Трифуновски за бегството во Шпанија: Зоран Заев е еден од пријателите од СДСМ што ми помогнал и на кого сум му благодарен

Фото: Скопје1
Известуваат 12 медиумиПрв објави Денешен · · последен

Во овој настан:ЗаевВМРО-ДПМНЕ

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Зоран Трифуновски-Жаба, организацискиот секретар на СДСМ, во „Претрес со Ландов“ потврди дека се сретнал со Зоран Заев во Грција пред да се врати во Македонија по бегството во Шпанија. Тој во 2013 година, беше обвинет дека учествувал во прободување на директорот на Водовод-Охрид за време на митинг на СДСМ, поради претходно нерасчистени сметки поврзани со тендер.

Клучни точки

  • Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, велат од ВМРО-ДПМНЕ. [Press24]
  • Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда, со Заев се среќавал во неговата вила во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. [Макфакс]
  • Трифуновски се гонеше за обид за убиство, но доби повторно судење, а пресудата беше донесена во време кога СДСМ беше вратена на власт. [Плусинфо]
Прочитај на Денешен

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (16)

  1. Денешенпрв

    ТРИФУНОВСКИ ЗА БЕГСТВОТО ВО ШПАНИЈА: Зоран Заев е еден од пријателите од СДСМ што ми помогнал и на кого сум му благодарен

    Зоран Трифуновски-Жаба, организацискиот секретар на СДСМ, во „Претрес со Ландов“ потврди дека се сретнал со Зоран Заев во Грција пред да се врати во Македонија по бегството во Шпанија. Тој во 2013 година, беше обвинет дека учествувал во прободување на директорот на Водовод-Охрид за време на митинг на СДСМ, поради претходно нерасчистени сметки поврзани со тендер. Но, во разговорот даде различни…

    Истиот текст го објавија и (4):
  2. Press24

    ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство

    Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, ...

  3. Макфакс

    ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

    Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда, со Заев се среќавал во неговата вила во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека Зоран Заев бил еден од пријателите што му помогнал додека беше во бегство, за ...

    Истиот текст го објавија и (2):
  4. Плусинфо

    ДОДЕКА БИЛ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ОД МАКЕДОНИЈА СЕ СРЕЌАВАЛ СО ЗАЕВ ВО НЕГОВАТА ВИЛА ВО ГРЦИЈА!? Признание на актуелниот организациски секретар на СДСМ Зоран Трифуновски – Жабата

    Трифуновски се гонеше за обид за убиство, но доби повторно судење, а пресудата беше донесена во време кога СДСМ беше вратена на власт. Тогаш, истиот судија, кој му одреди 6 години и 4 месеци затвор, потоа донесе ослободителна пресуда.

  5. Курир

    Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, реагира владејачката партија

    Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека Зоран Заев бил еден од…

    Истиот текст го објавија и (2):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.