Араби

6 настани во последните 30 дена, од 14 медиуми

САД дале зелено светло за нацрт-договор со Иран. Нуклеарни отстапки во замена за одмрзнување ирански пари — отвора на Плусинфо

Вашингтон го прифатил нацрт-меморандумот што катарските посредници му го доставиле на Техеран, објави „Ал Араби Ал Џадид“. Двете страни сè уште ги усогласуваат следните чекори, додека расте стравот од нова воена ескалација по американските избори.

Ал Араби Ал Џадид“: САД го одобрија нацрт-договорот со Иран предложен од Катар — отвора на Либертас

Соединетите Американски Држави го одобрија нацрт-меморандумот за разбирање што катарските посредници му го претставија на Иран, објави катарскиот весник „Ал Араби Ал Џадид“, повикувајќи се на извори запознаени со процесот. Посредничкиот тим од Катар веќе ги информираше Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за меморандумот, кои исто така го дадоа своето одобрение. Според изворите…

Танкер нападнат во Ормускиот Теснец, на трупот биле поставени две експлозивни направи — отвора на Скопје1

Танкер бил цел на напад во Ормускиот Теснец откако на неговиот труп биле поставени две експлозивни направи. Според Британската агенција за поморска трговија (UKMTO), пред нападот од левата страна на бродот се приближил мал чамец.Екипажот е безбеден, пожарот што избувнал по нападот е изгаснат, а не е предизвикана ниту еколошка штета. Бродот продолжил да плови кон следното пристаниште.Инцидентот се…

Франција обезбеди 200.000 тони дизел месечно од Емиратите и Бахреин — отвора на Бизнис Инфо

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, склучи договор за испораки од 200.000 тони дизел месечно од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, објави денес Елисејската палата. 100.000 тони дизел месечно ќе бидат испорачани од ОАЕ, а истата количина ќе биде испорачана на францускиот пазар од Бахреин, објави Фигаро. „Саудиска Арабија веќе пушти околу 95.000 тони, но ...

Шпекулации за договор меѓу САД и Иран, Техеран демантира нуклеарни преговори: Трет американски носач се упатува кон Блискиот Исток — отвора на Инфомакс

Дипломатските напори за намалување на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран поттикнаа шпекулации за можен договор, но засега нема официјална потврда за постигната спогодба. Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли тврдењата дека се водат нуклеарни преговори со САД, додека американската војска испраќа дополнителна ударна група со носач на авиони кон Блискиот Исток. Според „Њу Араб“, ...

Воена интервенција на повидок. Египет подготвен да ја брани Саудиска Арабија, Ел-Сиси испрати силна порака — отвора на Национално

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси порача дека неговата земја е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на Саудиска Арабија, доколку властите во Ријад побараат поддршка. Изјавата доаѓа во услови на засилени напади на јеменските бунтовници Хути врз саудиска територија и во пресрет на вонредната седница на египетскиот парламент, закажана за утре. Како ...

11 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: ОпсерверФокус+1