Јадро

8 настани во последните 30 дена, од 15 медиуми

Изложба на Марко Угарковиќ во Културниот центар „Јадро“ на 1 ноември — отвора на Мета.мк

На 1 ноември, со почеток во 19 часот, во Културниот центар „Јадро“ во Скопје ќе биде отворена изложбата „Делови“ на Марко Угарковиќ, етаблиран македонски концертен фотограф

Хоџа ги претстави петте модули од иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“ — отвора на Press24

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност, поефикасни административни постапки и подобро управување со податоците и процесите поврзани со животната средина. „Дигитализацијата за нас не е само софтвер. Таа е политичка алатка…

Вториот дел од книжевниот фестивал „Друга приказна“ денеска и утре во КСП Центар Јадро — отвора на Република

Вториот дел од 11. издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“, чија тема годинава е „Дисензус“, ќе се одржи денеска и утре во Културниот центар „Јадро“ во Скопје. Во двата фестивалски дена, од 18 до 21 часот, се предвидени седум настани, меѓу кои разговори со автори, промоции на книги и стихозбирки, одбележување на јубилејот на издавачката ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Денешен

„Дома е секогаш Капиштец“: Матеј Богдановски вечерва ја промовира новата книга во Јадро — отвора на ТРН

Каде е домот кога градот постојано се менува, а маалото останува дел од личниот идентитет? „Дома е секогаш Капиштец“ е насловот на новата книга на Матеј Богдановски, чија промоција ќе се одржи вечерва, 22 октомври, од 20 часот во КСП Центар – Јадро во Скопје. Богдановски е ликовен уметник и автор чие творештво се движи ...

Изложбата „Стаорска трка“ во културниот центар „Јадро“ — отвора на Нова Македонија

Во културниот центар „Јадро“ е отворена заедничката изложба „Стаорска трка“ на уметниците Ертунч Сали и Ангела Бошевска. Изложбата го истражува современиот начин на живот како бескрајна трка по успех, статус и моќ. Поттикнати од филозофски теории околу вредности, дисциплина и илузија, мотивите на тркачите, ловците и мршојадците стануваат симболика преку која авторите го разгледуваат циклусот ...

„Стаорска трка“-изложба на Ангела Бошевска и Ертунч Сали денеска во КСП Центар Јадро — отвора на Република

СТАОРСКА ТРКАИзложба на Ангела Бошевска и Ертунч Сали 19 октомври (понеделник) | 20:00 часотИзложбата ќе биде отворена до 27 октомври „Стаорска трка“ ја претставува современата човечка состојба — начин на живот во кој индивидуата е вплеткана во бескрајна, безмилосна трка за богатство, статус и моќ. Тоа е свет во кој сите трчаат, стремејќи се да ...

Млади уметници од Скопје, Белград и Сараево ја создаваат изложбата „Чувства на припадност“ — отвора на ТРН

Млади уметници од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ги завршија истражувачките сесии во Скопје во рамки на регионалната програма „Чувства на припадност“. Во просториите на КСП Јадро и низ централното градско подрачје, авторите работеа на деконструкција на колективната меморија, женското антифашистичко наследство и просторните политики. Процесот сега преминува во продукциска фаза...

„Кажи си ја маката“ e називот на отворената граѓанска трибина која ќе се одржи утре во Скопје — отвора на Радио МОФ

Граѓанската сила „Замисли“ и БЦКП „Солуција“ утре, 15 октомври, со почеток во 18 часот, во КСП Центар „Јадро“ во Скопје ќе организираат јавна трибина под наслов „Кажи си ја маката“, на која граѓаните ќе имаат можност отворено да разговараат за проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Станува збор за третото издание од серијата ...