Грчката крајбрежна стража извлече тела на 12 мигранти од чамец кај Крит

Известуваат 9 медиумиПрв објави Проверено · · последен

Преглед

Грчките власти утрово пронашле 12 починати лица на брод со мигранти што пловел јужно од островот Крит. Уште 18 лица од истото пловило биле спасени од товарен брод што минувал низ областа, соопшти грчката крајбрежна стража, а пренесе Асошиејтед прес.

Прочитај на Проверено

Клучни точки

  • Крајбрежната стража спаси уште 18 лица од бродот, на околу 15 наутички милји од пристаништето Калои Лименес [Мета.мк]
  • Најмалку 12 мигранти загинале откако чамецот со кој патувале бил пронајден јужно од грчкиот остров Крит. [Скопје1]
  • Засега нема информации за идентитетот на загинатите или околностите на нивната смрт. [24 Инфо]
  • Грчката крајбрежна стража соопшти дека чамецот бил лоциран во понеделникот наутро на околу 15 наутички милји, односно приближно 28 километри јужно од медитеранскиот остров Крит. [Рацин]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Крит

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (9)

  1. Проверенопрв

    Грчката крајбрежна стража извлече тела на 12 мигранти од чамец кај Крит

    Грчката крајбрежна стража соопшти дека во раните утрински часови, од чамец лоциран во близина на островот Крит, биле извлечени телата на 12 мигранти.Во три одделни инциденти, јужно од Крит, во областа Кали Лименас, спасени се и 105 мигранти, пренесува порталот „Катимерини“.Најсериозниот инцидент се случил на 15 наутички милји југоисточно од пристаништето Кали Лименас, кога брод-контејнер ...

  2. ТРН

    Трагедија кај Крит: Пронајдени 12 мртви мигранти на преполн брод

    Грчките власти утрово пронашле 12 починати лица на брод со мигранти што пловел јужно од островот Крит. Уште 18 лица од истото пловило биле спасени од товарен брод што минувал низ областа, соопшти грчката крајбрежна стража, а пренесе Асошиејтед прес. Засега нема информации за идентитетот на загинатите, ниту за околностите под кои починале. Според крајбрежната ...

  3. Кајгана

    Грчките власти пронајдоа 12 тела во чамец со мигранти јужно од Крит

    Грчките власти пронајдоа 12 тела во чамец со мигранти јужно од Крит спасени се 18 лица Филип Здравески 09.11.2026 / 08:11 Регион Грчките власти утринава пронајдоа 12 тела на чамец со мигранти што пловел јужно од Крит. Тетретен брод, кој поминувал низ тој реон, спасил уште 18 лица од истото пловило, соопшти Грчката крајбрежна стража, пренесува AP. Засега нема информации за идентитетот на…

  4. Мета.мк

    Грција извлече 12 тела на мигранти од брод кај Крит, спасени се десетици лица

    Крајбрежната стража спаси уште 18 лица од бродот, на околу 15 наутички милји од пристаништето Калои Лименес

  5. Скопје1

    Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

    Најмалку 12 мигранти загинале откако чамецот со кој патувале бил пронајден јужно од грчкиот остров Крит. Уште 18 лица биле спасени од товарен брод што минувал низ областа, соопшти грчката крајбрежна стража, а пренесува АП.Пловилото било откриено утрово, на околу 28 километри јужно од Крит. Засега нема информации за идентитетот на загинатите ниту за околностите под кои настапила нивната…

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.