Програмата за култура за Скопје 2028 е објавена и е отворена за консултации, забелешки и коментари

Фото: Независен весник
Известуваат 6 медиумиПрви објавија Независен весник и Скопје Инфо · · последен

Преглед

Каква културна иднина сакаме за Скопје? Кои идеи, приказни и иницијативи треба да ја одбележат 2028 година, кога нашиот град ќе биде Европска престолнина на културата?

Прочитај на Независен весник

Клучни точки

  • Фондацијата „Скопје 2028“ ја објави работната верзија на Програмата за култура за Европската престолнина на културата и ги повика граѓаните, уметниците, институциите и организациите да достават свои идеи, коментари и забелешки. [Скопје Инфо]
  • Фондацијата ги повикува граѓаните, уметниците, институциите и организациите од целиот град, без разлика на возраста, јазикот, заедницата или општината од која доаѓаат, да ги споделат своите идеи за Европската престолнина на културата најдоцна до 23 ноември 2026 година. [Рацин]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. Независен весникпрв

    Програмата за култура за Скопје 2028 е објавена и е отворена за консултации, забелешки и коментари

    Каква културна иднина сакаме за Скопје? Кои идеи, приказни и иницијативи треба да ја одбележат 2028 година, кога нашиот град ќе биде Европска престолнина на културата? Одговорите на овие прашања Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ сака да ги најде заедно со сите што живеат, создаваат и работат во Скопје. Фондацијата ја објави ...

  2. Скопје Инфопрв

    Скопје 2028 ја отвори програмата за култура за предлози од граѓаните

    Фондацијата „Скопје 2028“ ја објави работната верзија на Програмата за култура за Европската престолнина на културата и ги повика граѓаните, уметниците, институциите и организациите да достават свои идеи, коментари и забелешки. Јавната консултација е отворена до 23 ноември 2026 година.

  3. Рацин

    Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ со отворен повик за учество во креирање на програмата

    Фондацијата ги повикува граѓаните, уметниците, институциите и организациите од целиот град, без разлика на возраста, јазикот, заедницата или општината од која доаѓаат, да ги споделат своите идеи за Европската престолнина на културата најдоцна до 23 ноември 2026 година. Каква културна иднина сакаме за Скопје? Кои идеи, приказни и иницијативи треба да ја одбележат 2028 година, ...

  4. ТРН

    Скопје бара идеи за Европска престолнина на културата 2028 – граѓаните имаат рок до 23 ноември

    Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ја објави нацрт-програмата за култура и ги повика граѓаните да достават идеи, предлози и забелешки најдоцна до 23 ноември 2026 година. Целта е во подготовката на програмата да учествуваат не само културните институции и професионалните уметници, туку и жителите на Скопје, независните организации, младите, граѓанските иницијативи и ...

  5. Press24

    Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите

    „Фондацијата Скопје 2028“ известува дека Нацрт Програмата за Скопје 2028 Европска престолнина на културата е објавена и отворена за консултации, забелешки и коментари. Фондацијата ги повикува граѓаните, уметниците, институциите и организациите од целиот град, без разлика на возраста, јазикот, заедницата или општината од која доаѓаат, да ги споделат своите идеи за Европската престолнина на…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.