Мицкоски: Убедливо победивме во Брвеница – ќе имаме уште 1.000 гласа плус во вториот круг

11 извори · 11 извештаи5 препишани · независноста не е проверенаПрв објави Press24 · · последен
Прочитај на Press24 (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека партијата остварила убедлива победа во првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница, со предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ. „Имаме предност од отприлика 800 гласа во однос на кандидатот на Демократската унија за…

Клучни точки

  • ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со огромен резултат, ова е значајна победа за ВМРО-ДПМНЕ во Полошкиот регион. [Курир]
  • Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните локални избори во Општина Брвеница има предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ, додека разликата во однос на кандидатот на СДСМ е повеќе од четири спрема еден. [Макфакс]
  • Тој изрази очекување дека во вториот круг, закажан за 1 ноември, поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе се зголеми посочувајќи дека партијата во првиот круг добила речиси 3.000 гласа, а во вториот круг очекува 4.000 гласа и конечна победа. [МКД.мк]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • МицкоскиУбедливо победивме во Брвеница – ќе имаме уште 1.000 гласа плус во вториот круг[Press24]
  • МицкоскиВерувам во конечна победа во Брвеница[Курир]

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 4000 — Скопје1, Макфакс, Лидер, МКД.мк
  • 1000 — Press24

Сите извештаи (11)

  1. Press24прв

    Мицкоски: Убедливо победивме во Брвеница – ќе имаме уште 1.000 гласа плус во вториот круг

    Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека партијата остварила убедлива победа во првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница, со предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ. „Имаме предност од отприлика 800 гласа во однос на кандидатот на Демократската унија за интеграција, а во однос на СДСМ победивме со разлика …

  2. Скопје1

    „ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница, очекуваме над 4.000 гласа во вториот круг“, рече Мицкоски за вчерашните избори

    ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа во првиот круг од локалните избори во Брвеница, со предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ и повеќе од четири пати поголема поддршка во споредба со СДСМ, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.Тој оцени дека станува збор за значајна победа за партијата во Полошкиот регион и изрази очекување поддршката да се зголеми во…

  3. Курир

    Мицкоски: Верувам во конечна победа во Брвеница

    ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со огромен резултат, ова е значајна победа за ВМРО-ДПМНЕ во Полошкиот регион. Ова денеска го изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прашан за коментар за вчерашните локални избори во Брвеница. -Имаме предност од 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на политичкиот конкурент СДСМ, победивме со разлика поголема од 4:1.…

    Истиот текст го објавија и (2):
  4. Макфакс

    Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница, очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните локални избори во Општина Брвеница има предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ, додека разликата во однос на кандидатот на СДСМ е повеќе од четири спрема еден. „Вчера ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница, со огромен резултат. …

    Истиот текст го објавија и (2):
  5. Лидер

    (ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во Брвеница го победи СДСМ четири спрема еден, очекувам конечна победа со рекордни над 4.000 гласа

    ВМРО-ДПМНЕ оствари победа во првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница со предност од околу 800 гласа пред кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а во однос на СДСМ разликата е поголема од четири спрема еден, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој изрази очекување дека во вториот круг, закажан за 1 ноември, поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ…

    Истиот текст го објавија и (1):
  6. МКД.мк

    Мицкоски: Очекувам конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница со рекордни над 4.000 гласа

    Тој изрази очекување дека во вториот круг, закажан за 1 ноември, поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе се зголеми посочувајќи дека партијата во првиот круг добила речиси 3.000 гласа, а во вториот круг очекува 4.000 гласа и конечна победа. „Како што знаете, тоа се вонредни избори поради прерано завршениот живот на нашиот Јовица. Благодарност …

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.