Џани

29 настани во последните 30 дена, од 16 медиуми

Инфантино доби поддршка од Африка за нов мандат — отвора на MakPress

Претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ), Патрис Мотсепе, ја повтори денеска поддршката на Џани Инфантино за реизбор за претседателското место во ФИФА, откако првиот човек на светскиот фудбал потврди значително зголемување на финансиската поддршка за секоја од своите членки. Обраќајќи се на редовното генерално собрание на организацијата во нигерискиот град Абуџа, Мотсепе рече…

Се самоуби поранешниот шеф на италијанската полиција Џани де Џенаро, под истрага дека попречувал нова постапка за убиството на антимафијашкиот судија Паоло Борселино во 1992 — отвора на Сакам да кажам

Поранешниот шеф на италијанската полиција, Џани Де Џенаро, кој беше под истрага поради наводни обиди за попречување на нова истрага ...

Јужна Америка му даде целосна поддршка на Џани Инфантино — отвора на МакФудбал

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) официјално ја потврди целосната поддршка за Џани Инфантино на претстојните избори за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Одлуката била донесена на состанокот на Советот на организацијата во Баранкиља, Колумбија. „Ова е признание за лидерските способности на актуелниот претседател на ФИФА и позитивната трансформација на…

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА — отвора на Независен весник

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Козо Ташима, поднесе кандидатура за претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), објави Ројтерс. Шеесет и осумгодишниот Јапонец ја обезбеди потребната поддршка од пет национални фудбалски федерации за номинација. Претходно, претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, ја објави својата намера да се кандидира…

ФИФА потврди дека Инфантино ќе има двајца ривали на изборите во март — отвора на Дерби

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска официјално ги потврди имињата на претендентите за претседателската функција на следниот изборен конгрес во Мароко. Актуелниот претседател Џани Инфантино одамна најави дека ќе бара нов мандат од делегатите, но контроверзните потези и посакувани бизнис зделки му го нарушија имиџот и интегритетот и сега ќе има тешка задача да ја оствари ...

ФА размислуваше да ја оспори кандидатурата за реизбор на Инфантино — отвора на MakPress

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја разгледа можноста за правно оспорување на правото на Џани Инфантино да се кандидира за нов мандат како претседател на ФИФА, објави „BBC“. Според британскиот медиум, оспорувањето било околу тоа дали неговиот прв мандат, од 2016 до 2019 година, треба да се смета како целосен. Инфантино воведе ограничување од три ... The post ФА размислуваше да ја оспори…

Германија ја поддржа кандидатурата на Дијало — отвора на Независен весник

Берлин – Германската фудбалска федерација (ДФБ) во целост ја поддржува кандидатурата на Филип Дијало за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), изјави денеска првиот човек на германскиот фудбал Бернд Нојендорф. Извршниот одбор на Француската фудбалска федерација во вторникот едногласно ја поддржа кандидатурата на својот претседател, кој ќе го предизвика Џани Инфантино на…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Ротен има план за смена на Инфантино: Мбапе, Меси, Роналдо треба да активираат штрајк — отвора на Дерби

Џани Инфантино не се откажува од претседателската функција во ФИФА и ќе се обиде да добие нов мандат на конгресот во март, нешто што не им се допаѓа на голем дел фудбалски работници и фанови, пред се во Европа. Актуелниот предводник на ФИФА ја загуби поддршката на европските федерации, ќе има најмалку еден противкандидат, а ...

УЕФА избра кандидат кој ќе му се спротивстави на Инфантино — отвора на Кајгана

УЕФА избра кандидат кој ќе му се спротивстави на Инфантино Александра Спасеска 16.11.2026 / 17:27 Фудбал Филип Дијало, претседателот на Француската фудбалска федерација (FFF), ќе биде кандидатот на УЕФА на изборите за претседател на ФИФА, каде што ќе му биде противкандидат на актуелниот челник на светската фудбалска организација, Џани Инфантино, пренесува францускиот медиум RMC Sport. Изборите се…

Алиоски искрен по поразот: „Сите сме виновни!“ — отвора на Спортманија

Еден од најсикусните во редовите на македонската репрезентација, Езџан Алиоски, беше искрен по убедливиот пораз од Словенија на домашен терен. Популарниот Џани истакна дека сите се виновни, без разлика на млади и стари. „Нормално дека е тешко сега по овој меч да се зборува. Тешко е да се најде добар збор, честитки за Словенија за ...

