Обвинителот бара извинување од Ива Михаилова, која на поткаст кажа дека ѝ барал пари

Известуваат 8 медиумиПрв објави 4NEWS · · последен

Преглед

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо Крстов, преку својот полномошен адвокат побара Ива Михаилова јавно да му се извини и да ги повлече изјавите што ги дала во поткаст на бугарски новинар.

Прочитај на 4NEWS

Клучни точки

  • Во соопштението се наведува дека Михаилова изнела невистинити тврдења со кои го нарушила угледот и професионалната репутација на обвинителот. [Журнал]
  • Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо Крстов, бара Ива Михајлова јавно да му се извини и да ги повлече изјавите во кои го обвини дека ѝ упатил дискриминаторска порака поради нејзиното бугарско национално чувство и дека преку посредник барал пари за да ѝ обезбеди условна казна. [Инфомакс]

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Прашања за оваа вест »Отвора AI-пребарување на Google со подготвено прашање. Одговорот го пишува Google.

Во овој настан:Ива Михаилова

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Сите извештаи (8)

  1. 4NEWSпрв

    Обвинителот од Кочани бара јавно извинување од Ива Михаилова по обвинувањата изнесени во бугарски поткаст

    Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо Крстов, побара Ива Михаилова јавно да му се извини и да ги повлече изјавите...

  2. Скопје1

    Обвинителот од Кочани бара јавно Ива Михаилова да му се извини по обвинувањата за дискриминација и барање пари изнесени во бугарскиот поткаст

    Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо Крстов, преку својот полномошен адвокат побара Ива Михаилова јавно да му се извини и да ги повлече изјавите што ги дала во поткаст на бугарски новинар. Тој смета дека нејзините тврдења го нарушиле неговиот углед и професионалната репутација.Михаилова во гостувањето тврдела дека обвинителот ѝ упатил дискриминаторска порака поради…

    Изменето од издавачот (2 верзии)
    Истиот текст го објавија и (1):
  3. Журнал

    Обвинителот бара извинување од Ива Михаилова, која на поткаст кажа дека ѝ барал пари

    Јавниот обвинител, Игорчо Крстов, од ОЈО Кочани, застапник на обвинението против Ива Михаилова, упати барање до неа јавно да му се извини и да ги повлече изјавите изнесени во поткастот кај новинар во Бугарија. Во соопштението се наведува дека Михаилова изнела невистинити тврдења со кои го нарушила угледот и професионалната репутација на обвинителот. Обвинителот преку ...

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. 360 степени

    Обвинителот Крстов од Кочани бара извинување од Ива Михаилова, која на поткаст рече дека ѝ барал поткуп

    Кочанскиот обвинител Игорчо Крстов, кој го застапува предметот против Ива Михаилова, ги отфрли како невистинити нејзините изјави...

  5. Инфомакс

    Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива Михајлова за тврдењата дека барал поткуп

    Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо Крстов, бара Ива Михајлова јавно да му се извини и да ги повлече изјавите во кои го обвини дека ѝ упатил дискриминаторска порака поради нејзиното бугарско национално чувство и дека преку посредник барал пари за да ѝ обезбеди условна казна. Крстов реагирал преку својот полномоштен адвокат, оценувајќи дека ...

    Истиот текст го објавија и (1):

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.