Собраниска седница: 2.158 амандмани и ново гласање за јавните набавки, ветото на претседателката не ги засега измените за избор на најповолната, наместо досегашната најевтина понуда

Фото: Проверено
Известуваат 13 медиумиПрв објави Проверено · · последен

Преглед

Измените на Законот за јавните набавки, со кои се укинува критериумот „најниска цена“ при изборот на најповолната понуда, денеска повторно се пред пратениците, во рамки на 129. собраниска седница.

Прочитај на Проверено

Клучни точки

  • Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, за кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одлучи да не го потпише указот за прогласување, денеска повторно се разгледува во Собранието, во рамки на 129. пленарна седница. [Бизнис вести]
  • За законските измени се поднесени вкупно 2.158 амандмани, а пратениците треба повторно да ги разгледуваат во фаза на трето читање. [Скопје Инфо]
  • Немате одговор на 2 156 амандмани, ова е единствен начин да го одблокирате. [360 степени]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Сиљановска

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 13 — МИА, Проверено, 365, 360 степени
  • 2158 — Проверено, Бизнис вести, Скопје Инфо
  • 129 — Бизнис вести

Сите извештаи (16)

  1. Проверенопрв

    Собраниска седница: 2.158 амандмани и ново гласање за јавните набавки, ветото на претседателката не ги засега измените за избор на најповолната, наместо досегашната најевтина понуда

    Измените на Законот за јавните набавки, со кои се укинува критериумот „најниска цена“ при изборот на најповолната понуда, денеска повторно се пред пратениците, во рамки на 129. собраниска седница. Иако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за прогласување на законот, нејзиното вето не се однесува на суштинските измени за начинот на избор на понудите, ...

  2. Бизнис вести

    Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред на 129. седница, поднесени 2.158 амандмани

    Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, за кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одлучи да не го потпише указот за прогласување, денеска повторно се разгледува во Собранието, во рамки на 129. пленарна седница. За законските измени се поднесени вкупно 2.158 амандмани. Владејачкото мнозинство поднело амандман со кој се бара бришење на спорниот член ...

    Истиот текст го објавија и (3):
  3. Скопско Ехо

    Над 2.100 амандмани за Законот за јавни набавки, Собранието повторно го разгледува

    Собранието денеска повторно ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби...

    Исто како текстот на
  4. Скопје Инфо

    Измените на Законот за јавни набавки пред пратениците, поднесени 2.158 амандмани

    Измените на Законот за јавните набавки денеска се на дневен ред на 129. пленарна седница на Собранието, откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за нивно прогласување. За законските измени се поднесени вкупно 2.158 амандмани, а пратениците треба повторно да ги разгледуваат во фаза на трето читање.

  5. Скопје1

    Законот за јавни набавки денеска повторно пред пратениците по ветото на Силјановска-Давкова

    Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки денеска повторно е пред пратениците, откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова одлучи да не го потпише указот за негово прогласување. Законот се разгледува во рамки на 129. пленарна седница, во трето читање.За законските измени биле поднесени вкупно 2.158 амандмани. Владејачкото мнозинство предложило со амандман да се…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.