Клоп за Инфантино: Мислевме дека работите не можат да бидат полоши по Блатер, а потоа го добивме ова — отвора на Независен весник

Берлин – Селекторот на Германија, Јирген Клоп, побара Џани Инфантино да се повлече од функцијата претседател на ФИФА. Инфантино ја води Светската фудбалска асоцијација од февруари 2016 година. Следните претседателски избори ќе се одржат во март 2027 година. – Во моментов, сите се едногласни, промената би била добра работа! Мислевме дека работите не можат да ...

УЕФА ќе го „фрли во оган“ Луиш Фиго во трката со Џани Инфантино за претседател на ФИФА? — отвора на МакФудбал

Три дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за претседател на ФИФА, УЕФА сѐ уште нема избрано кандидат кој би му се спротивставил на Џани Инфантино. Откако беа разгледувани опциите со Шандор Чањи, претседателот на Фудбалската федерација на Унгарија, а потоа и со Арсен Венгер, кој на крајот се откажа од трката, европската централа ...

Клоп за ситуацијата во ФИФА: Некој успеа да го надмине и Блатер — отвора на Дерби

Јирген Клоп на денешната прес-конференција зборувал за претстојниот настап на германската репрезентација, но новинарите имале можност да побараат мислење од него и за други фудбалски теми. Германскиот стручњак има авторитет да зборува и за случувањата во ФИФА со оглед на актуелната ситуација околу иднината на претседателот Џани Инфантино, а очигледно нема добро мислење за актуелниот ...

Венгер се откажа од идејата да му биде ривал на Инфантино и им зададе голем удар на луѓето во УЕФА — отвора на Дерби

Легендарниот Арсен Венгер во последно време беше посочен како човек кој може да биде директен противкандидат на Џани Инфатино во борбата за престолот во ФИФА, но славниот Французин реши да се повлече од таквата идеја, иако истата дефинитивно ја разгледуваше во изминатите неколку недели. Како што пренесуваат угледните „Би-Би-Си“ и „Атлетик“, оваа одлука на Венгер ...

Макрон ќе го поддржи Венгер на претседателските избори на ФИФА — отвора на Спортманија

Францускиот претседател Емануел Макрон му ја понуди поддршката на поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, во неговата кандидатура за претседател на ФИФА. Макрон го контактирал 77-годишниот стручњак за да го убеди да се кандидира против актуелниот претседател на организацијата, Џани Инфантино. Францускиот претседател ја изразил својата подготвеност лично да се обрати до други светски лидери…

Алиоски: Жал ми е што го загубивме мечот, позитивно е што не се откажавме! — отвора на SportSport

Македонската фудбалска репрезентација запиша нов пораз во Лигата на нации. На гостувањето кај Шкотска беше совладана со 2-1. „Позитивното“ е што успеавме да ставиме крај на црната серија без постигнат гол. Во нашиот табор се задоволни што направија чекор напред, но останува жалењето за крајниот резултат. Џани Алиоски потенцира дека на последниот натпревар од овој ...

УЕФА му го зададе првиот голем удар на Инфантино — отвора на Кајгана

УЕФА му го зададе првиот голем удар на Инфантино Филип Здравески 13.11.2026 / 13:19 Фудбал УЕФА ја оствари својата прва правна победа против ФИФА во спорот околу планот на Џани Инфантино да продаде удели на Светското првенство на приватни инвеститори. На 12 ноември, суд во Њујорк го отфрли барањето на ФИФА да го запре собирањето докази во таа постапка, објави шпанскиот весник Marca. Со оваа…

Нов скандал во ФИФА. Вклучени се милијарди долари, куќна помошничка и врски со Трамп — отвора на Независен весник

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под истрага на американската Служба за внатрешни приходи (IRS) поради сомнение дека нелегално вработил домашна работничка во неговата вила во Мајами, која била платена од управното тело на фудбалот. Според британските медиуми, Инфантино наводно користел и врски во администрацијата на Доналд Трамп за да ѝ обезбеди работна дозвола пред ...

Блатер „удри“ по Инфантино: Тој е диктатор и има потреба од психијатар — отвора на МакФудбал

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, упати остри критики кон актуелниот прв човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, нарекувајќи го „диктатор“ и оценувајќи дека неговите постапки се на граница на потреба од специјализирана психијатриска помош. Деведесетгодишниот Блатер ја критикуваше одлуката на својот наследник да воспостави специјална „Награда за мир на ФИФА“, која му беше доделена ...

