Примиле повик за повредено лице, но не испратиле медицинска екипа – кривична за двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово

17 извори · 17 извештаи8 препишани · независноста не е проверенаПрви објавија Скопје1 и Press24 · · последен
Прочитај на Скопје1 (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца вработени во Итната медицинска помош при ЈЗУ Тетово, на возраст од 35 и 51 година, поради сомнение за неукажување медицинска помош, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 29 јуни 2026 година, првопријавената И.В. примила…

Клучни точки

  • Како што се наведува во полицискиот билтен, кривичните пријави следат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување медицинска помош“. [Скопје Инфо]
  • Како што информираат од МВР, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. [Макфакс]
  • Потоа за тоа го известила раководителот. [Нетпрес]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (17)

  1. Скопје1прв

    Примиле повик за повредено лице, но не испратиле медицинска екипа – кривична за двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово

    СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца вработени во Итната медицинска помош при ЈЗУ Тетово, на возраст од 35 и 51 година, поради сомнение за неукажување медицинска помош, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 29 јуни 2026 година, првопријавената И.В. примила телефонски повик за повредено лице во селото Доброште, но не испратила медицинска екипа на местото. За…

  2. Press24прв

    Падна кривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице

    СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35) и И.М.(51) од Тетово, вработени во Итна медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување медицинска помош“, информираа од МВР. На 29.06.2026 во Итна медицинска помош Тетово, првопријавената примила телефонска пријава, но не испратила екипа за укажување медицинска помош на повредено …

    Истиот текст го објавија и (5):
  3. Скопје Инфо

    Примила повик, но не испратила екипа за укажување на медицинска помош - вработена во Итна помош во Тетово и нејзин раководител добија кривични

    СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В.(35) и И.М.(51) од Тетово, вработени во Итна медицинска помош при ЈЗУ Тетово. Како што се наведува во полицискиот билтен, кривичните пријави следат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување медицинска помош“.

  4. Макфакс

    Кривична пријава против двајца вработени во Итната помош во Тетово, не испратиле екипа кај повредено лице

    Кривична пријава е поднесена против двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово, осомничени дека не испратиле екипа за да му укаже медицинска помош на повредено лице во селото Доброште. Како што информираат од МВР, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за кривичното …

    Истиот текст го објавија и (1):
  5. Плусинфо

    ПРИМИЛЕ ПОВИК ЗА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК, НО НЕ ИСПРАТИЛЕ ЕКИПА Кривична пријава против двајца вработени во тетовската Итна помош

    СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца вработени во Итната медицинска помош поради сомнение дека не била испратена екипа кај повредено лице во Доброште.

  6. Фокус

    Кривична за двајца вработени во Брза помош – Тетово, не пратиле екипа да укаже помош на пациент

    СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35) и И.М.(51) од Тетово, вработени во Итна медицинска помош при…

    Речиси идентичен текст
  7. МКД.мк

    Пријава за двајца вработени во Итната помош во Тетово, не испратиле екипа за повреден во Доброште

    СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51), вработени во ЈЗУ Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, на 29 јуни годинава, првопријавената И.В. примила телефонски повик за повредено лице во Доброште, но не испратила медицинска екипа на местото. За случајот го известила и второпријавениот И.М., кој бил раководител. Против двајцата …

  8. Канал 77

    Вработени во Итна медицинска помош во Тетово не помогнале на повредно лице

    Вработени во Итна медицинска помош во Тетово заработија кривична поради неукажување на помош. -СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35) и И.М.(51) од Тетово, вработени во Итна медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување медицинска помош”. На 29.06.2026 во Итна медицинска помош Тетово, првопријавената примила телефонска…

  9. Нетпрес

    Кривични за вработени во Итна помош Тетово – не испратиле возило за интервенција

    На 29 јуни, вработена во Итна медицинска помош Тетово примила телефонска пријава за потреба од итна помош на повредено лице во тетовското село Доброште, но не испратила екипа со возило. Потоа за тоа го известила раководителот. Поради тоа, одговорната И.В.(35) и раководителот И.М.(51), добија кривични пријави од СВР Тетово, за сторено кривично дело „неукажување медицинска …

  10. 24 Инфо

    Повредено лице чекало помош, но Итната помош не испратила екипа – кривични пријави за двајца вработени во Тетово

    Кривични пријави се поднесени против двајца вработени во Итната медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради сомнение дека не обезбедиле медицинска интервенција за повредено лице во тетовското село Доброште, иако бил примен телефонски повик за помош. Како што информира Министерството за внатрешни работи, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51), двајцата од …

    Истиот текст го објавија и (1):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.