Бизнисот

27 настани во последните 30 дена, од 37 медиуми

ЕДС меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании — отвора на Фактор

ЕДС се најде меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании во државата, што претставува значајно признание за досегашното работење и развој на компанијата, како и за нејзината позиција во домашниот деловен и енергетски сектор. Рангирањето е објавено во реномираното годишно издание 200 најголеми и најуспешни кое го подготвува Еуро Бизнис Центар, во соработка со Централниот регистар. Вклучувањето во…

7 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: 4NEWSМКД.мк+4

Нов простор за нови успеси: компаниите од „Камчев Груп“ обединети во нов административен бизнис-центар — отвора на Фактор

КАМ и компаниите во рамките на „Камчев Груп“ започнуваат ново поглавје со преселбата во новиот Административен Бизнис Центар, лоциран во K-Mall & Business Center во Ѓорче Петров, Скопје. На една локација се обединуваат тимовите и компаниите од групацијата, создавајќи култура што поттикнува услови за поедноставна комуникација, поголема поврзаност и поефикасна секојдневна соработка. Новиот деловен…

Адора Бизнис Групација со проекти во Македонија, Грција, Србија и Словенија на Real Expo — отвора на Пари

Од Македонија до регионот и Европа – 25 години визија, инвестиции и градителски успеси. Успешната градителската приказна на Адора Бизнис Групација, започната во Македонија пред 25 години, денес се развива низ регионот и пошироко, со успешни проекти во Македонија, Грција, Србија и Словенија. Дел од актуелното портфолио и новите инвестициски можности, Групацијата ќе ги претстави ...

Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени на струјата: Бизнисот бара итни мерки, се закануваат привремени затворања на фабрики — отвора на Инфомакс

Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат привремено да го прекинат производството поради драстичното поскапување на електричната енергија на берзата и недостигот од функционален механизам за навремена исплата на компензациите. Неколку браншови организации предупредуваат на опасност од затворање на производствени капацитети и испратиле писма до премиерот и министрите во бугарската влада…

Од пазарна криза до берзански раст:Како модниот гигант го трансформираше бизнисот и ги крена акциите за 69 проценти — отвора на Бизнис Инфо

Иако американските медиуми веќе со денови пишуваат за враќањето на „Викторија Сикрет“ во големиот бизнис, нејзините раководители не сакаат да разговараат со печатот. Како што објави „Бизнис Инсајдер“, меѓу другото, менаџерите на компанијата го одбиле барањето за интервју, додека јавноста сè повеќе ги анализира причините зошто поранешниот симбол на модната индустрија, по години на опаѓање ...

Бизнис форум: Потенцијалот на Македонија се луѓето – нивните идеи и храброста да создаваат вредност надвор од границите — отвора на Алфа

Македонија е мала земја, но со голем потенцијал. Потенцијалот се луѓето –...

Дали на вашиот бизнис му требаат пет различни алатки за една задача? — отвора на еМагазин

Сајбер-заштитата денес не е само прашање на antivirus или backup. Бизнисите мора да ги заштитат податоците, уредите и корисниците, но истовремено да бидат подготвени и за моментот кога ќе се случи сајбер-напад, системски дефект или прекин на работата. Предизвикот е што за секоја од овие задачи често се користат различни решенија. Повеќе алатки значат повеќе ...

Податоците и AI во фокусот на Business Leader 2026: Како ќе изгледа конкурентната компанија во 2030? — отвора на Пари

Во рамки на Business Leader 2026, се одржа панел-дискусијата „Бизнисот во 2030: Податоци, AI и компании без слепи точки“. Панелот отвори едно од најважните прашања за иднината на македонската економија – како компаниите да ги искористат податоците, вештачката интелигенција и дигитализацијата за да носат подобри одлуки и да останат конкурентни во средина што брзо се ...