Венгер може да се кандидира за претседател на ФИФА — отвора на Независен весник

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, размислува да се кандидира за претседател на ФИФА, објави „Л’Екип“. Според францускиот спортски медиум, 77-годишниот Французин, кој е директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, би можел да му се спротивстави на сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино. Венгер планира да донесе конечна одлука за својата кандидатура кон ...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Венгер е сѐ поблиску до одлука да го предизвика Инфантино во трката за прв човек на ФИФА — отвора на МакФудбал

Арсен Венгер би можел да влезе во трката за претседател на ФИФА и да му се спротивстави на актуелниот прв човек на светската фудбалска организација, Џани Инфантино. Поранешниот долгогодишен менаџер на Арсенал, кој во моментов ја извршува функцијата директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, сериозно размислува за кандидатура. Според информациите на францускиот весник ...

Инфантино се откажа од идејата за Светско до 64 репрезентации — отвора на SportSport

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажал од идејата за дополнително зголемување на бројот на учесници на Светското првенство во фудбал. Според информациите на британскиот весник „Тајмс“, Инфантино ги известил претседателите на шесте континентални конфедерации дека нема да ја турка иницијативата за проширување ниту на Мундијалот, ниту на Светското клупско првенство. Во јули годинава…

Капитенот – капитенски, мајсторија на Алиоски во победата на Лугано!!! — отвора на Македонски спорт

Македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски се врати од повредата и полека го фаќа својот препознатлив ритам. Синоќа во победата на Лугано со 3-0 против Жалгирис, постигна прекрасен погодок. Во 24-тата минута топката дојде до Алиоски кој со прекрасен волеј удар, ја смести топката под пречката, неодбранливо за противничкиот голман. 0 Facebook 0 Twitter 0 Linkedin 0...

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА — отвора на 24 Инфо

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација (ЈФА) и актуелен член на Советот на ФИФА, Козо Ташима, ја објави својата кандидатура за претседателските избори на Светската фудбалска асоцијација закажани за март 2027 година. Според АП, тој ќе биде првиот Јапонец кој ќе се кандидира за највисоката функција во светскиот фудбал. Управниот одбор на ЈФА едногласно ја ...

5 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

САД најверојатно ќе го повикаат Инфантино да одговара за неговите врски со Трамп! — отвора на SportSport

Џани Инфантино може да биде принуден да одговара на прашања за неговиот однос со американскиот претседател Доналд Трамп, откако демократите победија на среднорочните избори и ја вратија контролата врз Конгресот, објавува „Скај спортс“. Ова би можело да доведе до подетална истрага за односот меѓу претседателот на ФИФА и американскиот шеф на државата, бидејќи одбивањето на ...

ФИФА се согласи да достави документи за планот за продажба на акции за Светското првенство — отвора на Независен весник

Цирих – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) се согласи да им достави на членовите на одборот на организацијата „клучни документи“ во врска со неуспешниот план на претседателот Џани Инфантино за продажба на акции од правата за Светското првенство на приватни инвеститори, објави „Би-би-си“. Сепак, документите ќе бидат достапни за лична проверка само во седиштето на организацијата ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

“На Русите не им е местото во Европа“ — отвора на SportSport

Спортскиот директор на Шахтјор од Доњецк, Дарио Срна, ги критикуваше ФИФА и Џани Инфантино, но исто така истакна дека верува оти нема место за Русите во натпреварувањата на УЕФА додека трае војната. Дарио Срна го покани Џани Инфантино да ја посети Украина и самиот да се увери во условите во кои работат клубовите во оваа ...

Нов скандал во ФИФА: На Инфантино му платиле даноци од дури четири милиони долари — отвора на Скопје1

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, се најде во центарот на нови контроверзии по објавите на американскиот „Њујорк тајмс“ и францускиот „Монд“ дека организацијата му ги покривала даночните обврски во САД за 2024, 2025 и 2026 година. Вредноста на оваа поволност се проценува на околу четири милиони долари, објави порталот „Гол“.Според медиумските извештаи…

Африка застана зад Инфантино во трката за четврти претседателски мандат во ФИФА — отвора на Скопје1

Африканската фудбалска конфедерација застана зад Џани Инфантино во трката за четврти мандат на чело на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Претседателот на ЦАФ, Патрик Моцепе, изјави дека африканскиот континент ја поддржува кандидатурата на актуелниот претседател.„Сите мораме да работиме заедно. Инфантино е многу добар и лојален пријател. Јасно кажавме дека го поддржуваме. Имавме многу добра…