ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина

Фото: Либертас
Известуваат 8 медиумиПрв извештај · последен

Преглед

Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со институциите на ЕУ, ќе ја претставуваат Европа во евентуални мировни преговори помеѓу Русија и Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Прочитај на Либертас

Клучни точки

  • Според официјален претставник на ЕУ, ова е договорено на неформалниот Самит на ЕУ одржан денеска во Даблин. [Проверено]
  • Европските лидери постигнаа договор за формирање преговарачки тим кој би можел да учествува во мировните разговори меѓу Русија и Украина со посредство на САД. [Антропол]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (9)

  1. Либертас

    ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина

    Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со институциите на ЕУ, ќе ја претставуваат Европа во евентуални мировни преговори помеѓу Русија и Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. – Ги поздравуваме сите дипломатски напори насочени кон доведување на Русија на преговарачката маса. Се надеваме дека тоа ќе донесе конкретни резултати, наведе Кошта ...

    Истиот текст го објавија и (4):
  2. Нова Македонија

    Пет европски држави и институциите на ЕУ ќе ја претставуваат Европа во мировните преговори за Украина

    Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со институциите на Европската Унија, ќе ја претставуваат Европа во евентуалните мировни преговори меѓу Русија и Украина. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Даблин. Кошта ги поздрави дипломатските иницијативи насочени кон започнување преговори со Москва…

  3. Проверено

    Пет европски земји и ЕУ ќе ја претставуваат Европа на мировните преговори за Украина

    Пет европски земји, Велик Британија, Германија, Италија, Полска и Франција, како и претставници на Европската комисија и на Европскиот совет, ќе бидат дел од делегацијата што ќе ја претставуваат Европа на следните мировни преговори за Украина. Според официјален претставник на ЕУ, ова е договорено на неформалниот Самит на ЕУ одржан денеска во Даблин. Најавата за ...

    Изменето од издавачот (2 верзии)
  4. Антропол

    Европските лидери договорија преговарачки тим за мировните разговори за Украина, но сѐ уште нема имиња

    Европските лидери постигнаа договор за формирање преговарачки тим кој би можел да учествува во мировните разговори меѓу Русија и Украина со посредство на САД. Договорот се случи по повеќемесечни несогласувања меѓу европските земји околу тоа кој треба да го претставува континентот во дипломатските преговори. Одлуката ја соопшти претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по неформалниот ...

  5. Проверено

    Зошто Европа испраќа седум претставници на мировните преговори за Украина?

    Европската Унија на неформалниот Самит во Даблин реши да учествува во мировните преговори меѓу Русија и Украина со делегација составена од пет земји и претставници на Европската комисија и на Европскиот совет. Делегацијата ќе ја сочинуваат претставници од Германија, Велика Британија, Италија, Полска и Франција и уште двајца од европските институции или вкупно седум члена. ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.