Бенгази

6 настани во последните 30 дена, од 13 медиуми

Зеленски потврди дека нападнале руски бродови кај Либија, објави снимки — отвора на Кајгана

Зеленски потврди дека нападнале руски бродови кај Либија, објави снимки Александра Спасеска 23.11.2026 / 10:19 Свет Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина стои зад нападот во кој потона рускиот брод Merkury во близина на либискиот брег. Тој ја опиша операцијата како „пример за украински одговор на руската војна“ и во официјално соопштение наведе дека украинските сили…

Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз руската корвета: „Нашата територија не била лансирна точка“ — отвора на Инфомакс

Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот со поморски дрон врз руска воена корвета во либиското пристаниште Бенгази бил изведен од нејзина територија. Албанското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека земјата немала никаква вмешаност во инцидентот и дека нејзината територија не била користена ниту ставена на располагање за лансирање или овозможување на нападот. ...

Нападнат руски брод во пристаништето Бенгази — отвора на Независен весник

Експлозија на руски брод, закотвен во поморска база во Бенгази, источна Либија, најверојатно е предизвикана од напад со беспилотни летала. Ова го соопштија властите во источниот дел на земјата, повикувајќи се на прелиминарните наоди од истрагата за инцидентот, кој се случил рано во неделата. Според официјалното соопштение на владата назначена од либискиот Претставнички дом, бродот ...

Снимена силна експлозија во Бенгази, руски воен брод од 200 милиони долари во пламен — отвора на ТРН

илен блесок и густ чад над пристаништето во Бенгази се гледаат на снимката од ноќната експлозија што денеска се прошири на социјалните мрежи. Според Индекс, повикувајќи се на „Навал њуз“, пожар ја зафатил руската ракетна корвета „Меркуриј“, вредна околу 200 милиони долари. Либиските власти потврдиле експлозија во склад за муниција во поморската база. Причината останува ...

Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод — отвора на Булевар

Нова поморска тревога кај брегот на Либија. Откако во експлозија во пристаништето во Бенгази беше тешко оштетен руски воен брод, во одвоен инцидент поморски дрон нападнал и трговски брод во близина на градот. Двајца либиски воени извори за Ројтерс изјавиле дека вториот брод пловел под малтешко знаме и бил цел на беспилотно пловило. Според нив, ...

Експлозија во Либија: Рускиот корветен брод „Меркуриј“ можеби е уништен — отвора на Скопје1

Сѐ уште не е потврдена судбината на рускиот ракетен корветен брод „Меркуриј“, за кој се претпоставува дека бил уништен во експлозија во поморската база во Бенгази, Либија.Како што објави „Навал њуз“, станува збор за воен брод од класата „Стерегушчиј“, проект 20380. По анализа на сателитски снимки и други докази, медиумот оценува дека бродот речиси сигурно е уништен, но неговото потонување или…