Електронски алки за насилниците. Владата предлага нов закон за побрза заштита на жртвите од семејно насилство

Известуваат 16 медиумиПрв објави Press24 · · последен

Преглед

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва за телевизија Сител, најави дека во Собранието е поднесено ново законско решение за семејно насилство, со кое се предвидува и можност за употреба на електронски алки за следење на насилниците.

Прочитај на Press24

Клучни точки

  • Дел очекуваните десет милиони евра годишни приходи од сообраќајни казни, може да се искористат за набавка и имплементација на електронски алки за следење на сторители на семејно насилство. [Проверено]
  • Жените, мајките и ќерките мора да се чувствуваат најбезбедно во сопствениот дом, а институциите имаат обврска да преземат сѐ што е во нивна моќ за да ја гарантираат нивната заштита. [Независен весник]
  • Електронски алки за следење лица опфатени со судска одлука и овластувања за побрза полициска интервенција се дел од предложените законски измени за постапување при семејно насилство. [24 Инфо]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Тошковски

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ТошковскиЖената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците[Press24]
  • ТошковскиДел од парите од сообраќајните казни може да се користат за електронски алки за следење на насилниците[Проверено]

Сите извештаи (19)

  1. Press24прв

    Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците

    Жената, мајката и ќерката треба најбезбедно да се чувствуваат во својот дом, а институциите се должни да направат сѐ што е во нивна можност за нивна заштита, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител, најавувајќи дека во Собранието е поднесено ново законско решение за семејно насилство, со кое, меѓу другото, ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. Фактор

    Тошковски најави дека со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва за телевизија Сител, најави дека во Собранието е поднесено ново законско решение за семејно насилство, со кое се предвидува и можност за употреба на електронски алки за следење на насилниците. Тошковски додаде дека повеќе од пет до шест месеци интензивно се работело на подготовката на законското решение, во соработка со Министерството за…

  3. Национално

    ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Владата предлага нов закон за побрза заштита на жртвите од семејно насилство

    Министерството за внатрешни работи поднесе ново законско решение за спречување и заштита од семејно насилство, со кое се предвидува можност за употреба на електронски алки за следење на насилниците. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Сител истакна дека законот е подготвуван повеќе од шест месеци, во соработка со институции, експерти, обвинители, судии ...

  4. Проверено

    Тошковски: Дел од парите од сообраќајните казни може да се користат за електронски алки за следење на насилниците

    Дел очекуваните десет милиони евра годишни приходи од сообраќајни казни, може да се искористат за набавка и имплементација на електронски алки за следење на сторители на семејно насилство. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител, посочувајќи дека во Собранието веќе е поднесено ново законско решение со кое се ...

  5. Проверено

    Електронските алки ќе бидат дел од новиот закон за заштита од семејно насилство

    Побрза интервенција на полицијата во случај на семејно насилство и можност за употреба на електронски алки за следење на осомничените лица најавува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. За дневникот на телевизија Сител, вечерва Тошковски откри дека повеќе од пет до шест месеци интензивно се работело на подготовка на законското решение во соработка со Министерството ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.