Њујорк

40 настани во последните 30 дена, од 40 медиуми

Поранешна Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување — отвора на Фокус

Шестмина граѓани го тужат Трамп поради ограничувањата за медиумите во Белата куќа — отвора на Скопје1

Во САД е поднесена тужба против претседателот Доналд Трамп и тројца високи функционери во неговата администрација, со која шестмина граѓани бараат заштита на правото на јавноста да добива независни информации за работата на претседателот и неговата влада.Тужбата е поднесена пред федералниот окружен суд во Њујорк, а меѓу тужените се и шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, директорот за...

7 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: БрифКурир+3

Трамп разгледува нова отстапка за Москва – можно укинување на санкциите за рускиот Фонд за директни вложувања — отвора на Телма

Американската администрација ја разгледува можноста за укинување на санкциите за рускиот Фонд за директни вложувања кој важи за важен инвестициски фонд кој за Вашингтон со години претставуваше еден од клучните инструменти за ширење на руско влијание во светот, пишува „Њујорк Тајмс“. Американски официјални претставници го опишуваа како „slush fund“ на...

Скелет од диносаурус на аукција во Њујорк: Се очекува да достигне цена помеѓу шест и девет милиони долари — отвора на Независен весник

Склопениот скелет на диносаурусот од видот Нанотиран, наречен „Џоди“, кој долго време се сметал за млад тираносаурус рекс, ќе се продава на аукција во „Сотбис“ во Њујорк и се очекува да достигне цена помеѓу шест и девет милиони долари. Скелетот е висок околу три метри, а аукциската куќа го опишува како одлично зачуван примерок подготвен ...

Кoe е најдоброто место за градење кариера? — отвора на Фактор

Њујорк го задржа првото место на листата на најдобри градови во светот за 2026 година, според истражувањето на „Оксфорд економикс“. Неговата огромна економска моќ, силниот пазар на трудот и способноста да привлече професионалци од целиот свет го издвојуваат од конкурентите, но високите трошоци за живот остануваат еден од најголемите предизвици за неговите жители. Каде е најдоброто место за…

Каде е најдоброто место за градење кариера, а каде е најдоброто место за живеење? — отвора на Бизнис Инфо

Каде е најдоброто место за градење кариера, а каде е најдоброто место за живеење – резултатите од рангирањето на градовите се изненадувачки Њујорк повторно е на врвот на глобалната листа на градови со најдобри вкупни резултати оваа година. Зад него се Лондон и Париз, додека американската метропола ја должи својата позиција првенствено на силна економија, ...

Поранешниот шеф на ФБИ повторно пред суд во САД поради наводно откривање доверливи информации — отвора на Скопје1

Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, повторно се соочува со кривична постапка во САД, овојпат поради наводно откривање информации за националната одбрана. Ова е трет обид на Министерството за правда да покрене постапка против долгогодишниот критичар на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-Би-Си.Во судскиот поднесок се наведени две точки од обвинението, но без многу детали....

На денешен ден пред 88 години светот се запозна со најлонот — отвора на ТРН

На 27 октомври 1938 година, пред околу 3.000 членки на женски клубови собрани на просторот на идниот Светски саем во Њујорк, потпретседателот на DuPont, Чарлс Стајн, официјално го претстави најлонот. Првото целосно синтетичко влакно произведено од јаглен, вода и воздух беше најавено како материјал на утрешнината, поставувајќи ги темелите на модерната индустрија за синтетички полимери ...

Дончиќ постигна 52 поени против Јута! — отвора на Курир

Лука Дончиќ го постигна првиот натпревар со преку 50 поени во новата НБА сезона, експлодирајќи со 52 поени во победата на Лејкерс над Јута со 132-123. Постигна 25 поени уште во првиот дел, за на крајот да ги обезбеди клучните погодоци во финишот на четвртата четвртина. Со овој триумф Лејкерси го продолжија својот перфектен старт на сезоната со три победи на три натпревари (3-0). Покрај...

„Историска победа“: Странските медиуми за победата на Студентска листа на парламентарните избори во Србија — отвора на Независен весник

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави дека долгогодишниот српски националистички владетел Александар Вучиќ го признал поразот на парламентарните избори, но дека нема големи разлики меѓу него и победничката Студентска листа кога станува збор за многу контроверзни прашања, како што се статусот на Косово или односите со Русија и Европската Унија. Изборите се одржаа бидејќи цврстата контрола ...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ЛидерMakPress

Северина, Тијана и Раде Шербеџија ја прославија победата на Студентската листа на изборите во Србија — отвора на Журнал

Хрватската пејачка Северина, актерот Раде Шербеџија и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ се меѓу познатите личности од регионот кои јавно ги поддржаа студентите на парламентарните избори во Србија одржани вчера (25 октомври). Северина ја прослави победата на Студентската листа на социјалните мрежи, Шербеџија испрати порака од Њујорк, а Дапчевиќ сподели видео како се слави на улиците ...

