Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

Известуваат 5 медиумиПрв објави ЦИВИЛ Медиа · · последен

Преглед

Администрацијата на Доналд Трамп најавува обид за постигнување конечен договор за завршување на војната во Украина, преку трилатерални разговори со Русија и Украина во Абу Даби.

Прочитај на ЦИВИЛ Медиа

Клучни точки

  • Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби денеска продолжуваат, по првата рунда разговори одржана вчера, која траеше околу четири часа и се одвиваше зад затворени врати. [Инфомакс]
  • Руските медиуми потсетуваат дека, за време на првиот ден од разговорите, што траеја речиси четири часа, украинското прашање било само една од темите, додека главниот фокус бил на формирањето на нов безбедносен систем во Европа. [Независен весник]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Абу Даби

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (6)

  1. ЦИВИЛ Медиапрв

    Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

    Администрацијата на Доналд Трамп најавува обид за постигнување конечен договор за завршување на војната во Украина, преку трилатерални разговори со Русија и Украина во Абу Даби. Во фокусот на разговорите е и пошироко преуредување на безбедносните односи меѓу Русија и Европа, што предизвикува загриженост кај европските сојузници поради можноста за отстапки кон Москва и промена ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  2. MakPress

    Заврши првата рунда од трилатералните преговори во Абу Даби, разговорите продолжуваат утре

    Во Абу Даби заврши првиот ден од трилатералните преговори помеѓу Украина, САД и Русија. Преговорите траеја 4,5 часа со пауза од 40 минути. Трилатералните преговори за завршување на војната во Украина ќе продолжат утре. The post Заврши првата рунда од трилатералните преговори во Абу Даби, разговорите продолжуваат утре first appeared on MakPress.

    Исто како текстот на
  3. Инфомакс

    Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во Абу Даби

    Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби денеска продолжуваат, по првата рунда разговори одржана вчера, која траеше околу четири часа и се одвиваше зад затворени врати. Според најавите, новата рунда треба да започне во девет часот по локално време. Руската делегација, предводена од помошникот на претседателот Владимир Медински, најави дека нејзините членови ...

  4. Независен весник

    Завршија преговорите меѓу Русија, САД и Украина во Абу Даби

    Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денеска во Абу Даби. Руските медиуми потсетуваат дека, за време на првиот ден од разговорите, што траеја речиси четири часа, украинското прашање било само една од темите, додека главниот фокус бил на формирањето на нов безбедносен систем во Европа. Според она што се дознава, на состанокот ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
    Истиот текст го објавија и (1):
  5. Плусинфо

    ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ РУСИЈА, САД И УКРАИНА ВО АБУ ДАБИ Засега, ниту збор за резултатите

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.