УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок
Преглед
Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.
Управата за јавни приходи (УЈП) започна со проверки на приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година, врз основа на податоци добиени од банките. До дел од граѓаните веќе се испратени персонализирани известувања со рок за исполнување на евентуалните даночни обврски.Од УЈП…
Клучни точки
- УЈП соопштува дека во текот на годината во неколку наврати преку медимите ги повика граѓаните да ги исполнат обврските за изминатите години, а сега Управата испрати персонализирани известувања со рок за постапување. [МКД.мк]
- Управата за јавни приходи најави дека ќе преземе мерки во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот. [Плусинфо]
Споредба на известувањето
Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.
- Скопје1УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок
- Бизнис вестиУЈП проверува приливи од странство за 2021 година: не секоја уплата значи даночен долг
- МКД.мкУЈП ги прегледува приливите од странство од 2021 година
- ТелмаУЈП проверува приливи од странство за 2021 година: Доколку не се платат доброволно, Управата ќе преземе законски мерки
- ПлусинфоСЕ ПРОВЕРУВААТ ПРИЛИВИТЕ ОД СТРАНСТВО ОСТВАРЕНИ ВО 2021 ГОДИНА Граѓаните да проверат дали треба да платат данок
- ЛидерУЈП проверува приливи на граѓаните од странство за 2021 година: Не секоја уплата значи даночен долгИсто како текстот на Бизнис вести
Сите извештаи (6)
- Скопје1прв
УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок
Управата за јавни приходи (УЈП) започна со проверки на приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година, врз основа на податоци добиени од банките. До дел од граѓаните веќе се испратени персонализирани известувања со рок за исполнување на евентуалните даночни обврски.Од УЈП предупредуваат дека доколку обврските не бидат исполнети доброволно, Управата ќе преземе мерки во…
УЈП проверува приливи од странство за 2021 година: не секоја уплата значи даночен долг
Управата за јавни приходи започна да ги анализира паричните приливи од странство што граѓаните ги добиле во текот на 2021 година. Проверките се спроведуваат врз основа на информации доставени од банките, а дел од граѓаните веќе добиле индивидуални известувања за евентуални неплатени даночни обврски. Од УЈП посочуваат дека граѓаните треба да ги проверат своите приливи …
Истиот текст го објавија и (1):УЈП ги прегледува приливите од странство од 2021 година
УЈП соопштува дека во текот на годината во неколку наврати преку медимите ги повика граѓаните да ги исполнат обврските за изминатите години, а сега Управата испрати персонализирани известувања со рок за постапување. „Доколку обврските не се исполнат доброволно, Управата за јавни приходи ќе ги преземе мерките во рамките на своите законски надлежности за утврдување на …
УЈП проверува приливи од странство за 2021 година: Доколку не се платат доброволно, Управата ќе преземе законски мерки
Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во изминатиот период започна со проверки на податоците што ги има добиено од банките за приливите од странство на граѓаните остварени во текот на 2021 година и достави персонализирани известувања до физичките лица – за кои располагаше со податоци дека оствариле доход...
СЕ ПРОВЕРУВААТ ПРИЛИВИТЕ ОД СТРАНСТВО ОСТВАРЕНИ ВО 2021 ГОДИНА Граѓаните да проверат дали треба да платат данок
Управата за јавни приходи најави дека ќе преземе мерки во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот.
Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.