Дојава за бомба во авион од Даблин за Рим, леталото пренасочено кон Франција

Фото: Макфакс
Известуваат 9 медиумиПрв објави Макфакс · · последен

Во овој настан:Даблин

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Авион од типот „Ербас“, кој сообраќал на релацијата Даблин – Рим, бил пренасочен кон воздухопловна база во северна Франција по дојава за бомба, потврди денеска кабинетот на францускиот премиер Себастијан Лекорни. Од кабинетот соопштиле дека внимателно ја следат ситуацијата и дека околностите на инцидентот сѐ уште се утврдуваат, пренесува „Евроњуз“.

Клучни точки

  • Патнички авион на линијата од Даблин кон Рим денеска итно беше пренасочен и принудно слета на аеродром во Франција по добиена пријава за поставена експлозивна направа. [ТРН]
  • Француските власти потврдија дека военото воздухопловство веднаш по добиената пријава за закана испратило воени авиони за придружба на леталото. [Рацин]
Прочитај на Макфакс

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (11)

  1. Макфакспрв

    Дојава за бомба во авион од Даблин за Рим, леталото пренасочено кон Франција

    Авион од типот „Ербас“, кој сообраќал на релацијата Даблин – Рим, бил пренасочен кон воздухопловна база во северна Франција по дојава за бомба, потврди денеска кабинетот на францускиот премиер Себастијан Лекорни. Од кабинетот соопштиле дека внимателно ја следат ситуацијата и дека околностите на инцидентот сѐ уште се утврдуваат, пренесува „Евроњуз“. Инцидентот следува откако завчера десетина ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  2. ТРН

    Авион од Даблин кон Рим итно пренасочен во Франција по дојава за бомба

    Патнички авион на линијата од Даблин кон Рим денеска итно беше пренасочен и принудно слета на аеродром во Франција по добиена пријава за поставена експлозивна направа. Француските безбедносни служби веднаш активираа вонредни протоколи за проверка на леталото и патниците. Овој инцидент се случува само два дена по бранот слични лажни дојави кои предизвикаа сериозни прекини ...

  3. Скопје1

    Авион на летот Даблин–Рим принудно слетал во Франција поради дојава за бомба

    Авион „Ербас“ кој во четвртокот летал од Даблин кон Рим бил пренасочен кон Франција поради дојава за поставена бомба. По безбедното слетување, леталото било пречекано од итните служби, а веднаш била спроведена безбедносна постапка, пренесува „Еуроњуз“.Француските власти извршиле детална проверка на авионот, патниците и багажот, но полицијата потврдила дека не е пронајдена експлозивна направа.…

  4. Рацин

    Авион од Даблин кон Рим пренасочен во Франција поради закана за бомба

    Патнички авион на ирската авиокомпанија „Ер Лингус“ што сообраќал на линијата Даблин – Рим денеска итно е пренасочен кон Франција и придружуван од воени авиони по пријавена закана за поставена бомба. Француските власти потврдија дека военото воздухопловство веднаш по добиената пријава за закана испратило воени авиони за придружба на леталото. Авионот е пренасочен кон воениот ...

  5. Рацин

    Бран лажни дојави за бомби во авиони ширум Европа

    Нов бран закани за поставени бомби во патнички авиони предизвика вонредни слетувања, пренасочувања и кревање воени ловци во неколку европски земји. Француските власти пренасочија авион на линијата Даблин – Рим во воена база, а за закани пријавија и аеродромите во Рим, Прага, Виена и Софија. Патнички авион на ирската авиокомпанија „Ер Лингус“, кој сообраќал на ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.