Мртов скопјанец пронајден утрово кај Смилковци, телото било во близина на неговиот автомобил - полицијата истражува

Фото: Рацин
Известуваат 21 медиумиПрв објави Скопје1 · · последен

Преглед

Безживотно тело на маж утрово било пронајдено кај надвозник во близина на скопското село Смилковци.

Прочитај на Скопје1

Клучни точки

  • При прегледот на телото била забележана прострелна повреда во пределот на ногата, а причините за смртта засега не се утврдени. [Скопје Инфо]
  • Како што објавија медиумите, станува збор за Един Ш. од скопското село Љубин. [Press24]
  • Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 6:15 часот, потврди Министерството за внатрешни работи. [Рацин]
  • На 21.11.2026 во 06:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. [24 Инфо]
  • Во раните утрински часови, во СВР Скопје бил пријавен случајот. [Журнал]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Смилковци

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (27)

  1. Скопје1прв

    Мртов скопјанец пронајден утрово кај Смилковци, телото било во близина на неговиот автомобил - полицијата истражува

    Безживотно тело на маж утрово било пронајдено кај надвозник во близина на скопското село Смилковци. Според неофицијални информации на Скопје1, станува збор за 38-годишен жител на село од скопскиот регион, кој бил пронајден во близина на својот автомобил.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 06:15 часот, откако било забележано лице без знаци…

  2. Плусинфо

    УТРОВО ПРОНАЈДЕН МРТОВ ЧОВЕК КАЈ СМИЛКОВЦИ Мажот бил во близина на својот автомобил

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  3. Скопје1

    Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој утрово беше најден мртов покрај „мерцедесот“ кој го возел: МВР со детали за случајот кај Смилковци

    Прострелна повреда во пределот на ногата била забележана кај 38-годишниот маж кој утрово беше пронајден мртов на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. Станува збор за Един Ш. од скопското село Љубин, а во непосредна близина на неговото тело бил пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал.Според информациите, причините…

    Истиот текст го објавија и (3):
  4. Скопје Инфо

    38-годишен скопјанец пронајден мртов покрај автомобил: Забележана прострелна рана на ногат

    Безживотно тело на 38-годишен маж утрово било пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. При прегледот на телото била забележана прострелна повреда во пределот на ногата, а причините за смртта засега не се утврдени.

  5. Скопје Инфо

    МВР со детали за починатиот маж на скопската обиколница: Пронајден со прострелна повреда на ногата

    Министерството за внатрешни работи излезе со официјални информации за случајот со 38-годишниот маж кој утрово беше пронајден мртов на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци.

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.