Бизнис објектив: Странските факултети во трка за македонски студенти — отвора на Телма

Студии во странство — можност за нови знаења и искуства, но колку од младите потоа се враќаат дома? Државата нема целосна евиденција колку наши студенти учат надвор, додека на македонските универзитети студираат над 5.300 странски студенти. Кои земји ги привлекуваат младите и што е пресудно за нивниот избор – вечерва...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Биолошка транзиција или профитабилен пазар: Бизнисот со менопаузата достигна 600 милијарди долари — отвора на ТРН

Некогаш занемарувана и туркана на маргините од јавниот разговор, менопаузата денес се наоѓа во центарот на медиумското и економското внимание. Додатоци во исхраната, специјализирана козметика, апликации за следење на симптомите и програми за советување се дел од пазарот чија вредност се проценува на над 600 милијарди долари. Оваа еволуција несомнено претставува позитивен чекор напред, бидејќи ...

Бизнис елитата во Македонија не инвестира во берза, инвестира во политичари – Умејр Муамеди за извртените стандарди во „Стадион“ — отвора на Канал 77

„Не случајно при смена на власт, тие пак се на власт. Имаме едни исти семејства на бизнисмени, кои прошируваат бизниси, градат станови без оглед кој е на власт и тие постојано инвестираат. Но не на берза, туку во политичарите и политичките партии, со тоа политичарите се заложници на олигарсите и на бизнис елитите“. Ова во емисијата „Стадион“ на Канал 77 го кажа Умејр Муамеди, граѓански активист и...

Американските акции пораснаа благодарение на SpaceX и Tesla — отвора на Бизнис Инфо

Американските акции пораснаа, поттикнати првенствено од силниот раст на приходите на SpaceX и најавите за можно спојување со производителот на електрични автомобили Tesla, што го поттикна интересот на инвеститорите за технолошки акции. Индексот Dow Jones порасна за 0,5 проценти, S&P 500 за 0,7 проценти, а Nasdaq за 1,3 проценти, објави CNBC. Бизнисот за вештачка интелигенција ...

БИЗНИС ЛИДЕР 2026: Репутацијата не е тоа што го зборуваат за вас, туку тоа што го шепотат — отвора на Пари

Довербата не се купува, не се позајмува и не се гради со неколку добри објави на социјалните мрежи. Таа се создава со години, преку одлуките на лидерот, односот кон вработените, клиентите и партнерите, а може да се урне за многу кратко време. Токму репутацијата како еден од највредните, но и најранливите капитали на компанијата беше ...

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго — отвора на Булевар

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Андреевски, кој потекнува од Велес, а повеќе од една деценија живее и работи во САД, беше ...

11 извештаи (сите извештаи)9 препишани

Известуваат и: МКДенесУтро+8

dm ја потврди лидерската позиција во категоријата „Трговија на мало со козметички препарати“ на наградите „Бизнис Лидер“ — отвора на еМагазин

На церемонијата на доделување на наградите „Бизнис Лидер“, компанијата dm дрогерие маркт и оваа година го доби признанието за најуспешна компанија во категоријата „Трговија на мало со козметички препарати“, а во рамки на истото признание беше препознаена и како компанија што ја предводи успешен женски лидер, врз основа на анализа на најголемите и најуспешни компании ...

„Бизнис објектив“: Петте најголеми трговски ланци во земјава лани заработија 20 милиони евра — отвора на Телма

Иако се чини дека инфлацијата е релативно стабилна и во септември изнесува 2,7% на годишно ниво, сепак поскапувањето кај некои прехранбени производи е доста поголемо. Месото е поскапо за 6,4%, млекото, млечните производи и јајцата за 3,6%, а маслата и мастите за 7,1%. Од друга страна, сведочиме на реструктурирање на...

Фирмите продаваат помалку, а создаваат поголема вредност отколку пред три години?! — отвора на Пари

Макроекономска анализа на Бизнис мрежа: Македонско стопанство 2022 ‒ 2025 Македонските фирми денес продаваат реално помалку отколку во 2022 година, но создаваат поголема вредност. Тоа е главниот наод од анализата на сите трговски друштва во земјата за периодот 2022 – 2025 година, што ја направи Бизнис Мрежа, а која беше презентирана на настанот Бизнис лидер. ...

Дали окрупнувањето на трговските ланци за храна може да донесе и пониски цени? — отвора на Телма

Петте најдоходовни ланци маркети лани направиле промет од скоро една милијарда евра и оствариле вкупен профит од 20 милиони евра, покажуваат податоците што со нас ги сподели „Бизнис мрежа“. Од друга страна, во Македонија во последните години се случува сериозно реструктурирање на пазарот во делот на трговските ланци за храна...

