Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации за Алта банка за кои требало да го предупреди државниот врв

Известуваат 6 медиумиПрв објави Инфомакс · · последен

Преглед

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, сведочеше на денешната надзорна расправа за Алта банка во Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија.

Прочитај на Инфомакс

Клучни точки

  • Агенцијата за разузнавање во периодот кога Алта банка влегувала на македонскиот пазар немала разузнавачки сознанија за евентуални безбедносни закани или ризици поврзани со нејзиното работење, поради кои би било потребно известување на државниот врв. [Нова Македонија]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:ЈаковлеваАлта

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ЈаковлеваАгенцијата за разузнавање не најде информации за Алта банка за кои требало да го предупреди државниот врв[Инфомакс]
  • ЈаковлеваАгенцијата за разузнавање немаше сознанија за безбедносни ризици поврзани со влезот на Алта банка[Нова Македонија]

Сите извештаи (6)

  1. Инфомакспрв

    Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации за Алта банка за кои требало да го предупреди државниот врв

    Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, сведочеше на денешната надзорна расправа за Алта банка во Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија. Директорката во своето обраќање кажа дека Агенцијата за разузнавање ги следи приоритетите на НАТО, а во периодот на влезот на Алта банка Агенцијата не располагала со било какви податоци ...

  2. Нова Македонија

    Јаковлева: Агенцијата за разузнавање немаше сознанија за безбедносни ризици поврзани со влезот на Алта банка

    Агенцијата за разузнавање во периодот кога Алта банка влегувала на македонскиот пазар немала разузнавачки сознанија за евентуални безбедносни закани или ризици поврзани со нејзиното работење, поради кои би било потребно известување на државниот врв. Ова го истакна директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, на собраниската надзорна расправа посветена на работењето на Алта…

  3. Независен весник

    Агенцијата за разузнавање немала сознанија што би наложиле известување на државниот врв за Алта банка, вели директорката Јаковлева

    Агенцијата за разузнавање во периодот на влез на Алта банка во државата не располагала со разузнавачки сознанија што би укажувале на безбедносни закани или ризици што би наложиле известување на државниот врв – истакна директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева на надзорната расправа во Собранието посветена на работењето на Алта банка. Одговарајќи на прашања ...

    Истиот текст го објавија и (2):
  4. Плусинфо

    АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ БИЛО ПОТРЕБНО ДА СЕ ИЗВЕСТУВА ДРЖАВНИОТ ВРВ Немало безбедносни закани, ниту ризици

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.