По 15 години повторно во функција базенот во Полициската академија во Идризово

Фото: Скопје1
Известуваат 12 медиумиПрв објави Скопје1 · · последен

Во овој настан:ИдризовоТошковски

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

По повеќе од 15 години надвор од употреба, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција. За обновувањето биле вложени околу 5,7 милиони денари, а работите биле завршени за неполни три месеци.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го…

Клучни точки

  • Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. [Макфакс]
  • Ќе се користи за обука на идни полицајци, специјализирани тренинзи, спасувачки вежби и проверка на физичката подготвеност. [Плусинфо]
  • Објектот веќе активно се користи за проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. [Лидер]
Прочитај на Скопје1

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ТошковскиБазенот во Идризово го вративме во функција по 15 години запуштеност[4NEWS]

Сите извештаи (12)

  1. Скопје1прв

    По 15 години повторно во функција базенот во Полициската академија во Идризово

    По повеќе од 15 години надвор од употреба, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција. За обновувањето биле вложени околу 5,7 милиони денари, а работите биле завршени за неполни три месеци.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што веќе се проверувале пливачките способности на кандидатите за прием во…

  2. 4NEWS

    Тошковски: Базенот во Идризово го вративме во функција по 15 години запуштеност

    По повеќе од 15 години надвор од употреба, базенот во Полициската академија во Идризово повторно ќе им служи на припадниците на македонската...

  3. Макфакс

    Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

    По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за ...

  4. Алфа

    Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

    По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија...

    Речиси идентичен текст
  5. Плусинфо

    📽️ 📷 ПО 15 ГОДИНИ ПРОПАЃАЊЕ, БАЗЕНОТ ВО ИДРИЗОВО ПОВТОРНО Е ОТВОРЕН Кандидатите за „Тигар“ веќе ги проверуваат пливачките способности

    Објектот во Полициската академија бил надвор од употреба повеќе од 15 години. Ќе се користи за обука на идни полицајци, специјализирани тренинзи, спасувачки вежби и проверка на физичката подготвеност.

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.