Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци

Фото: Независен весник
Известуваат 10 медиумиПрв објави Независен весник · · последен

Во овој настан:Тошковски

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци каде што го нема системот „Безбеден град“.

Клучни точки

  • Од 2027 година, возилата на Министерството за внатрешни работи ќе добијат и функција за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци, особено на патиштата и локациите каде што сѐ уште нема поставено камери од системот „Безбеден град“. [Нова Македонија]
  • Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената на мерката ќе бидат вклучени голем број возила на МВР. [МКД.мк]
Прочитај на Независен весник

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

Сите извештаи (10)

  1. Независен весникпрв

    Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци

    Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци каде што го нема системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на МВР, кои и лоцирани, но и во движење, ќе ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Фактор

    Од 2027 година и полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци: Казни и таму каде што нема камери на „Безбеден град“

    Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци онаму каде што го нема системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на МВР, кои и лоцирани, но и во движење, ќе регистрираат прекршоци на учесници во…

    Истиот текст го објавија и (2):
  3. Нова Македонија

    Тошковски: Полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци и таму каде што нема „Безбеден град“

    Од 2027 година, возилата на Министерството за внатрешни работи ќе добијат и функција за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци, особено на патиштата и локациите каде што сѐ уште нема поставено камери од системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека во системот ќе бидат вклучени поголем број полициски возила, кои ќе можат ...

  4. МКД.мк

    Полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци и таму каде што нема „Безбеден град“

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената на мерката ќе бидат вклучени голем број возила на МВР. Тој посочи дека возачите веќе научиле каде се поставени камерите на „Безбеден град“ и таму ги почитуваат сообраќајните правила, но на местата каде што нема камери сѐ уште се забележува поинаков начин ...

  5. Инфомакс

    Тошковски: Возачите научија каде се камерите на „Безбеден град“ — отсега прекршоци ќе снимаат и полициските возила

    Полициските возила ќе станат мобилни камери за откривање сообраќајни прекршоци во местата каде што нема „Безбеден град“, а новата контрола треба да почне во 2027 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој денеска соопшти дека голем број возила на МВР ќе бидат опремени со уреди што ќе можат да откриваат прекршоци, пред сѐ ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.