Roger Sanchez – „Another Chance“ (2001): Песната што освои светски топ-листи со позајмен стих и огромно црвено срце — отвора на ТРН

Една жена шета низ Њујорк носејќи огромно црвено срце. Минувачите ја одминуваат, некои ја гледаат чудно, а срцето станува сè помало. Во позадина звучи хаус-мелодија која во 2001 година ќе стане еден од најпрепознатливите денс-хитови на деценијата. Тоа е „Another Chance“ на американскиот диџеј и продуцент Roger Sanchez – песна која годинава одбележува 25 години ...

Британец основал своја држава меѓу Србија и Хрватска, потоа добил признание за хуманитарна работа — отвора на МКД.мк

На настан одржан во седиштето на ОН во Њујорк, на Џексон му беше врачена награда за помошта што неговата земја, Слободна Република Вердис, ѝ ја пружила на Брегот на Слоновата Коска, пренесува Њујорк пост. Наградата му ја додели Институтот за истражување на јавни политики и дипломатија. Џексон рече дека тоа за него било многу интересно ...

Синот на Сара Џесика Паркер има 23 години: Џејмс е копија на мајка си, истиот изглед од глава до пети — отвора на Вистина.мк

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ и нејзиниот сопруг Метју Бродерик се појавија со најстариот син на премиерата на театарска претстава во Њујорк, додека неговата актерска кариера полека добива замав. Сара Џесика Паркер повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат не беше во центарот на вниманието само поради модниот избор. Актерката на црвениот тепих на Бродвеј го држеше за рака...

„Њујорк тајмс“: Политичка промена во Србија, но неизвесност за нејзиниот однос кон ЕУ и Русија — отвора на Скопје Инфо

По повеќе од една деценија доминација на српската политичка сцена, Александар Вучиќ призна изборен пораз, во момент кога студентските протести сериозно ја разнишаа неговата контрола врз власта.

Кара5: Од Македонија до светските пазари – дигиталниот раст и вештачката интелигенција како двигатели на бизнисот — отвора на Пари

Во време кога дигиталната трансформација и вештачката интелигенција сè повеќе го менуваат начинот на кој функционираат компаниите, македонската компанија Кара5 повеќе од една деценија гради меѓународна приказна, помагајќи им на бизнисите да ја претворат својата амбиција во мерливи резултати. Со канцеларии во Скопје и Њујорк, Кара5 денес соработува со компании од Швајцарија, Европа, САД и ...

Елизабет Кејди Стентон: жената што бараше еднаквост кога тоа беше револуционерно — отвора на ТРН

На 26 октомври 1902 година, во Њујорк, на 86-годишна возраст, почина Елизабет Кејди Стентон, една од клучните фигури на американското движење за правата на жените. Таа е авторката на Декларацијата на чувствата, документот со кој во 1848 година за првпат организирано било побарано право на глас за жените во САД, барање што се исполнило дури ...

Меси не даде гол, Мајами загуби — отвора на Република

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, не успеа да се запише во листата на стрелците за прв пат во 13 натпревари од регуларната сезона од МЛС. Капитенот на Интер Мајами ноќеска влезе како замена во 56. минута на натпреварот против Њујорк Ред Булс и не успеа да постигне гол. Неговиот тим загуби со 2:0. Во ...

Раде Шербеџија од Њујорк: „Излезете и гласајте, студентите победуваат!“ — отвора на Скопје1

Познатиот актер Раде Шербеџија испрати порака од центарот на Њујорк до граѓаните на Србија, повикувајќи ги да излезат на денешните предвремени парламентарни избори и отворено изразувајќи поддршка за студентската листа.Во видеообраќањето, снимено во утринските часови во Њујорк, Шербеџија зборува за атмосферата меѓу граѓаните од Србија кои живеат во Соединетите Американски Држави.„Рано наутро е во...

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО) — отвора на ЦИВИЛ Медиа

БЕЛГРАД, 25 октомври 2026 – Извонредно голем интерес за гласање, долги редици и атмосфера што потсетува на референдум – ова се дел од впечатоците на Марко Маневски, колумнист на ЦИВИЛ МЕДИА, кој во првиот видеоразговор од Белград ја пренесе атмосферата од денешните вонредни парламентарни избори во Србија. Првите податоци за излезноста го потврдуваат големиот интерес ...

