Поранешен тренер на Горан Пандев кандидат за нов селектор на Македонија!?

Фото: МакФудбал
Известуваат 6 медиумиПрв објави Спортманија · · последен

Преглед

Турскиот тренер Хамза Хамзаоглу е новото име кое се споменува како можен нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, пренесуваат тамошните медиуми. Некогашниот тренер на Галатасарај веќе официјално започнал преговори за преземање на селекторската фотеља во нашата сениорска селекција, ако е точно тоа што го најавуваат турските медиуми.

Прочитај на Спортманија

Клучни точки

  • Хамза Хамзаоглу, кој последен ангажман имаше како помошник на Фатих Терим во саудискиот Ал-Шабаб, би можел да ја преземе функцијата селектор на македонската репрезентација, тврдат турските медиуми. [МакФудбал]
  • Информацијата ја пренесуваат „Ајанспор“ и други турски спортски портали, повикувајќи се на новинарот Решат Џан Озбудак. [Скопје Инфо]
  • Според информациите што ги објавија турските медиуми, 56-годишниот тренер веќе започнал разговори со Фудбалската федерација на Македонија за преземање на националниот тим. [Национално]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:ХамзаоглуПандев

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. Спортманијапрв

    Поранешен тренер на Горан Пандев кандидат за нов селектор на Македонија!?

    Турскиот тренер Хамза Хамзаоглу е новото име кое се споменува како можен нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, пренесуваат тамошните медиуми. Некогашниот тренер на Галатасарај веќе официјално започнал преговори за преземање на селекторската фотеља во нашата сениорска селекција, ако е точно тоа што го најавуваат турските медиуми. Хамзаоглу беше тренер во турскиот гигант…

  2. МакФудбал

    Турците тврдат: Хамза Хамзаоглу, кој беше тренер на Пандев во Галатасарај, е во преговори за нов селектор на Македонија

    Хамза Хамзаоглу, кој последен ангажман имаше како помошник на Фатих Терим во саудискиот Ал-Шабаб, би можел да ја преземе функцијата селектор на македонската репрезентација, тврдат турските медиуми. Интересно е дека тој беше тренер на Галатасарај во периодот кога Горан Пандев, во сезоната 2014/15, го носеше дресот на Галатасарај. Според информациите на турскиот новинар Решат Џан ...

  3. Скопје Инфо

    Поранешниот тренер на Пандев во преговори за селектор на Македонија

    Турскиот тренер Хамза Хамзаоглу започнал разговори со Фудбалската федерација на Македонија за преземање на функцијата селектор на националниот тим, објавија турски медиуми. Информацијата ја пренесуваат „Ајанспор“ и други турски спортски портали, повикувајќи се на новинарот Решат Џан Озбудак.

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Национално

    ТУРСКИ ТРЕНЕР ВО ПРЕГОВОРИ СО ФФМ Хамзаоглу доаѓа на местото на Седлоски

    Турскиот стратег Хамза Хамзаоглу е потенцијален кандидат за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. Според информациите што ги објавија турските медиуми, 56-годишниот тренер веќе започнал разговори со Фудбалската федерација на Македонија за преземање на националниот тим. Веста ја пренесуваат „Ајанспор“ и други турски спортски портали, повикувајќи се на новинарот Решат Џан Озбудак.…

  5. Рацин

    Хамза Хамзаоглу се споменува за наследник на Седлоски, турските медиуми јавуваат за преговори

    Турскиот тренер Хамза Хамзаоглу е најновото име што се поврзува со селекторската клупа на македонската фудбалска репрезентација. Според информациите на турскиот новинар Решат Џан Озбудак, веќе се започнати разговори за негов можен ангажман. Засега нема официјална потврда од Фудбалската федерација на Македонија за преговорите, ниту објава за постигнат договор или промена на селекторската позиција.…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.