Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

19 извори · 20 извештаи11 препишани · независноста не е проверенаПрв објави Press24 · · последен

Во овој настан:КлековскиФЗО

Прочитај на Press24 (се отвора нов таб)

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Двојна наплата на здравствени услуги. Операција на очи еднаш услагата ја плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент.

Клучни точки

  • Двојната наплата се правела масовно. [Канал 77]
  • Одговорајќи на новинарско прашање Клековски рече дека токму тој бил иницијатор на истрагата бидејќи станувало збор за здравствена установа која повеќе пати сторувала прекршоци, но не била казнувана. [Плусинфо]
  • Три лица од Фондот за здравствено осигурување и две лица од приватна здравствена установа се инволвирани во случајот со злоупотреба на средства од таа институција за што МВР спроведува акција. [Курир]
  • Тој посочи дека акцијата што ја спроведува МВР утринава е повеќемесечна, и е темелена на повеќе од една година истрага. [МКД.мк]

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • КлековскиЗа операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција[Press24]
  • КлековскиТри лица од ФЗО и две од приватна болница се инволвирани во злоупотреба на средства, за што во тек е полициска акција[Курир]

Сите извештаи (20)

  1. Press24прв

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    Двојна наплата на здравствени услуги. Операција на очи еднаш услагата ја плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент. И ова се правело масовно. Детали за денешната акција во рамки на истрага за финансиски криминал објави министерот за здравство, Сашо Клековски, кој кажа и дека опфатени се прекршоци од различни водиви но овој бил најмасовен. Одговорајќи на ...

    Истиот текст го објавија и (2):
  2. Фокус

    Клековски со детали за акцијата на МВР во „Санте Плус“: За операција на очи болницата наплаќала и од Фондот и од пациентите

    Двојна наплата на здравствени услуги. Операција на очи еднаш услагата ја плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент....

    Изменето од издавачот (2 верзии)
    Истиот текст го објавија и (2):
  3. Скопје1

    Пациентите плаќале операции на очи што Фондот веќе ги покрил – нови детали за полициската акција во приватна болница и ФЗО

    Двојна наплата на здравствени услуги, при што за исти операции на очите еднаш плаќал Фондот за здравствено осигурување, а вторпат пациентите, е меѓу најмасовните злоупотреби опфатени со денешната акција за финансиски криминал во здравствениот сектор.Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека истрагата опфаќа повеќе видови прекршоци, а иницијативата за нејзино отворање потекнала од него…

  4. Канал 77

    Масовна двојна наплата и никој не ги казнувал, рече Клековски кој ја иницирал истрагата и ќе го раскине договорот со „Санте“

    Операција на очи еднаш услагата ја плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент. Двојната наплата се правела масовно. Министерот за здравство, Сашо Клековски кажа дека опфатени се прекршоци од различни водиви но овој бил најмасовен. Одговорајќи на новинарско прашање Клековски рече дека токму тој бил иницијатор на истрагата бидејќи станувало збор за Здравствена установа која повеќе ...

  5. Плусинфо

    САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски ја открил шемата и побарал да се раскине договорот со болницата

    Одговорајќи на новинарско прашање Клековски рече дека токму тој бил иницијатор на истрагата бидејќи станувало збор за здравствена установа која повеќе пати сторувала прекршоци, но не била казнувана.

  6. Курир

    Клековски: Три лица од ФЗО и две од приватна болница се инволвирани во злоупотреба на средства, за што во тек е полициска акција

    Три лица од Фондот за здравствено осигурување и две лица од приватна здравствена установа се инволвирани во случајот со злоупотреба на средства од таа институција за што МВР спроведува акција. Станува збор за повеќе видови на прекршоци, една од најмасовните е двојна наплата на пациентите односно земени се пари од Фондот за одредена услуга за која има договор и таа услуга под различни превези и…

  7. МКД.мк

    Клековски ја потврди истрагата за злоупотреба на средства од ФЗО од приватна болница

    Тој посочи дека акцијата што ја спроведува МВР утринава е повеќемесечна, и е темелена на повеќе од една година истрага. „Во акцијата е вклучена една приватна здравствена установа која имаше договор со Фондот за здравствено осигурување и неколку лица од Фондот. Станува збор за злоупотреба на средства од Фондот за здравствено осигурување. Се надевам дека ...

  8. Алфа

    Клековски: Три лица од ФЗО и две од приватна болница се инволвирани во злоупотреба на средства, за што во тек е полициска акција

    Три лица од Фондот за здравствено осигурување и две лица од приватна...

    Речиси идентичен текст
  9. Скопје Инфо

    Три лица од ФЗО и две од приватната болница инволвирани во малверзациите - пациентите плаќале за веќе наплатени услуги

  10. 360 степени

    Клековски за акцијата на МВР: Приватна болница двојно ги наплаќала услугите – земала пари и од ФЗО и од пациентите

    Министерот за здравство информира дека истрагата била иницирана од него додека беше на чело на Фондот за...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.