Србите во Њујорк во пижами чекаа да гласаат во два по полноќ — отвора на Рацин

Стотици српски државјани во два часот по полноќ чекаа пред Генералниот конзулат на Србија во Њујорк да се отвори гласачкото место за денешните парламентарни избори. Дел од нив дојдоа во пижами и бањарки, а имаше и со маски за спиење, јави агенцијата Бета. Редицата се протегала од зградата на конзулатот до Петтата авенија. Според Бета, ...

Лејкерс ги победија Клиперс, Дончиќ загуби дури 11 топки (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Лос Анџеклес Лејкерс ги победија ЛА Клиперс со 125:117 во градското дерби и ја забележаа втората победа во вториот натпревар од новата НБА-сезона. Најефикасен во победничкиот тим беше Остин Ривс со 28 поени, два скока и девет асистенции, додека Лука Дончиќ постигна 23 поени, шест скока и седум асистенции. Словенечкиот кошаркар, сепак, имаше дури 11 ...

6 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: КурирMakPress

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци — отвора на Сител

Цената на нафтата на светските пазари денеска достигна највисоко ниво во последните пет месеци, надминувајќи 118 долари за барел. Растот на цените предизвика негативни движења на берзите во САД и Европа, каде што инвеститорите реагираа на зголемените геополитички ризици. Суровата нафта од типот „Брент“, која се тргува на лондонскиот пазар, поскапе за 2,8 отсто, надминувајќи ја границата од 118...

Финалистите од минатата сезона, Њујорк и Сан Антонио се уште се без победа — отвора на Макфакс

Финалистите од минатата сезона во НБА лигата, Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс, сезоната ја започнаа со два порази. Спарс во дербито на Тексас загубија од Хјустон 114:110, додека шампионите Њујорк паднаа во Бостон 107:103. Виктор Вембањама доби блокада во последниот напад на Сан Антонио, а потоа Ван Влит од линијата за слободни фрлања стави ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Танкер со 40.000 тони руски дизел плови кон Њујорк по договорот Трамп-Путин — отвора на Рацин

Танкер со 40.000 тони руски дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Ова е прва испорака на руски нафтени деривати за американскиот пазар по забраната за нивен увоз воведена во 2022 година, а Вашингтон го дозволи увозот во обид да ги намали високите цени на горивата. ...

Трамп го обвини Леброн Џејмс за непочитување на државната химна — отвора на Скопје1

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини кошаркарот Леброн Џејмс за непочитување на државната химна за време на отворањето на новата сезона во НБА лигата.Џејмс стоел во редот со соиграчите од Филаделфија 76ерс додека се изведувала химната, но притоа ги движел рацете како да се загрева и ги испробувал движењата за шут.„Додека ја слушаше државната химна, Леброн Џејмс покажа непочитување кон...

7 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: КурирБриф+2

Како да се забави губењето на мускулната маса со возраста: Овие навики се клучни — отвора на Пулс24

Фитнес тренерот од Њујорк, Џејкоб Земер, специјализиран за работа со клиенти на возраст меѓу 35 и 55 години, објасни за „Фокс њуз“ како да се спречи губењето на мускулите како ...

Тројца мажи тврдат дека Линдзи Греам им плаќал за секс, еден од нив вели дека имал 17 години — отвора на Макфакс

Тројца мажи тврдат дека починатиот американски сенатор Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, им плаќал за сексуални односи. Обвинувањата се изнесени во 30-минутен документарен филм на левичарскиот медиум „Јанг Туркс“ (The Young Turks), објавен вчера, пренесува „Њујорк тајмс“. Наводите засега не се независно потврдени. Еден од мажите, кој се претставува само како Келвин, тврди дека ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Крај на една ера во Њујорк: Коњските кочии заминуваат во историјата — отвора на ТРН

По повеќе од еден век, романтичните возења со коњски кочии низ Централ парк ќе бидат забранети, а одлуката веќе предизвика поделени реакции меѓу граѓаните, туристичките работници и активистите за заштита на животните. Градскиот совет на Њујорк изгласа забрана за користење коњски кочии на градските улици и во познатиот Централ парк. Одлуката, која треба да почне ...

