Македонија демонстрира посветеност во реформите, наша цел останува отворање на првиот кластер штом се исполнат условите, истакна Кос

Фото: А1он
Известуваат 15 медиумиПрв објави Нова Македонија · · последен

Во овој настан:Кос

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Македонија покажува посветеност на реформите, а Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон членство во Европската Унија. Сепак, отворањето на првиот преговарачки кластер останува условено со исполнување на преземените обврски, пред сѐ со усвојувањето на уставните измени, пренесе МИА.

Клучни точки

  • Нашата цел останува да го отвориме првиот кластер штом ќе се исполнат условите – рече еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година во Брисел. [Република]
  • Северна Македонија постигнала значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда, но за продолжување на евроинтегративниот процес неопходно е усвојување на уставните измени, се наведува во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. [Макфакс]
  • „Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022. [МКД.мк]
Прочитај на Нова Македонија

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • КосМакедонија треба да ја исполни својата обврска за уставните измени[Република]
  • КосЦелта на ЕК со Македонија останува отворање на првиот кластер штом се исполнат условите[МКД.мк]

Сите извештаи (15)

  1. Нова Македонијапрв

    Македонија демонстрира посветеност во реформите, наша цел останува отворање на првиот кластер штом се исполнат условите, истакна Кос

    Македонија покажува посветеност на реформите, а Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон членство во Европската Унија. Сепак, отворањето на првиот преговарачки кластер останува условено со исполнување на преземените обврски, пред сѐ со усвојувањето на уставните измени, пренесе МИА. Ова го порача еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи го Пакетот за ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  2. А1он

    Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

    Северна Македонија демонстрира посветеност на реформите и Реформската агенда. Европската комисијата ќе продолжи да ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува да го отвориме првиот кластер штом ќе се исполнат условите – рече еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година...

    Истиот текст го објавија и (3):
  3. Република

    Кос: Македонија треба да ја исполни својата обврска за уставните измени

    Македонија демонстрира посветеност на реформите и Реформската агенда. Европската комисијата ќе продолжи да ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон ЕУ. Нашата цел останува да го отвориме првиот кластер штом ќе се исполнат условите – рече еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година во Брисел. Како што рече Кос, ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Макфакс

    Брисел со забелешки во извештајот за Македонија: Нема уставни измени, ниту напредок во борбата против корупцијата

    Северна Македонија постигнала значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда, но за продолжување на евроинтегративниот процес неопходно е усвојување на уставните измени, се наведува во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, порача дека целта на Комисијата останува отворање на првиот преговарачки кластер веднаш по исполнувањето на…

    Истиот текст го објавија и (2):
  5. МКД.мк

    Кос: Целта на ЕК со Македонија останува отворање на првиот кластер штом се исполнат условите

    Како што рече Кос, условите за земјава се јасни. „Македонија треба да ја исполни својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022. Сега зависи од Македонија“, рече Кос. Кос, претходно, претставувајќи го Пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.