Прва трилатерална средба на Џинпинг, Трамп и Путин во Шенжен

Фото: Проверено
Известуваат 15 медиумиПрв објави ЦИВИЛ Медиа · · последен

Преглед

Претседателите на САД, Доналд Трамп, на Русија, Владимир Путин, и на Кина, Си Џинпинг, на 19 ноември треба да одржат прва трилатерална средба во кинескиот град Шенжен. Средбата ќе се одржи во рамките на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а нејзиното одржување веќе е потврдено од трите земји.

Прочитај на ЦИВИЛ Медиа

Клучни точки

  • Кинескиот претседател Си Џинпинг во средата предупреди на зголемување на трговските бариери и повика на поголема слободна трговија, кратко пред американскиот претседател Доналд Трамп да пристигне во Кина за самитот на АПЕК, каде што двајцата лидери треба да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин. [Проверено]
  • Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости. [Рацин]
  • Американскиот претседател Доналд Трамп денес пристигна во кинескиот град Шенжен, каде што на аеродромската писта, во подножјето на скалите од неговиот авион, лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг. [ТРН]
  • Тоа беше гест на Си што отстапуваше од вообичаената практика. [Кајгана]
  • Овој потег привлече особено внимание бидејќи претставува отстапување од вообичаената дипломатска практика во Кина. [Национално]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:ТрампПутинШенженЏинпингАПЕКШји

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (26)

  1. ЦИВИЛ Медиапрв

    Прва трилатерална средба на Џинпинг, Трамп и Путин во Шенжен

    Претседателите на САД, Доналд Трамп, на Русија, Владимир Путин, и на Кина, Си Џинпинг, на 19 ноември треба да одржат прва трилатерална средба во кинескиот град Шенжен. Средбата ќе се одржи во рамките на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а нејзиното одржување веќе е потврдено од трите земји. Најавата за средбата доаѓа во период ...

  2. Проверено

    Путин пристигна во Кина. Се сретна со Трамп и Си

    Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина, каде што ќе учествува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) и ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Авионот на Путин слета денес на аеродромот Баоан во кинескиот град Шенжен, а неговото пристигнување беше емитувано во живо на руската телевизија, јавува ...

  3. Проверено

    Си повикува на слободна трговија на самитот на АПЕК пред разговорите со Трамп и Путин

    Кинескиот претседател Си Џинпинг во средата предупреди на зголемување на трговските бариери и повика на поголема слободна трговија, кратко пред американскиот претседател Доналд Трамп да пристигне во Кина за самитот на АПЕК, каде што двајцата лидери треба да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин. „Отворањето носи напредок, додека изолацијата неизбежно води кон назадување“, им ...

  4. Скопје1

    (Видео) Путин пристигна во Кина и се сретна со Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК

    Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во кинескиот град Шенжен, каде што се одржува самитот на АПЕК, и оствари средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. Разговорите биле посветени на билатералните односи и актуелната меѓународна состојба.На средбата, одржана на маргините на самитот во државната резиденција „Ќилин Шанжуанг“, Путин истакнал дека руско-кинеското партнерство во надворешната…

  5. Рацин

    Путин пристигна во Кина и имаше средба со Си пред заедничкиот состанок со Трамп

    Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово пристигна во кинескиот град Шенжен, каде што се одржува самитот на АПЕК, и се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми. Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости. Путин му ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.