Филаделфија победи со најголемиот пресврт, пораз на Денвер — отвора на Курир

Кошаркарите на Филаделфија и Оклахома остварија победи на домашен терен во натпреварите од НБА-лигата. Филаделфија направи неверојатен пресврт против Кливленд Кавалирс и славеше со 114:106, додека актуелниот шампион Оклахома беше подобар од Денвер со 96:84. Филаделфија ја забележа втората победа во сезоната, откако пред својата публика го совлада Кливленд во натпревар во кој во еден момент имаше...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Една реченица повторно ја стави Елизабет Холмс во фокусот: Нов документарец отвори спор со „Њујорк тајмс“ — отвора на Reporter.mk

Новиот документарец „You Can See Everything“ повторно ја отвори расправата за јавниот имиџ на Елизабет Холмс, основачката на „Теранос“, која издржува затворска казна за измама ... Една реченица повторно ја стави Елизабет Холмс во фокусот: Нов документарец отвори спор со „Њујорк тајмс“

Рускиот дизел утре тргнува за Америка — отвора на А1он

Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во САД, врз основа на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесе агенцијата Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки. Новак не ја...

23 извештаи (сите извештаи)12 препишани

Известуваат и: УтроТелма+12

Вучиќ и Ѓоковиќ добија американска конкуренција: Трамп жестоко го нападна Леброн! — отвора на SportSport

Додека во регионот вниманието го привлекува односот меѓу Новак Ѓоковиќ и власта на Александар Вучиќ, во САД повторно во ист контекст се најдоа Доналд Трамп и Леброн Џејмс. Американскиот претседател жестоко ја нападна кошаркарската ѕвезда поради снимка направена пред натпреварот меѓу Филаделфија и Њујорк. Повод беа движењата на Џејмс за време на интонирањето на американската ...

Рејтингот на Трамп падна на рекордно ниско ниво само неколку недели пред среднорочните избори — отвора на Рацин

Рејтингот на одобрување на претседателот Доналд Трамп падна на рекордно ниско ниво во анкетата на „Њујорк тајмс“/Универзитетот Сиена само неколку недели пред среднорочните избори. Националната анкета го припишува падот на широко распространетото неодобрување на неговите политики за економијата, војната со Иран и високите цени на бензинот. Само 36 проценти од веројатните гласачи ја одобруваат...

На 23 октомври 1915 година над 25.000 жени ја блокираа Петата авенија за право на глас — отвора на ТРН

Точно 25.340 жени маршираа по Петата авенија на 23 октомври 1915 година, барајќи еднакво право на глас во најголемата парада на суфражетките во Њујорк. Настанот се одржа само десет дена пред клучниот референдум за уставен амандман во државата. Колоната тргна од Вашингтон сквер парк и помина пет милји кон северот на градот, пренесувајќи јасна порака ...

Продуцентот ИСМ ја тужи „Сони“ поради неисплатени авторски надоместоци за песната „Забава“ на Крис Браун — отвора на MakPress

Продуцентот ИСМ, чие вистинско име е Ишмаел Садик Монтагју, на 16 октомври поднел тужба против компанијата „Сони“ пред Федералниот суд во Њујорк, барајќи исплата за договорените надоместоци за песната „Забава“ на Крис Браун, во која се појавуваат Гучи Мејн и Ашер. „Според првичните информации, продуцентот со компанијата „Крис Браун“ (Chris Brown Entertainment) договорил удел од ... The post...

Мермерно торзо на римски император продадено за рекордни 34 милиони долари — отвора на Нетпрес

Мермерно торзо на римски император старо околу 2.000 години, веројатно пронајдено во Далмација, е продадено на наддавање во Њујорк за рекордни 34,3 милиони долари, соопшти во четвртокот аукциската куќа Sotheby’s. Конечната цена е околу трипати поголема од почетната цена и највисоката досега платена за римски антиквитет, соопшти аукциската куќа. Петмина понудувачи се натпреварувале речиси ...

📽️ Хари Стајлс за малку ќе се степаше со маж кој му бара автограм. Пејачот забележан во жестока расправија на улица во Њујорк — отвора на Плусинфо

Пејачот влегол во жестока расправија со маж кој носел плоча од неговиот албум „Fine Line“ и барал негов потпис. Снимката од конфликтот се прошири на интернет, а обожавателите се сомневаат дека станува збор за човек што собира автограми за да ги препродава.

Дејвид Бекам во лежерно издание во Њујорк: Фотографиран со храна за носење — отвора на Reporter.mk

Дејвид Бекам беше забележан на улиците на Њујорк со кеса храна за носење од „G’s Cheesesteaks“, објави „Page Six“ на социјалната мрежа X. На фотографиите, ... Дејвид Бекам во лежерно издание во Њујорк: Фотографиран со храна за носење

Трамп најавува дека наскоро нешто ќе се случи со Иран — отвора на 24 Инфо

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД во моментов не преговараат со Иран и најави дека нешто ќе се случи наскоро, без да прецизира дали мисли на продолжување на воените операции или на евентуален договор. Неговата изјава доаѓа во време кога американските и израелските воени претставници подготвуваат планови за нови напади врз Иран по изборите ...