Интервју на Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, а граѓаните во Македонија со повисок стандард — отвора на Денешен

Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард. Ова е целта на комората, порачува Азески во интервју за „Економија и Бизнис“. Ние постоиме за фирмите, за членките на Стопанската комора. Тие имаат потреби, ние ги следиме, се прилагодуваме на новите текови на работење и излагаме во пресрет, бизнисот да ја врши својата функција. Ако не го следиш трендот...

Publicis Groupе на конференцијата „Бизнис Лидер“ избрана за најдобра маркетинг агенција во Македонија — отвора на Бизнис вести

На церемонијата на доделување на наградите „Бизнис Лидер“, Publicis Groupe Македонија е прогласена за најдобра маркетинг агенција во Македонија, признание што ја истакнува континуираната посветеност на агенцијата, силата и експертизата на нејзиниот тим и креативниот пристап во создавањето ефективни комуникациски решенија. Признанието доаѓа во година кога агенцијата слави 30 годишен јубилеј...

МТЕЛ добитник на признание за брзорастечка компанија на „Бизнис лидер 2026“ — отвора на Скопје Инфо

Пет години динамичен раст, иновации и континуиран развој - МТЕЛ е добитник на признание за брзорастечка компанија на престижниот бизнис настан „Бизнис лидер 2026“, кој се одржа на 15 октомври во Македонската филхармонија, во присуство на претставници на водечките компании, институциите и бизнис-заедницата во Македонија.

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: МКД.мк

Зошто граѓаните имаат чувство дека постојано осиромашуваат? — отвора на ТРН

Повисока плата не значи секогаш и подобар животен стандард. Ова го покажуваат најновите американски економски податоци, според кои зголемувањето на заработката во последните две години речиси целосно е изедено од растот на цените. Според анализата на „Бизнис инсајдер“, просечната часовна заработка во САД во јануари 2025 година изнесувала 35,84 долари, што пресметано според денешната куповна ...

„Бизнис Лидер 2026“ ги собра најуспешните – компании со над две милијарди евра приходи на една сцена — отвора на Пари

Повеќе од две милијарди евра приходи и над 50.000 вработени стојат зад компаниите што беа претставени на третото издание на „Бизнис Лидер 2026“. Македонската филхармонија собра околу 600 гости од деловниот свет, институциите и дипломатскиот кор, а главната сцена им припадна на компаниите што се издвојуваат со своите финансиски резултати, раст, извозни достигнувања и стабилност. ...

Признание од „Бизнис лидер“ за охридски Cleanex Professional за компанија меѓу 20-те најголеми работодавачи во дејноста во Македонија — отвора на Охрид Прес

На денот кога го прослави 13 роденден, „Бизнис лидер“ на охридски Cleanex Professional му додели врвно признание и го вброи помеѓу 20-те компании – најголеми работодавачи во дејноста во Република Македонија На посебна манифестација, која се одржа синоќа во Македонската филхармонија, Business Leader 2026 собра повеќе од 500 лидери ...

Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните компании? — отвора на Сител

Вештачката интелигенција веќе го менува начинот на кој работат компаниите, а со тоа се менува и иднината на работните места. Додека за едни е можност за побрз развој и поголема конкурентност, за други отвора дилеми околу замената на човечкиот труд. Како овој глобален предизвик влијае врз локалните бизниси, беше главна тема на овогодинешната конференција „Бизнис Арена“, со фокус на можностите што...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Press24

Канал 77 – Вести од Македонија и светот | 14:00 — отвора на Канал 77

▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:Вашиот прелистувач не поддржува аудио елемент. Министерството за внатрешни работи распиша Централна и Мегународна потерница по 23 годишната Ива Михаилова од Кочани по барање на Основниот суд во Кочани. Поред информациите објавени од МВР, Михаилова се бара поради кривично дело со обраќена несрекја со смртни последици. Ева што посочи ...

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите — отвора на Економски.мк

Народната банка останува посветена на олеснувањето на условите за купување прво живеалиште, а се очекува новите макропрудентни мерки, коишто ќе стапат во сила од 1 декември годинава, и понатаму да делуваат превентивно со цел поттикнување на одржливо задолжување на домаќинставата. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во емисијата „Бизнис објектив“ на ТВ Телма, во која...