Расправија за крави завршила со тешки повреди: Три лица нападнале 67-годишна жена во Кривопаланечко

Фото: Проверено
Известуваат 14 медиумиПрви објавија Скопје Инфо и Проверено · · последен

Преглед

Шеесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село Дрење се здобила со тешки телесни повреди откако, според нејзината пријава во полиција, била физички нападната од три лица поради недоразбирање околу крави кои предизвикувале штета. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера, 21 ноември, во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка.

Прочитај на Скопје Инфо

Клучни точки

  • Ситуацијата со кравите во кривопаланечко излезе од контрола. [Проверено]
  • Жена од Крива Паланка вчера пријавила дека била натепана од Гоце, Андријана и Ана-Марија од Паланка, кои се екссопственици на кравите, кои сега се одземени од АХВ. [Скопје1]
  • Случајот доаѓа во време кога жителите на Крива Паланка и околните села со години бараат решение за добитокот што неконтролирано се движи и им ги оштетува имотите. [Булевар]
  • Општина Крива Паланка реагира на нападот врз 67-годишна жителка на село Дрење и бара итно постапување на надлежните за заштита на граѓаните. [Независен весник]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:КривопаланечкоДрење

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (14)

  1. Скопје Инфопрв

    Расправија за крави завршила со тешки повреди: Три лица нападнале 67-годишна жена во Кривопаланечко

    Шеесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село Дрење се здобила со тешки телесни повреди откако, според нејзината пријава во полиција, била физички нападната од три лица поради недоразбирање околу крави кои предизвикувале штета. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера, 21 ноември, во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка.

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Проверенопрв

    Три жени се степале поради недоразбирање за крави во кривопаланечко

    Ситуацијата со кравите во кривопаланечко излезе од контрола. Полицијата регистрира случај на физичка пресметка меѓу жени поради недоразбирање околу крави кои правеле штети. Шеесет и седумгодишна жителка на село Дрење пријавила во полиција дека била нападната од две жени кои и нанеле тешки телесни повреди констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка. На 21.11.2026 во ...

    Истиот текст го објавија и (2):
  3. Фокус

    Жена била претепана од сопствениците на кравите во Крива Паланка, завршила со тешки телесни повреди

    Шеесет и едумгодишна жена од кривопаланечко село пријавила дека била нападната од тројца сопственици на кравите ,,шетачи”...

  4. Скопје1

    Жена од Паланка пријавила дека членови на семејството кое ги имаше кравите ја натепале и ѝ нанеле скршеница

    Жена од Крива Паланка вчера пријавила дека била натепана од Гоце, Андријана и Ана-Марија од Паланка, кои се екссопственици на кравите, кои сега се одземени од АХВ. Според пријавата, жената има тешка повреда, односно скршеница. „На 21.11.2026 во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка, Д.Д.(67) од село Дрење, кривопаланечко пријавила дека во село Дрење била физички нападната од Г.Ѓ. А.Ѓ. и А.Ѓ. поради…

  5. Булевар

    Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

    Шеесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село Дрење пријавила дека била физички нападната по недоразбирање околу крави што правеле штета. Случајот доаѓа во време кога жителите на Крива Паланка и околните села со години бараат решение за добитокот што неконтролирано се движи и им ги оштетува имотите. Според полицискиот билтен, Д.Д. (67) на 21 ноември ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.