа дека Ликуд ќе освои 24 до 25 места во 120-члениот Кнесет, правејќи ја најголема поединечна…

Изборите во Израел завршија без јасен победник – следува период на интензивни политички преговори и надмудрувања — отвора на Телма

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика еврејските партии да се поврзат со него, ветувајќи дека ќе „ја отстранат егзистенцијалната закана од Иран“. Обраќајќи се пред воодушевените поддржувачи во 3 часот изутрина, Нетанјаху нагласи дека анкетите за излез покажуваат дека неговата партија Ликуд се предвидува да биде најголемата партија во следниот...

Мнозинството гласачи во Израел ја поддржаа опозиција, Ликуд најголема партија, покажуваат излезните анкети — отвора на Независен весник

Партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху освои најмногу гласови на изборите во Израел во вторникот, но ниту еден од двата политички табора во Израел нема јасен пат кон формирање влада, покажуваат излезните анкети на Канал 12. Според излезните анкети, блокот од еврејските партии, кои му се спротивставуваат на Нетанјаху, е најголем и се очекува ...

Изборна драма во Израел: „Се обидуваат да ни ги украдат изборите“, предупредува Нетанјаху – рекордна излезност на гласачите — отвора на Вечер

„Не можеме да ја оставиме оваа битка на левицата и арапските партии кои сакаат да го уништат постоењето на еврејската држава. Затоа нема скари, нема одење на плажа. Одете на гласачките места и гласајте за Ликуд“, нагласи тој.

Израелски медиуми: Партијата на Нетанјаху се подготвува да ги оспори изборните резултати во арапските заедници — отвора на МКД.мк

Тајмс оф Израел пишува дека организациите за граѓански права изразиле загриженост поради планот на Ликуд да испрати активисти што ќе ги надгледуваат избирачките места во арапските заедници. Според извештајот на приватната телевизија Канал 12, Ликуд веќе подготвил низа приговори и обвинувања за изборни измами на тие избирачки места. Партијата на Нетанјаху, наводно, планира да го ...

Нетанјаху без мнозинство и покрај водството на Ликуд: Првите излезни анкети му ја разнишаа позицијата — отвора на Рацин

Блокот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху останува далеку од парламентарно мнозинство, иако неговата партија Ликуд според првите излезни анкети би била најголема во новиот состав на Кнесетот. Три израелски телевизии проценуваат дека партиите што го поддржуваат Нетанјаху би освоиле 50 од вкупно 120 пратенички места. За мнозинство се потребни 61 место, што значи дека на ...

Владеачката Ликуд најбројна во Кнесетот, опозицискиот блок со најмногу мандати, арапските партии со рекорден број на места – први излезни анкети по изборите во Израел — отвора на Телма

Опозицискиот блок на поранешниот шеф на израелскиот Генералштаб, Гади Ајзенкот, оствари тесна победа на денешните парламентарни избори во Израел, покажуваат првите излезни анкети. Владејачката Ликуд поединечно има најголем број на пратеници, но коалицијата на Јашар, партијата на Ајзенкот, има повеќе вкупно. Од друга страна, Арапските партии освојуваат рекордно висок број...

Нетанјаху предупредува на голема излезност на арапските гласачи — отвора на Нетпрес

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите крајно десничарски коалициски партнери во вторникот се обидоа да ги мобилизираат своите поддржувачи во последните часови од изборите предупредувајќи на голема излезност на арапските гласачи, потег што арапските политичари го осудија како расистичка тактика дизајнирана да ги разгори тензиите. Автомобили со знамиња на партијата Ликуд на Нетанјаху...

Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас — отвора на Вечер

Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник

Кој е Гади Ајзенкот, генералот што му го загрозува враќањето на власт на Бенјамин Нетанјаху? — отвора на ТРН

Анкетите покажуваат дека блокот на партии околу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кој се неговата партија Ликуд, крајнодесничарските и ултраортодоксните партии, би можел да има тешкотии да обезбеди мнозинство на парламентарните избори закажани за 27 октомври. Еден од главните фактори во оваа изборна трка е Гади Ајзенкот, поранешниот началник на израелскиот Генералштаб, кој се наметна ...