Снимена силна експлозија во Бенгази, руски воен брод од 200 милиони долари во пламен

Фото: Булевар
Известуваат 4 медиумиПрв објави ТРН · · последен

Преглед

Силна експлозија и пожар избувнаа утрово во военото пристаниште во Бенгази, во источна Либија, при што бил оштетен руски брод. Властите на истокот на земјата соопштија дека првичната истрага укажува на можен напад со дронови, додека поморски аналитичари проценуваат дека станува збор за руската ракетна корвета „Меркуриј“.

Прочитај на ТРН

Клучни точки

  • Според Индекс, повикувајќи се на „Навал њуз“, пожар ја зафатил руската ракетна корвета „Меркуриј“, вредна околу 200 милиони долари. [ТРН]
  • Рускиот воен брод „Меркури“, чија вредност според медиумски проценки изнесува околу 200 милиони долари, потонал во најголемиот дел по силна експлозија во пристаништето во Бенгази, Либија, во раните утрински часови во неделата. [Фактор]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Бенгази

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (4)

  1. ТРНпрв

    Снимена силна експлозија во Бенгази, руски воен брод од 200 милиони долари во пламен

    илен блесок и густ чад над пристаништето во Бенгази се гледаат на снимката од ноќната експлозија што денеска се прошири на социјалните мрежи. Според Индекс, повикувајќи се на „Навал њуз“, пожар ја зафатил руската ракетна корвета „Меркуриј“, вредна околу 200 милиони долари. Либиските власти потврдиле експлозија во склад за муниција во поморската база. Причината останува ...

  2. Булевар

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    Силна експлозија и пожар избувнаа утрово во военото пристаниште во Бенгази, во источна Либија, при што бил оштетен руски брод. Властите на истокот на земјата соопштија дека првичната истрага укажува на можен напад со дронови, додека поморски аналитичари проценуваат дека станува збор за руската ракетна корвета „Меркуриј“. Според Ројтерс, владата со седиште во источна Либија ...

  3. Плусинфо

    НАПАДНАТ РУСКИ БРОД ВРЕДЕН 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Застанал во Бенгази за да наполни гориво, бил погоден со дронови

  4. Фактор

    Руски воен брод вреден околу 200 милиони долари потонал во Либија, се сомневаат во напад со дронови

    Рускиот воен брод „Меркури“, чија вредност според медиумски проценки изнесува околу 200 милиони долари, потонал во најголемиот дел по силна експлозија во пристаништето во Бенгази, Либија, во раните утрински часови во неделата. Сателитските снимки објавени по инцидентот покажуваат дека само предниот дел од корветата останал над водата, додека либиските власти се сомневаат дека бродот бил погоден…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.