Уапсен братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Известуваат 18 медиумиПрв објави Независен весник · · последен

Преглед

Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен како осомничен во случај на трговија со луѓе, објави денеска Петер Маѓар на Фејсбук. „Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе.

Прочитај на Независен весник

Клучни точки

  • Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен во рамки на истрага за сомнежи за криумчарење мигранти, објави „Нова.рс“, повикувајќи се на изјава на актуелниот унгарски премиер Петер Маѓар. [Либертас]
  • Информацијата за приведувањето ја објави премиерот Петер Маѓар, повикувајќи се на тековните постапки што ги водат надлежните истражни органи во земјата. [Рацин]
  • Унгарскиот премиер првично се повика на медиумски информации за акцијата спроведена на 9 ноември. [24 Инфо]
  • Во неа учествувале Националното истражно биро и Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот. [ТРН]
  • Според обвинението, Арон Орбан противзаконски посредувал за издавање Шенген визи и дозволи за престој во Европа на виетнамски државјани. [Проверено]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Виктор ОрбанМаѓар

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (18)

  1. Независен весникпрв

    Уапсен братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

    Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен како осомничен во случај на трговија со луѓе, објави денеска Петер Маѓар на Фејсбук. „Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. НВВХ и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на ...

  2. Либертас

    Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен за криумчарење мигранти

    Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен во рамки на истрага за сомнежи за криумчарење мигранти, објави „Нова.рс“, повикувајќи се на изјава на актуелниот унгарски премиер Петер Маѓар. Маѓар на Фејсбук напиша дека, според медиумските информации, Арон Орбан е приведен под сомнение за криумчарење мигранти и дека истрагата ја водат Националната ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  3. Рацин

    Приведен братот на Виктор Орбан под сомнеж за криумчарење луѓе

    Арон Орбан, брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, е приведен во опсежна полициска акција под сомневање за вмешаност во криумчарење луѓе и издавање нелегални визи, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Информацијата за приведувањето ја објави премиерот Петер Маѓар, повикувајќи се на тековните постапки што ги водат надлежните истражни органи во земјата. Акцијата ја спроведуваат ...

  4. Плусинфо

    БРАТОТ НА ОРБАН ПРИВЕДЕН ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ Веста за големата полициска акција ја сподели Маѓар

  5. Нова Македонија

    Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен како осомничен за трговија со луѓе, објави Маѓар

    Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен како осомничен за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар. – Според извештаите во печатот, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги ја продолжуваат истрагата – напиша Маѓар на својата ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
    Истиот текст го објавија и (3):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.